РЕЧИСИ АНГЕЛИ - ОСТРОВОТ ЕУДАМОН (20 ДЕЛ)


РЕЧИСИ АНГЕЛИ - ОСТРОВОТ ЕУДАМОН - 20 ДЕЛ -

Стариот Хаспер климна со главата, само смешкајќи се. Беше специјален дедо за него, ја познаваше добро конфликтната врска што ја имаат таткото и синот, и беше единствен што го подржуваше во својата тајна љубов кон музиката.
Тачо, Љека и Рама се сретнаа пред задната врата на куќата. Тројцата ги надгледуваа потезите на забавата за свршувачката. Веќе беа навикнати на лукзузот во кој живеат Бедожа Агуеро, подржани во голема мера за работата за која секој ден децата беа принудени да ја работат. Еден од нив се претставуваше како романско дете, свирејќи на хармоника и дајре, додека го имитираше романскиот акцент, бараше милостина, Рама беше загрижен за Алели, што сеуште се немаше вратено, но шоуто на романците имаше одредено време: излезот на училиштето кое беше пред куќата. Тројцата ги облекоа специјалните облеки за глумата, кои беа излитени со сива боја, летни, првенствено наменети за ниски температури. Се упатија кон плоштадот што се наоѓаше пред училиштето, и започнаа со глумење: Рама свиреше на хармоника, Љека на дајрето, додека Тачо имаше една капа и, како да беше актер на Фондацијата, го преправаше акцентот на романски додека бараше милостина. —Помош за децата без ррродители, ве молам. Мртов татко, мајка без ррработа, многу деца, едно е бебе, помогнете ве молам! —извика со еднопоен и тажен глас.

Неколку метра подалеку стоеше такси, од кое слегоа Николас, Могли и Кристобал. Таткото и синот облечени во бели венецијански костими, а Могли во облека што барем малку прилегаше како за забави. Додека Николас му плаќаше на таксистот, одржуваше разговор со неговиот другар и неговиот син, кои не се согласуваа со договорот што го створи. —Микола не биде ссегурин —потврди Могли, со мозок на водач на племе. —Сигурен сум, и не кажувај такви нешта пред Крислуна! -Има право. Не си сигурен. Зошто не се вратиме во Индонезија отколку да бидеме овде, правејќи ги овие глупости? -одговори Кристобал, кој имаше седум години. Те молам! -одговори Николас. Знаеше дека неповрзаноста со синот нема да остане така: Не сакам проблеми. Ќе ја запознаеш Малвина, и ќе ја сакаш, и ќе оформиме семејство.
Јасно?


0 коментари: