РЕЧИСИ АНГЕЛИ - ОСТРОВОТ ЕУДАМОН (17 ДЕЛ)
РЕЧИСИ АНГЕЛИ - ОСТРОВОТ ЕУДАМОН - 17ДЕЛ -
Ја зеде од сопственикот,
кој не ни забележа, Алели виде дека човекот гледаше во малиот златен часовник. Хустина
ја воодушевуваат златните часовници и потоа го стави во предниот џеб од елекот.
Исто така и се причини дека беше лесна работа. И со истата смиреност од пред тоа
го украде. Но не примети дека пред неа имаше една жена која надгледуваше.
Излезе дека е сопруга на дебелиот човек. Излезе дека и двајцата ќе бидат нови
сопственици на Магичниот Циркус. Крадец! Таа краде! -извика жената на својот
маж -човекот бргу реагираше и со неверие го погледна девојчето. -Да, таа, валканата
ти го украде часовникот! -прецизираше жената. Тој не се измори негирајќи, дека
Алели, индијката почна да бега. Жената проба да ја фати и Алели мораше да излезе
на подиумот од циркусот за да избега. Сиело, воздушната танчерка, од високо ја
виде ситуацијата, и веднаш сфати што се случило: новите непријатни сопственици
на циркусот следат едно девојче која ја обвинија дека е крадец. И таа бегаше
низ патеката. Без да се сомнева, Сиело одлучи да и помогне и со еден гест на
својот асистент му нареди да ја симне. Сиело одеше надолу како некој ангел на
патеката и се испречи пред човекот. Тој се обиде да ја отргне, но таа му
забрани. Во тој момент имаше неколку артисти на сцената. Помеѓу нив и пламениот
човек, кој јасно го мразеше новиот вработен. И му одговори на тој што ги
снимаше за на ТВ, почна да фрла оган на човекот за даноци кој се наоѓаше на
патеката. Истото го направија и кловновите, жонглерите и децата. Сите почнаа да
го опкружуваат. Се направи голема мешаница. Сѐ изгледаше како да е дел од
спектаклот. Сиело со задоволство виде дека девојчето успеа да побегне. Рама и
Љека ја набљудуваа целата ситуација и ја видоа како бега, излегоа од шаторот,
ја бараа низ приколките и претпоставија дека Алели избегала кон фондацијата.
Рама го замоли Љека да се врати од кај плоштадот. Тој го помина истиот пат од
каде што дојдоа. Се разделија и Рама почна да ја бара својата сестра. Неколку
блока подалеку, Рама слушна музика. Музиката беше страст за него, го
привлекуваше секаков вид на музика. Се доближи до местото и виде едно девојче
околу 15 години, накитена со зелени алки и ланчиња, која страствено играше,
удирајќи и движејќи ги рацете како да беа крилја. До нејзе имаше мало стерео од
кое се слушаше фламенко. Веднаш штом ја виде, ја препозна. Тоа беше Јасмин
Ромеро, едно девојче кое пред неколку години жиевееше во фондацијата. Јасмин
беше циганка, Бартоломе никогаш не им објасни зошто таа си отиде од
фондацијата. Се задржа неколку секунди за да ја гледа. Таа заврши со играње и
проба да задржи неколку за да им ги чита линиите на рацете, но никој не прифати.
Во тој момент дојде еден многу сериозен човек, зборуваше викајќи и ги движеше
совите огромни раце, гестулирајќи. Јасмин го викаше Хосело, и го молеше да
разбере дека направила сѐ што можела. Рама веднаш сфати што се случува: како
што тие го имаа Бартоломе кој ги малтретира, Јасмин го имаше Хосело. Но Хосело
беше понасилен од Бартоломе, и беше бесен поради тоа што циганката не
заработила пари. Па затоа ја стави пред куклите и ја стресе. Јасмин не беше
послушно девојче, и затоа го згазна по ногата, на кое што Хосело и врати со
шамар. Тоа ја премина границата кај Рама, кој изрипа за да ја брани. Се вмеша
помеѓу човекот и младата девојка, која сеуште не го имаше препознаено. Хосело
помисли дека тој младич е дечко на Јасмин. Тој заклучок го донесе да сака да му
покаже на младичот кој е главен. Го извади својот нож, но Рамиро изреагира
брзо: го удри јако во препоните и му удри бокс од кој ја изгуби свеста, Хосело
немаше време да сфати што се случило, кога Рама ја фати Јасмин за рака и и
рече: -Трчај! Таа инстинктивно почна да трча, гледајќи го Рамиро и во тој
момент го препозна. -Ти си Рама, од фондацијата ББ, така? -Да јас сум! -извика
додека трчаа фатени за рака. -И каде одиме? -Во фондацијата! -одговори Рамиро.
-Не! –рече таа и запре. -Јас не се враќам таму! Но Хосело беше веднаш зад нив,
и таа беше принудена да продолжи да трча. Рама сврте ненадејно и успеаа да се
скријат.

0 коментари: