СИ БЕШЕ ЕДНАШ - ЕПИЗОДА 2: НЕШТО ШТО САКАШ НАЈМНОГУ
ЕПИЗОДА 2: НЕШТО ШТО САКАШ НАЈМНОГУ
претходни епизоди:
од претходната епизода:
Во
државата Мејн постои град...
Ема:
Сакам соба.
Газдарицата:
Добредојдовте во Сторибрук.
Каде
секој лик од приказните кои ги знаете е заробен меѓу два света...
Ема:
Злобната Кралица ги пратила овде ликовите од бајките?
Хенри:
И сега не се сеќаваат кои се.
Жртви
на моќна клетва.
Злобната
Кралица: Наскоро се што сакате ќе би биде одземено.
Која
може да ја разбие само една личност.
Хенри:
Тоа е твојата судбина. Ти ќе ги вратиш среќните краеви.
Г-дин
Голд: Уживајте во престојот.
СИ БЕШЕ ЕДНАШ
ЕПИЗОДА 2: НЕШТО ШТО САКАШ НАЈМНОГУ
Во
собата на Хенри...
Реџина:
Каде се страниците што недостасуваат?
Хенри:
Книгата е стара. Многу нешта недостасуваат. Зошто ти е гајле?
Реџина:
Бидејќи мислиш дека сум злобната кралица. А тоа ме боли, Хенри. Јас сум ти
мајка
Хенри:
Не си ми.
Реџина: Па тогаш која е? Онаа жена што ја доведе? Не ми
се допаѓа ни оваа книга. За среќа веќе не се проблем. Што е? (чука градскиот
часовник и Хенри бега)
Реџина е пред градскиот часовник кој
работи...
Арчи: Погледни го тоа! Тие стари железни делови конечно проработеа.
Реџина: Да, кој би рекол.
Реџина оди кај Ема со јаболка во рацете...
Реџина: Знаевте ли дека јаболката од стеблото “Honeyscisp” е најотпорно од
сите сорти? Продолжува да расте и на темпереатура од -40 степени. Ги преживува
сите зими. За едно такво се грижев од моето детство. И сеуште немам пробано
ништо подобро од нејзините плодови. (и подава јаболко)
Ема: Благодарам.
Реџина: (и подава повеќе јаболки) Сигурна сум ќе уживате додека се враќате
дома.
Ема: Всушност, малку ќе останам.
Реџина: Мислам дека тоа не е добра идеја. Хенри има доволно проблеми. Не треба
вие да го збунувате.
Ема: Со почит, два пати ми се заканувавте во 12 часа. Затоа сакам повеќе да
остана.
Реџина: Од кога јаболките се закана?
Ема: Читам меѓу редови. Извинете. Сакам да се уверам дека Хенри е добро.
Реџина: Добро е, драга. Ги решаваме сите негови проблеми.
Ема: Што Ви значи тоа?
Реџина: Оди на терапија. Сѐ е под контрола. Мислам дека само една знае што е
најдобро за Хенри.
Ема: Мислам дека сте во право.
Реџина: Време е да тргнете.
Ема: Или?
Реџина: Не ме потценувајте, г-це Свон. Немате поим на што сум способна.
Злобната Кралица на
венчавката на Шармантниот Принц и Снежана...
Злобната Кралица: Јас ќе ја уништам
вашата среќа. Макар тоа да ми било последно. Злобната Кралица тргнува кон излезот...
Шармантниот Принц: Хеј!
Злобната Кралица се врти, а тој и фрла меч кон неа. Мечот оди кон
Кралицата, но таа исчезнува и пристигнува во нејзиниот дворец.
Човек од дворецот: Сакате ли нешто да се напиете?
Злобната Кралица: Изгледам ли како да ми треба пијалок?
Човекот: Само сакам да помогнам.
Злобната Кралица: Благодарам.
Огледалото: Е тоа беше закана и половина. Ќе ја уништиш сечија среќа? Како
мислиш тоа да го направиш?
Злобната
Кралица: Со мрачна клетва.
Човекот: Сигурни сте, Ваше Величество?
Огледалото: Рече дека никогаш нема да је искористиш.
Човекот: Се договоривте.
Огледалото: Ја продадовте.
Човекот: Нема да биде среќна да Ве види.
Злобната Кралица: А од кога јас се грижам за туѓата среќа? Припреми ја
кочијата. Одиме во Забранетата Тврдина.
Злобната Кралица: Како си, драга?
Жената: Добро сум.
Злобната Кралица: Си?
Жената: Да се работи за мене, би била загрозена да ја гледам Снежана толку
среќна. Нели ти беше на иста возраст како неа, кога таа ти ја уништи
венчавката? Да, ти беше.
Злобната Кралица: Да, тоа беше тогаш, кога таа заспана убавица те надмудри,
драга моја вештерке.
Жената: Преживеав, како што и ти ќе направиш.
Злобната Кралица: Доста се игри. Знаеш зошто сум тука. Ја сакам твојата клетва.
Жената: Веќе не е твоја. Договор е договор. За возврат ја доби мојата клетва за
сон.
Злобната Кралица: Која беше уништена со обичен бакнеж. Сега, те молам, врати ми
го моето.
Жената: Мрачната клетва? Знаеш дека таа не може да го воскресне твојот сакан. А
да си најдеш милениче? (го гали нејзиниот коњ) Можеш да се утешиш со нив.
Злобната Кралица: Утеха ќе ми пружи само болката на Снежана.
Жената: Има брачна ноќ. Се сомневам дека моментално е тажна.
Злобната Кралица: Ми треба таа клетва. Знам дека ја чуваш во кугла на врвот на
стапот.
Жената: Ја кријам поради сигурност. Наспроти оној што ја створил таа грозотија,
ние две испаѓаме целосни морални. Кој ти ја даде?
Злобната Кралица: (станува од столицата)Не е важно од каде ми е. Врати ја.
Жената: Мораме ли ова да го правиме?
Злобната Кралица: Мораме.
Злобната Кралица зема оган и ја напаѓа, но таа се штити. Потоа, ги зема сите
оружја и ги вперува кон коњот.
Жената: Не!!! (го спасува коњот и Злобната Кралица ја заробува)
Злобната Кралица: Љубовта е слабост, вештерке. Мислев дека го знаеш тоа.
Жената: Ако сакаш да ме убиеш, убиј ме.
Злобната Кралица: (го зема стапот со клетвата)Зошто би го направила тоа? Ти си
ми единствена пријателка.
Жената: Не прави го тоа. Таа клетва... Постојат граници кои ни ние не смееме да
ги поминуваме. Сите моќи имаат цена. Ако ја фрлиш, скапо ќе платиш. Во тебе ќе
остане празнина...
Злобната Кралица: Така нека биде.
Злобната Кралица е околу еден оган со
уште неколку луѓе...
Злобната Кралица: Кому му здосади да губиме? Затоа ве повикав тука. Да на
нашиот јад ставиме крај. Денес прогласуваме победа. И се селиме во нова,
подобра стварност. На место каде конечно ќе победиме.
Слепа старица: И ќе бидеме ли среќни?
Злобната Кралица: Се обложувам. Но најпрвин ми треба нешто од вас. Влакно коса од оние со најцрна
душа. Морате да ми верувате. Ако не, има и други начини. (ги опколуваат дрвја
околу нив и сите почнуваат да си сечат влакно коса)
Злобната Кралица: Мудра одлука. (ги собира влакната коса) Уште последната
состојка... Драгоцено срце. Величествен ѕвер чија смрт, ќе ја прогласи нашата
победа. Ослободи го мојот гнев. (го фрла срцете во оганот. Се создаваат огромни
облаци, но ништо не се менува.)
Реџина е во својата градина. Доаѓа Сидни...
Сидни: “Mirror” го возвраќа ударот.
Реџина: Доцниш.
Сидни: Извини. Сакав да ти го донесам најновото издание. Те уверувам дека ова е
една од моите најдобри работи. (покажува весни со Ема)
Реџина: Не го барав тоа. Што дозна за неа?
Сидни: Искрено, немаше многу. Често била кај вдомувачи. Како мала паднала во
невоља, но поединостите се строго чувани. Од тогаш е во ред. Била насекаде. За
сигурно знам дека не сака да седи на едно место.
Реџина: Изгледа дека тоа се променило.
Сидни: Дали си знаела дека го носела Хенри во себе додека живеела во Феникс?
Како стигнал во Мејн?
Реџина: Ако добро сфатив... ништо корисно не си пронашол. Значи дека не си ми
од корист. Знаеш што правам со таквите нешта? Ги фрлам.
Сидни: Ќе продолжам да барам.
Ема е во кафуле. На насловната на
весникот: Странец уништи историски знак.
Келнерката: Повелете.
Ема: Благодарам. Но не го нарачав тоа.
Келнерката: Знам. Имате обожавател. (се врти и го гледа Грем. Оди кон него)
Грем: Ох, одлучи да останеш. Многу убав гест, секоја чест што погоди дека сакам
цимет со чоколадо. Но не дојдов да флертувам. Затоа благодарам, но не, благодарам.
Грем: Не сум го јас купил
Хенри: Јас бев. И јас сакам цимет.
Ема: Немаш настава?
Хенри: А, не. Имам десет години. Однеси ме.
По патот...
Ема: Што е тоа со тебе и со твојата мајка?
Хенри: Не се работи за нас, туку за нејзината клетва. Мораме да ја разбиеме. За
среќа, имаме план. Прво, идентификација. Ја нареков Операција Кобра.
Ема: Кобра? Тоа нема никаква врска со бајките.
Хенри: Токму тоа. Тоа е шифра за да ја изнесеме Кралицата на погрешен пат.
Ема: Значи дека сите од овде се ликови од бајки... но не знаат?
Хенри: Тоа е поради клетвата. Сѐ додека не дојде, времето беше застанато.
Ема го вади јаболкото...
Хенри: Еј, од каде ти е тоа?
Ема: Од твојата мајка.
Хенри: Не јади го тоа. (го фрла)
Ема: Добро. А што е со нивното минато?
Хенри: Не знаат. Не се сигурни. Прашај кого сакаш и ќе видиш.
Eма: На ништо не се сеќаваат и заглавиле во проколнат град каде сѐ заборавиле.
Хенри: Знаев дека ќе сфатиш. Затоа си потребна. Само ти можеш да ја стопираш
клетвата.
Ема: Бидејки сум ќерка на Снежана и Шармантниот Принц...
Хенри: Да, а ние сме сега во предност. Мајка ми тоа не го знае. Го извадив
крајот, делот во кој си ти. Гледаш? Твојата мајка е Снежана.
Ема: Малечок.
Хенри: Јунакот никогаш не верува на почетокот. Не би била добра приказната ако
поверува. Ако ти треба доказ, прочитај ги, но што и да направиш, не давај и ги
да ги види. Опасни се. Ако се открие која си ти... нема да биде добро.
Пристигнуваат во училишниот двор...
Хенри: Јас морам да одам, но ќе те најдам подоцна за да можеме да започнеме.
Знаев дека ќе ми поверуваш!
Ема: Не го реков тоа.
Хенри: Зошто тогаш си сеуште тука?
Хенри влегува во училиштето.
Мери Маргарет: Убаво е што повторно се смее.
Ема: Ништо не направив.
Мери Маргарет: Знае ли градоначалничката дека сте сеуште тука?
Ема: Знае. Што е тоа со неа? Некако не е друштвена. Како ја избраа?
Мери Маргарет: Градоначалничка е од кога се сеќавам. Никој не сака да се
кандидира против неа. Влива многу... страв. Се плашам дека погрешив со книгата.
Сега мисли дека е злобната кралица.
Ема: А што мисли која сте вие?
Мери Маргарет: Глупаво е.
Ема: Го слушам тоа веќе пет минути. Кажете.
Мери Маргарет: Снежана. А што мисли за вас?
Ема: Не сум во книгата. Може ли да ве замолам за услуга? Реџина спомена дека
оди на терапија. Каде можам да го најдам лекарот?
Кај лекарот...
Ема: Здраво.
Арчи: Ема Свон. Само што прочитав за вас. Ви треба помош за некој стрес? Тоа
бесплатно ви го дијагнотизирав.
Ема: Дојдов поради Хенри.
Арчи: Жал ми. Не би смеел...
Ема: Знам, извинете. Само кажете ми го ова. Бајките... Што го предизвикува тоа?
Мисли дека сите се ликови од бајка. Тоа е... лудост.
Хенри: Сигурно тоа не го велете пред него. Зборот лудост донесува голема штета.
Тие приказни... тие се негов јазик. Не знае да изрази сложени емоции, па се
обидува да ги прилагоди. Така комуницира. Книгата му помага да се сноси со
неговите проблеми.
Ема: Но ја добил книгата пред месец дена. Доаѓа кај вас подолго од тоа?
Арчи: Да.
Ема: Поради Реџина, нели?
Арчи: Неговата мајка е... комплицирана жена. И сите нејзини планови да се
доближи со него пропаднаа. Погледнете ги списите. Ќе видите на што мислам.
Ема: Зошто го правите тоа?
Арчи: Често зборуваме за Вас. Многу сте му важни.
Ема: Благодарам.
Арчи: Само вратете ги, може? Г-це Свон. Поради доброто на детето, пазете што
зборувате за она во што верува. Би било кобно да му ја уништите фантазијата.
(Ема си оди, а Арчи телефонира)
Арчи: Бевте во право. Дојде.
Реџина: Ги зеде списите?
Арчи: Да. Како знаевте дека ќе дојде тука?
Реџина: Јас и ја всадив замислата.
Ема ги прелистува списите. Некој чука на вратата.
Ема: Хеј! Ако си загрижен за знаковите, не грижи се. Не ги допирам.
Грем: Дојдов поради докторот Арчибалд Хопер. Рече дека сте се скарале.
Ема: Не сме.
Грем: И јас бев шокиран, бидејќи си толку нежна и осетлива. Вели дека си ги
барала списите на Хенри, одбил да ти ги даде, и подоцна си му ги украла.
Ема: Ми ги даде.
Грем: Тој вели поинаку. Смеам ли да ја претражам собата или да барам налог?
Ема: Ова го бараш?
Грем: Многу си услужна. Се плашам дека сте уапсени, г-це Свон... повторно.
Ема: Знаете дека ми местат, нели?
Грем: Смеам ли да прашам кој?
На училиште...
Мери Маргарет: При што доаѓа до синтеза помеѓу водата и...
Реџина: Смеам ли да разговарам со син ми?
Мери Маргарет: На сред час ме. Важно ли е?
Реџина: Би дошла ли да не е важно? (оди кон Хенри) Хенри, душо, имам лоши
вести. Жената која ја доведе... Уапсена е. Провалила во канцеларијата на др.
Хопер и ги украла неговите списи. Преварант е. Учи за нас, за да не искористи.
Затоа остана. Жал ми е.
Хенри: Не ти е.
Реџина: Знам дека мислиш поинаку, но само се обидувам да те заштитам. Ова ќе ни
користи. Ќе видиш. Ќе биде подобро.
Хенри: Морам да се вратам на час.
Во полициската станица, Грем ја фотографира Ема...
Ема: Знаеш дека докторот лаже, нели?
Грем: Надесно, ве молам. Зошто би лажел?
Ема: Градоначалничката го наговорила. Со нешто го држи во рака. И се плаши,
како и сите во градот.
Грем: На лево. Реџина знае... малку да ги заплаши луѓето, но на никого не би
наместила.
Ема: А што би направила? Во што е вмешана?
Грем: Градоначалничка е. Во сѐ е вмешана.
Ема: И во полицијата?
Грем: Хенри. Што правиш овде?
Мери Маргарет: Мајка му му рече што се случило.
Ема: Секако дека ти рече. Хенри, не знам што ти кажала...
Хенри: Генијална си.
Ема: Молам?
Хенри: Знам што сакаше. Собираше информации. За операцијата Кобра?
Грем: Извинете. Збунет сум.
Хенри: Не е потребно да знаете, шерифе. Треба само да знаете дека г-ца Бленчард
ќе плати кауција.
Ема: Навистина? Зошто?
Мери Маргарет: Ви верувам.
Ема: Па тогаш пушти ме. Морам нешто да направам.
Ема во дворот на Реџина го сече дрвото со јаболка...
Реџина: Што тоа правиш, по ѓаволите?
Ема: Берам јаболки.
Реџина: Си полудела.
Ема: Ти си таа, ако мислиш дека ќе ме уплашиш. Ќе мораш повеќе да се потрудиш.
Нападни ме уште еднаш и ќе го завршам ова стебло, бидејќи незнаеш на што сум
способна. Ти си на ред.
Злобната Кралица остана сама покрај оганот.
Човекот: Можеби така е најдобро. Силите кои ги повикувате се помрачни отколку
што мислиме.
Злобната Кралица: Сега се обидуваш да ме заштитиш?
Човекот: Тоа ми е работата.
Злобната Кралица: Знам. И си единствениот кој тоа го работи.
Човекот: Животната цел ми е да Ви помагам.
Злобната Кралица: Тогаш помогни ми да сфатам зошто клетвата не работи.
Човекот: Ако сакате да дознаете, обратете се на личноста што ви ја даде. Одмаздата
е мрачна стаза. Кога еднаш тргнете... нема враќање.
Злобната Кралица: А кому можам да се вратам?
Во ќелијата на Рамплстилскен...
Рамплстилскен: Само сме
ние, душо. Можеш да се покажеш. (излегува од телото на еден глушец)
Злобната Кралица: Онаа клетва што ми ја даде... не работи.
Рамплстилскен: Толку сме загрижени. Многу загрижени... како и Снежана и
нејзиниот нов сопруг.
Злобната Кралица: Молам?
Рамплстилскен: И тие ме посетија. Беа многу загрижени за тебе и за клетвата.
Злобната Кралица: Што им рече?
Рамплстилскен: Вистината. Дека ништо не може да ја спречи. Освен, секако,
нивното неродено дете. Без оглед на снагата, сите клетви можат да се разбијат.
Нивното дете е клучот. Секако, клетвата најпрвин треба да се фрли.
Злобната Кралица: Каде погрешив?
Рамплстилскен: За тоа постои цена.
Злобната Кралица: Што сакаш?
Рамплстилскен: Ништо посебно. Во таа нова земја сакам удобност. Сакам добар
живот.
Злобната Кралица: Може. Ќе бидеш богат и ќе имаш имот.
Рамплстилскен: Не завршив. Има уште.
Злобната Кралица: Секогаш е така со тебе.
Рамплстилскен: Во таа нова земја, штом ќе побарам помош од тебе за што било,
мораш да ми излезеш во пресрет. Мораш да направиш сѐ што сакам,
само треба да кажам... те молам.
Злобната Кралица: Ако успеам, знаеш дека нема да се сеќаваш на ова?
Рамплстилскен: Нема врска.
Злобната Кралица: Договорено. Како да ја фрлам клетвата?
Рамплстилскен: Мораш да жртвуваш срце.
Злобната Кралица: Жртвував свое грло.
Рамплстилскен: Коњ? Оваа клетва ќе ги прекине сите клетви. Мислиш дека е
доволен коњ? Голема моќ бара голема жртва. Срцето кое ти е потребно мора да
биде од некој многу драгоцен.
Злобната Кралица: Кажи ми чие срце е потребно.
Рамплстилскен: Срцето на оној што најмногу го сакаш.
Злобната Кралица: Тој умре поради Снежана.
Рамплстилскен: Никога повеќе не сакаш вистински? Клетвата нема да биде лесна.
Одмаздата не е лесна, душо. Запрашај се едноставно прашање... До каде си
спремна да одиш?
Злобната Кралица: До каде што е потребно.
Рамплстилскен: Тогаш престани да губиш време и направи го тоа. Знаеш што сакаш.
Оди убиј го.
Газдарицата: Г-це Свон. Ова е навистина незгодно. Морам да ве замолам да си
одите. Не смееме да примаме криминалци.
Ема: Ве посетија од градоначалничката канцеларија?
Газдарицата: Спакувајте ги вашите нешта, но ми треба клучот од собата. (Ема и
го дава клучот)
Во градината на Реџина. Таа ги собира јаболките од земја.
Реџина: Таа уништи градска сопственост. Ја сакам во затвор.
Грем: Повторно?
Реџина: Што чекаш?
Грем: Не сум уверен дека треба да ја затвориме. И не мислам на Вашето стебло.
Двајцата знаеме дека ни ги украде тие списи.
Реџина: Знаеме ли?
Грем: Се изненади кога и реков.
Реџина: Бидејќи не и се допаѓа кога ќе ја уапсат.
Грем: Или бидејќи и наместиле. Ако е така, значи дека др. Хопер лажел. А ако
лажел, значи некој му го побарал тоа. Нема ли на крајот да признае?
Реџина: Мислам дека затресканоста ти го мати умот. Запамти, јас те ставив за
шериф. Исто така можам да те сменам.
Грем: Ако сакате повторно да ја уапсам, ќе ја уапсам.
Реџина: Фино.
Грем: Но и понатаму ќе ве има на зуби, а и вие неа и ќе направите сѐ да ја
измавате, можеби и ќе успеете.
Реџина: Ќе успеам! Син ми е. Така е најдобро за нега.
Грем: Знам дека така мислите. Ако се загрози ова, само Хенри ќе настрада.
Ема и Реџина зборуваат по телефон.
Ема: Да?
Реџина: Г-це Свон, со задоволство би продолжила со демонстрација на моите моќи,
но претпоставувам дека и понатаму сакате да останете?
Ема: Не знаеш колку.
Реџина: Тогаш е време да се смириме. Повозете се до мојата канцеларија. Или
прошетајте. Што ви повеќе одговара.
Во канцеларијата...
Реџина: Сакам да се извинам, г-це Свон.
Ема: Молам?
Реџина: Морам да се помирам со тоа дека сакате да бидете овде.
Ема: И сакам.
Реџина: И дека дојдовте да ми го одведете синот.
Ема: Не сакам од никого да го однесам.
Реџина: Па што тогаш сакате?
Eма: Знам дека не сум мајка, се гледа по мене. Но, сум го родила, ми стана драг
и сакам да се погрижам да му биде добро. Што повеќе ме мавате, повеќе сакам да
останам. Особено бидејќи е вознемирен.
Реџина: Го мислите тоа?
Ема: Оди на терапија, а поминав неколку псиси пред апсењето. Масли дека сите
жители се ликови од бајки.
Реџина: Вие не верувате?
Ема: Како да верувам? Кутриот не ја разликува фантазијата од реалноста, а
станува само полошо. Тоа е лудост.
Хенри: Мислиш дека сум луд?
Ема: Хенри. (Хенри си оди)Колку долго беше таму?
Реџина: Доволно долго.
Ема: Ти знаеше дека ќе дојде.
Реџина: Дали сум знаела дека син ми секој четврток ми доаѓа во канцеларијата во
17 часот за да отидеме на вечера пред терапијата? Секако дека знаев. Јас сум му
мајка. Ти си на ред.
Ема: Немаш душа. Како стана ваква?
Злобната Кралица доаѓа во својот дворец...
Сите огледала во дворецот: Што се случи? Доби ли одговор? Што се случува? Ваше
височество? Ваше височество!
Човекот: Дали Рамплстилскен ти кажа?
Злобната Кралица: Да.
Човекот: И?
Злобната Кралица: Не сум сигурна дали треба да ти кажам. Збунета сум.
Човекот: Колку е страшно? Можеби можам да помогнам.
Злобната Кралица: Морам да го извадам срцето од оној што најмногу го сакам.
Човкеот: Од мене.
Злобната Кралица: Татичко, не знам што ќе правам.
Човекот: Драга... Те молам... Не мора тоа да го правиш.
Злобната Кралица: Морам нешто да направам.
Човекот: Немој ова. Знам дека звучи себично, но немора да ја фрлиш клетвата.
Злобната Кралица: Не можам да живеам вака. Тоа што ми го направи Снежана, што
ми го одзеде... Жива ме јаде, татичко. Самата себеси се смеам бидејќи таа е
жива. Мора да бие казнета.
Човекот: Ако цената е ништожност, зошто тогаш? Престани да се грижиш за Снежана
и започни одново. Можеме да имаме нов живот.
Злобната Кралица: Каков живот? Ќе го снема сѐ она што сум
го работела, што сум го изградила. Мојата моќ ќе исчезне. Веќе мислат дека сум
сикој и ништо.
Човекот: Моќта опива, како и љубовта. Можеш повторно да ја имаш.
Злобната Кралица: (го прегрнува)Само сакам да бидам среќна.
Човекот: И можеш. Сигурен сум. Ако добиеме прилика, двајцата можеме да ја
пронајдеме среќата. Но изборот е на тебе.
Злобната Кралица: Мислам дека си во право. Можам да бидам
среќна. Само не овде. (го прободува со нож) Извини.
Мери Маргарет ја отвора вратата од својот дом.
Ема: Само сакав да се заблагодарам и да ги вратам парите од кауцијата.
Мери Маргарет: Добро би Ви дошло разговор.
Седнуваат...
Ема: Цимет?
Мери Маргарет: Извинете, требаше да прашам. Се навикнав. Ви смета?
Ема: Никако. Кога ме извлековте, рековте дека ми верувате. Зошто?
Мери Маргарет: Откако дојдовте, имам чувство дека веќе се знаеме. Звучи лудо.
Ема: Започнав да го преиспитувам значењето на тој збор.
Мери Маргарет: Ако помага, мислам дека сте невина.
Ема: Во врска со провалата или општо?
Мери Маргарет: Поради она што повеќе ќе ви користи.
Ема: Туѓото мислење и онака не е важно. Одам. Благодарам на сѐ, но мислам дека вака е најдобро. На Хенри ќе му биде полошо ако останам.
Мери Маргарет: Што ќе се случи ако отидете? Вашата желба да отидете е причина
поради која морате да останете. Се грижите за него. Кој ќе го заштити Хенри ако
не Вие?
Арчи: Сигурно не сакаш да разговараш за тоа? Тој
чадор ми носи среќа. Затоа мислиш дека сум Џирик Џимини?
Хенри: Ништо повеќе не мислам.
Влегува Ема...
Арчи: Г-це Свон. Ќе ви објаснам. Ме натера...
Ема: Знам. Не грижете се. Хенри, извини.
Хенри: Не сакам да разговарам со тебе.
Арчи: Да знае дека сте овде...
Ема: Нека оди по ѓаволите. Хенри, останав поради едноставна причина, тебе.
Сакав да те запознам.
Хенри: Мислиш дека сум луд.
Ема: Мислам дека клетвата е луда, и е. Но, тоа не значи дека не е вистина.
Тешко е да бараш од некого да верува во тоа, но на светот постојат многу луди
нешта. Од каде да знам? Можеби е вистина.
Хенри: Но рече на мајка ми...
Ема: Она што требаше да го слушне. Она што го знам... Ако е таа клетва
вистинита, ќе ја разбиеме само ако ја увериме Злобната Кралица да мисли дека не
веруваме. Така нема да ни биде на траг. Нели тоа е Операцијата Кобра? Да ја
одведеме на крив пат?
Хенри: Сјајно!
Ема: Ги прочиав страниците. Имаш право, опасни се. Само на еден начин ќе се
осигураме дека никогаш нема да ги види. (ги пали) Сега ние сме во предност.
Хенри: Знаев дека ќе дојдеш да ми помогнеш.
Ема: Така е, малечок. Ништо, па дури и клетва, нема да ме попречи.
Злобната Кралица е покрај оган и го прави истото од претходниот пат... На
гробот на татко и...
Злобната Кралица: Те сакам, татичко.
На гробот пишува: ХЕНРИ, саканиот татко
Г-дин Голд оди во градината на Реџина...
Г-дин Голд: Каков неред.
Реџина: Не за долго. Како можам да ви помогнам, г-дине Голд?
Г-дин Голд: Бев во близина, па свратив. Убаво е да ве видам расположена.
Реџина: Денот беше добар. Се решив од непосакувани нешта.
Г-дин Голд: Од Ема Свон? Навистина?
Реџина: Да. Веројатно е на пола пат до Бостон.
Г-дин Голд: Не би се обложил. Ја видов во прошетка со Вашиот син. Изгледаа
многу блиски.
Реџина: Молам?
Г-дин Голд: Можеби требаше на мене да се обратите. Ако ви г-ца Свон претставува
нерешлив проблем, со задоволство би помогнал, за награда.
Реџина: Со Вас веќе не склопувам договори.
Г-дин Голд: На кој договор мислите?
Реџина: Знаете добро.
Г-дин Голд: А, да. Детето кое Ви го најдов. Хенри. Ви реков ли дека тоа е
прекрасно име? Како го само одбравте?
Реџина: Дали сакаше да дојде во градот? Сакаше ова да се случи, нели? Не си го
случајно пронашол Хенри?
Г-дин Голд: Како тоа мислите?
Реџина: Од каде ти е? Знаеш ли нешто?
Г-дин Голд: Не знам кон што гледате.
Реџина: Мислам дека знаете. Која е таа жена, неговата мајка? Таа Ема Свон.
Г-дин Голд: Мислам дека точно знаете која е таа. Морам да одам.
Реџина: Кажи ми што знаеш за неа.
Г-дин Голд: Нема да Ви одговорам, драга. Затоа извинете ме. Ве молам.

0 коментари: