СИ БЕШЕ ЕДНАШ - ЕПИЗОДА 3: СНЕЖАНА ПАЃА

ЕПИЗОДА 3: СНЕЖАНА ПАЃА


Во државата Мејн постои град...
Ема: Сакам соба.
Газдарицата: Добредојдовте во Сторибрук.
Каде секој лик од приказните кои ги знаете е заробен меѓу два света...
Ема: Злобната Кралица ги пратила овде ликовите од бајките?
Хенри: И сега не се сеќаваат кои се.
Жртви на моќна клетва.
Злобната Кралица: Наскоро се што сакате ќе би биде одземено.
Која може да ја разбие само една личност.
Хенри: Тоа е твојата судбина. Ти ќе ги вратиш среќните краеви.
Г-дин Голд: Уживајте во престојот.


ЕПИЗОДА 3: СНЕЖАНА ПАЃА
Шармантниот Принц се вози во кочија со една девојка...
Шармантниот Принц: Што мислиш за погледот, душо?
Девојката: Имам видено и подобро. Ова нема крај. Ти реков дека тролскиот пат би бил поврз. И подобар. Дали воопшто ме слушаш?
Шармантниот Принц: Да, секако.
Војниците: Хеј! Хеј!
Девојката: Што сега?
Шармантниот Принц излегува од кочијата
Војникот: Господару!
Шармантниот Принц: (кон девојката) Не грижи се! Само паднало дрво. Дружино, ајде!
Шармантниот Принц го фаќа дрвото...
Војникот: Господару, што е?
Шармантниот Принц: Погледнете ги овие траги. (некој се качува на кочијата) Ова дрво не паднало. Пресечено е. (девојката во кочијата вика, а крадецот зема предмет, кој го оставил Шармантниот Принц и бега)
Девојката: Помош!
Шармантниот Принц тргнува по крадецот. Се маваат и Шармантниот Принц успева да го фрли крадецот на земја.
Шармантниот Принц: Покажи го лицето, кукавицо. Па ти си... девојка.
Снежана: Жена. (го удира со камен и мега со коњот)
Шармантниот Принц: Не можеш да се скриеш од мене. Каде и да си, ќе те најдам.

Мери Маргарет е во бар со еден човек...
Човекот: Каде застанавме? Нешто како да сакате да имате петнаесет деца?
Мери Маргарет: Тамам работа. Мислев на часовите. Јас сум учителка. Ќе ги запознаеш утре. Доаѓаат во болницата, како дел од волентерска програма.
Човекот: О, да, тоа е сјајна програма.
Мери Маргарет: Секако дека не сакам петнаесет деца. Мислам, не дека не сакам деца. Ги сакам. Сакам деца, брак, вистинска љубов. Сето тоа. Но тоа е... многу неприкладна тема за прв состанок.
Човекот: Хм?
Мери Маргарет: Руби?
Руби: Да, Мери Маргарет.
Мери Маргарет: Сметката, те молам.
Мери  Маргарет излегува од барот, и ја згогледува Ема во нејзиниот автомобил...
Мери Маргарет: Хеј! Во ред си?
Ема: Кога ќе се земат во обзир проблематичните ситуации во кои бев, спиењето во автомобил не е ни во првите десет.
Мери Маргарет: Спиеш овде?
Ема: Додека не најдам сместување.
Мери Маргарет: Одлучи да останеш. Поради Хенри.
Ема: Веројатно. Овој град нема многу сместувања. Всушност, ни еден. Дали е тоа нормално?
Мери Маргарет: Мора да е клетва.
Ема: Од каде ти надвор волку доцна?
Мери Маргарет: Јас сум учителка, не калуѓерка. Имав состанок.
Ема: Помина добро?
Мери Маргарет: Како и сите други.
Ема: Кажи ми дека барем ја платил сметката.
Мери Маргарет: Јок.
Ема: Ух.
Мери Маргарет: Па... претпоставувам дека ако вистинската љубов е лесна, сите би ја имале. Знаеш, ако ти стане неудобно, јас имам слободна соба.
Ема: Благодарам. Не сум баш... тип за цимерка. Не лежи ми. Подобро ми е кога сум сама.
Мери Маргарет: Па... добра ноќ. Со среќа со Хенри.
Ема: Аха.
Во болницата е Мери Маргарет со учениците во волонтерска акција. Таа го здогледува Хенри во посебната соба од болницата, каде што лежи заспан пациент.
Мери Маргарет: Хенри, добро би ни дошла твојата помош со декорациите.
Хенри: Дали господинот Џон До ќе биде подобро, учителке?
Мери Маргарет: Тој не се вика Џон До. Тоа е име кое се користи за луѓе кога не се знае како се викаат.
Хенри: Дали Вие го знаете?
Мери Маргарет: Не. Само донесувам цвеќе, кога сум тука.
Хенри: Што му недостасува?
Мери Маргарет: Незнам. Таков е од кога волонтирам.
Хенри: Или ли семејство или пријатели?
Мери Маргарет: Никој не го бараше.
Хенри: Значи сам е?
Мери Маргарет: Да. Тоа е многу тажно.
Хенри: Сигурни сте дека не го знаете?
Мери Маргарет: Секако. Дојди. Не би требало да си тука.

---
Хенри: Го најдов твојот татко, Принцот.
Ема: Хенри...
Хенри: Тој е во болница, во кома. Ја гледаш лузната? (ја покажува сликата од книгата) И тој ја има.
Ема: Па? Многу луѓе имаат лузни.
Хенри: На исто место. Зар не сфаќаш што значи тоа? Клетвата со комата ги држи одвоени. Сега заглавиле еден без друг. Мораме да и кажеме дека го најдовме Принцот.
Ема: ОК, малечок, да кажеш некому дека нивната сродна душа е во кома, веројатно не е од корист. Недостатокот на среќен крај веќе е болен, но да дадеш некому лажна надеж е многу полошо.
Хенри: Но што ако сум во право? Ние знаеме кои се. Сега и тие треба да знаат.
Ема: А како да го направиме тоа?
Хенри: Да ги подсетиме. Треба да и дадеме да му ја прочита неговата приказна. Тогаш можеби ќе се сети.
Ема: ОК.
Хенри: ОК?
Ема: Секако. Ќе го направиме тоа, но на мој начин. Пушти ме да ја прашам.

Мери Маргарет: Сакаш да му читам на пациент во кома?
Ема: Хенри мисли дека така ќе се сети кој е тој.
Мери Маргарет: А што мисли кој е тој?
Ема: Принцот.
Мери Маргарет: Ако јас сум Снежана... Тој мисли дека тој... и јас.
Ема: Тој има многу бујна фантазија, и тоа е проблемот. Не можам да го убедам дека греши, па мораме да му покажеме. Прифати. Направи како што вели, и тогаш можеби, само можеби ќе сфати...
Мери Маргарет: Дека бајките се само бајки, дека нема љубов на прв поглед или бакнеж. Ќе ја види реалноста.
Ема: Така некако.
Мери Маргарет: Па... за жал, тој план е генијален. Да му ја кажеме вистината, а да не го повредиме.
Ема: Му реков дека утре ќе се сренеме во “Кај баба” и дека с
ѐ ќе ни раскажеш.
Мери Маргарет: Па, претпоставувам дека треба да се подготвам за состанок. И дека ќе водам разговор.

Во болницата...
Мери Маргарет: Пази, знам дека ова е чудно, но го правам тоа за пријател, па да издржиме зедно. Додека принцот го ловеше крадецот низ опасната шума, неговата вереница се прашување уште колку досадни минути ќе поминат, пред да го продолжат патот. Крадецот се заплете преку... Не им требаа зборови да го изразат она што го чувствуваа во сецата, бидејќи е тука во сенката на Троловиот мост, родена љубовта и тука сфатија дека без оглед колку да се раздвоени, секогаш ќе успејат... (пациентот ја фаќа за рака)

Мери Маргарет: Да, сигурна сум. Се буди. Тој... ме фати за рака.
Докторот: С
ѐ е мирно, како и секогаш. Што му правевте овде?
Мери Маргарет: А... му читав приказна.
Докторот: Аха. Можеби сте заспале. Сте се замислиле.
Мери Маргарет: Не. Не замислив ништо.
Докторот: Г-це Бленчард, можам да Ви го кажам само тоа што го гледам, а тоа е ништо. Понекогаш има мали промени, можеби сте ја слушнале машината и сте се збуниле. Зошто не би отишле да се одморите. Ако се нешто промени, ќе Ве повикам. Важи?
Мери Маргарет си оди, а докторот телефонира...
Докторот: Овде е др. Вејл. Рековте да Ви се јавам кога ќе има промени кај Џон До. Нешто се случи.
Реџина: Што?
Докторот: Една од волонтерките вели дека го фатила за рака.
Реџина: Која волонтерка?
Докторот: Мери Маргарет Бленчард.
---
Снежана во шумата паѓа во замка.
Шармантниот Принц: Хаха. Ти реков дека ќе те најдам. Без оглед што и да направиш, секогаш ќе те најдам.
Снежана: Можеш да фатиш жена само ако и поставиш замка?
Шармантниот Принц: Тоа е за да фатиш крадци.
Снежана: Ох, баш си Шармантен Принц.
Шармантниот Принц: Јас имам име, чисто да знаеш.
Снежана: Не ме интересира. А сега спушти ме... Шармантен.
Шармантниот Принц: Ќе те пуштам кога ќе ми ја вратиш торбичката која ја украде.
Снежана: Не сум тим за накит.
Шармантниот Принц: Вистина. Приметив.
Снежана: Што ти значи тоа? Дали ме вреѓаш?
Шармантниот Принц: Не, во право си. Се извинувам. Како се осмелувам да клеветам некого, кој ме опљачка. Каде е мојот накит?
Снежана: Ги продадов.
Шармантниот Принц: Што?
Снежана: Зошто се грижиш? Зарем немаш некаде дворце полн со злато?
Шармантниот Принц: Тие беа посебни. Таму беше прстенот на мајка ми, кој требаше да го дадам...
Снежана: Престани со лошиот став. За тоа се работи?
Шармантниот Принц: Таа е мојата свршеница.
Снежана: Со среќа нека ти е. Мора да добиваш нешто жестокот, штом си се сложиж со тоа.
Шармантниот Принц: Молам?
Снежана: Знам како оди тоа. Вистинска љубов? Не постои. Тоа е договорен брак. Не постои љубов на прв поглед или прв бакнеж. Дај ми да погодам. Нејзинито кралство сака да го презеде твоето и ова е... последна шанса да се избегне војна?
Шармантниот Принц: Не е превземање, туку спојување. И искрено тоа не е твој проблем. А сега ќе те пуштам, а ти ќе ме одведеш до оној каде што е мојот накит, и ќе ми го вратиш прстенот.
Снежана: Зошто би го направила тоа?
Шармантниот Принц: Бидејќи на никого не сакаш да кажам која си ти. (вади лист хартија на кој пишува: Се бара Снежана) Снежана. Помогни ми да го вратам прстенот или ќе те предадам на кралската војска. А имам претчуство дека Кралицата не е шармантна како мене.
Снежана: Па... не би сакала да ти стојам на патот до “вистинкста љубов”. (ја ослободува)
---

Во кафулето “Кај баба”
Ема: Благодарам за кошулата. На мајка ти е?
Хенри: Никогаш нема да примети.
Ема: А што мисли, каде си ти?
Хенри: Во игротека.
Ема: И ти поверува?
Хенри: Сака да верува, па поверува.
Ема: Ма немој.
Хенри: Еве ја.
Ема: Немој премногу да се надеваш. Само што почнуваме, во ред?
Мери Маргарет: Се разбуди.
Ема: Молам?
Хенри: Знаев.
Мери Маргарет: Мислам дека не се целосно разбудил, но ме фати за рака.
Хенри: Тој се сеќава.
Ема: Што рече докторот?
Мери Маргарет: Дека сум си замислила. Но не сум луда. Знам дека тоа се случи.
Хенри: Мора да се вратиме. Мораш повторно да му читаш.
Мери Маргарет: Да одиме.
Ема: Чекај. Чекај. Што?
Мери Маргарет: Ако го допрев, ако се поврзавме...
Ема: Зарем веруваш дека тој е...
Мери Маргарет: Шармантниот Принц? Секако дека не, но некако го допрев.
---
Хенри: Во право си. Се буди.
Грем: Хенри, би требало да си одиш.
Мери Маргарет: Што е? Дали Џон До е во ред?
Грем: Исчезна.
Реџина: Што по ѓаволите правиш овде? А ти? Рече дека си во игротека. Сега и лажеш?
Мери Маргарет: Што му се случи? Киднапиран е?
Грем: Сеуште не знаеме. Нема знаци на борба.
Хенри: (кон Реџина) Што направи?
Реџина: Мислиш дека јас имам врска со ова?
Ема: Чудно е тоа што градоначалничката е овде.
Реџина: Овде сум, бидејќи сум нинвни итен контакт.
Мери Маргарет: Го познавате?
Реџина: Го најдов на сред пат пред многу години, без идентификација. Го донесов овде.
Докторот: Градоначалничката му го спаси животот.
Мери Маргарет: Дали ќе биде во ред?
Докторот: Веќе со години е на инфузија и под надзор. Мора да се врати или е готов.
Ема: Па тогаш доста муабет и да го бараме.
Реџина: Тоа и го правиме. Само се тргни, душо. И бидејќи не можам да Ве држам подалеку од син ми, морам да го држам него под око. Уживајте во мојата кошула, бидејќи тоа е с
ѐ што ќе добиете. Шерифе, најдете го Џон До, го слушнавте др. Вејл. Времето е драгоцено.
Грем: Докторе, колку има од кога го видовте последен пат?
Докторот: Околу 12 часа.
---
Кај обезбедувањето...
Грем: Само вие двајца бевте синоќа на овој спрат? И ништо не видовте?
Чуварот: Ништо.
Ема: А дали некој помина?
Другиот чувар – Лерој: Ништо не видов.
Грем: Г-це Бленчард, дали сте виделе нешто необично за време на вашата посета со класот?
Мери Маргарет: Не.
Ема: Гледаме погрешна трака. Овде класот на Хенри ставија украси. Да е навистина ова видеото од синоќа би ги виделе.
Лирој: Повторно си заспал.
Чуварот: Ме обвинуваш?
Лирој: Не сакам да останам без работа.
Чуварот: Јас барем не пијам на работа.
Грем: Господа, доста. Каде и вистинското видео?
Го гледаат вистинското видео...
Мери Маргарет: Сам избегал. Добро е.
Ема: Пред четири часа. Каде води оваа врата?
Лирој: Во шумата.
---
Шармантниот Принц: Мислев дека не се тип кој сака накит. Што ти е тоа околу вратот?
Снежана: Не грижи се за тоа. (и го зема) Внимавај! Тоа е оружје.
Шармантниот Принц: Прашина? Какво оружје е прашината?
Снежана: Самовилска прашина.
Шармантниот Принц: Мислев дека тоа е добро.
Снежана: Кога е од добра вила. Оваа е смртоносна. Го претвора и најстрашниот противник во нешто што можеш да го згазиш.
Шармантниот Принц: Зошто тогаш не го искористи на мене?
Снежана: Бидејќи не си вреден за тоа. Тешко се набавува. Го чувам за некој посебен.
Шармантниот Принц: Ах, за Кралицата. Многу си лута, Снежана.
Снежана: Обвинувањата на потерниците се лага, но сепак прати ловец да ми го извади срцето.
Шармантниот Принц: Што се случи?
Снежана: Па, не е секој бездушен владетел. Се сожали и ме пушти. Од тогаш се кријам во шумата, се обидувам да соберам доволно, да отидам во друго кралство. Некаде далеку каде никој нема да ме повреди.
Шармантниот Принц: Звучи осамено.
Снежана: Ништо поосамено од договорен брак.
Шармантниот Принц: Јас барем не тврдам дека сум невин.
Снежана: До сега само крадев од Кралицата. Мислев дека кочијата е нејзина. Никој друг не оди таму.
Шармантниот Принц: Биравме поубав пат.
Снежана: Епа, поубаво за мене. Шармантен, с
ѐ што работам е за да преживеам. Ме сака мртва.
Шармантниот Принц: Што направи за да и направиш толкав бес?
Снежана: Вели дека и го уништив животот.
Шармантниот Принц: Го направи тоа?
Снежана: Да. (пристигнуваат кај една река) Жедна сум. Можам?
Шармантниот Принц: Секако. Биди брза. (Принцот се наведнува да пие вода, таа го бутка во реката и ја зема торбичката. Водата го носи Принцот. Снежана бега и ја сретнуваат војници)
Војник: Види кого најдовме. Не можеш да се сокриеш. Кралицата го сака твоето срце и нема да ја разочараме.
---
Грем, Мери Маргарет и Ема се во шумата...
Ема: Што е?
Грем: Трагот овде се завршува.
Ема: Сигурен си. Рече дека си вешт.
Грем: Дај ми момент. Ова е мој свет. Го имам.
Ема: Добро. Извини.
Мери Маргарет: Што мислеше со “негов свет”? Зарем пронаоѓањето луѓе не е и твоја работа?
Ема: Секако. Само оние кои ги барам обично бегаат во Вегас.
Мери Маргарет: Аха.
Ема: Не во шума.
Мери Маргарет: Интересна работа... барање луѓе. Како започна да се занимаваш со тоа?
Ема: Барањето луѓе е она што го правам... од секогаш.
Мери Маргарет: Што те натера да започнеш? Твоите родители? Хенри ми рече дека твојата ситуација е слична со неговата. Дали некогаш ги најде?
Ема: Зависи кого прашуваш. (се слуша шум)
Мери Маргарет: Хенри!
Хенри: Го пронајдовте?
Ема: Не сеуште.
Хенри: Можам да помогнам. Знам каде оди.
Мери Маргарет: А каде?
Хенри: Тебе те бара.
---
Војникот: Држи ја цврсто. (И вперува нож. Тогаш некој го погодува. Другиот чувар и Шарматниот Принц се борат. Снежана се обидува да избега, но третиот војник ја зема)
Снежана: Ох, не!
Шарматниот Принц го убива војникот и тргнува по Снежана и успева да го убие и третиот војник.
Шарматниот Принц: Добро си?
Снежана: Ти... ме спаси.
Шарматниот Принц: Изгледа како чесна работа. Спремна си?
Снежана: За што?
Шарматниот Принц: Мојот накит.
Снежана: Да. Треба да стигнеш на венчавката. Троловите на кои им го продадов се на следното брдо. Мораме да внимаваме.
Шарматниот Принц: Поради троловите?
Снежана: Очигледно никогаш не си ги сретнал.
Шарматниот Принц: Зарем тоа не се само мали луѓе?
Снежана: Тие се џуџиња. Погажи малку почит. Тие би ти ја пресекле раката, отколку да се ракувате.
Шарматниот Принц: Па, да завршиме со нив.
Снежана: Да, двајцата имаме обврски.
Шарматниот Принц: Ти треба да пронајдеш осамен крај.
Снежана: А тебе те чека вереница без прстен.
---
Хенри: Вие го разбудивте. Вас последен ве виде. Вас ве бара.
Мери Маргарет: Хенри, не е поради мене. Само е изгубен и збунет. Долго беше во кома.
Хенри: Но тој Ве сака. Треба да престанете и да го пуштите да Ве најде.
Ема: Малечок, мораш да одиш дома. Каде е мајка ти?
Ќе ме убие мене, па тебе, па пак мене.
Хенри: Ме остави дома, и излезе.
Ема: Епа мораме веднаш да те вратиме.
Хенри: Не!
Грем: Народе?
Мери Маргарет: Дали е тоа...
Ема: Крв.
---
Снежана и Шармантниот Принц слегуваат од коњот и Снежана го брка коњот.
Снежана: Троловите не сакаат коњи. Одовде пешачиме. Следи ме и биди тивок.
Шармантниот Принц: Каде се тие?
Снежана: Тука се, не грижи се.
На стар мост Снежана става парички, и се појавуваат троловите.
Снежана: Во ред е.
Тролот: Што сакаш овде? Мислев дека завршивме. Сакам да направам нова спогодба.
Тролот: Не пред него. Кој е тој?
Снежана: Тој е со мене.
Тролот: Тоа ти е добро. Со тебе.
Снежана: Тој е неважен. Сакам да го купам накитот што го продадов.
Тролот: Реков дека не е важно. Види, ќе ја вратам целата сума, само врати ми го прстенот. Можеш останатото да го задржиш.
Другиот трол го пушта Принцот и го дава накитот.
Шармантниот Принц: Благодарам. Ја цениме помошта.
Тролот: Тој е премногу заинтересиран. Ова е замка!
Снежана: Не е!
Тролот ја фаќа Снежана.
Шармантниот Принц:  Пуштете ја!
Снежана: Не! Морате да ми верувате! Да сакав да ви наместам, би го направила тоа. Немојте да не повредите.
Тролот: Договорите се готови. Претражете го.
Троловите ја гледаат потерницата.
Тролот: Снежана! Каква награда! Води ја!
Принцот го зема мечот и се бори со троловите.
Шармантниот Принц: Оди! Те следам.
Снежана: Следи ме. Не ја познаваат шумата како мене. (гледа дека го нема Принцот)
Тролот: Кралската крв е најслатка.
Снежана ја употребува самовилската прашина и ги претвара троловите во бубачки.
Шармантниот Принц: Ти... ме спаси.
Снежана: Изгледа како чесна работа.
Шармантниот Принц: А што со оној посебниот?
Снежана: Ќе смислам нешто друго.
Шармантниот Принц: Ти благодарам.
Снежана: А можев да го пуштам Шармантниот Принц да умре.
Шармантниот Принц: Ти реков. Имам име. Џејмс.
Снежана: Мило ми е што се запознавме, Џејмс. Треба да тргнеме. Можеби уште од нив ќе стигнат.
---
Кај мостот на троловите...
Мери Маргарет: Го гледаш?
Грем: Трагот престанува кај водата.
Мери Маргарет: О, боже. О, боже.
Грем: Ми треба амбулантна кола кај стариот наплатен мост. Што побргу.
Мери Маргарет: Издржи. Го имам. Не, не, не. Те најдов.
Ема: Ќе биде подобро.
Ема: Помошта доаѓа.
Хенри: Дали е добро?
Ема: Хенри.
Хенри: Ќе биде ли добро?
Ема: Хенри, не гледај. Не гледај.
Мери Маргарет: Врати ни се. Врати ми се. (Таа го бакнува, и тој оживува)
Пациентот: Ме спаси.
Хенри: Таа успеа. Успеа. Го разбуди.
Ема: Да, малечок. Успеа.
Пациентот: Ти благодарам.
Мери Маргарет: Кој си ти?
Пациентот: Не знам.
Мери Маргарет: Во ред е. Ќе бидеш подобро.
Во болницата...
Девојка: Дејвид! Дали си тоа ти?
Докторот: Извинете, госпоѓо. Не можете да бидете овде.
Д евојката: О, боже.
Докторот: Не можете да бидете овде.
Девојката: Дејвид.
Докторот: Госпоѓо, почекајте надвор.
Ема: Кој е тоа?
Реџина: Неговата жена.
---
Шармантниот Принц: Па... веројатно го сакаш ова.
Снежана: Да. Златото. Благодарам. А ти не можеш да се ожениш без ова. (му го дава прстенот)
Шармантниот Принц: Знам, не е твој стил.
Снежана: Па има само еден начин да провериме. (го зема прстенот и си го става на рака) Тотално не е мој стил. Сигурна сум дека ќе и се допадне на твојата вереница.
Шармантниот Принц: Ако ти треба, можеш да го добиеш остатокот. Ми треба само прстенот.
Снежана: Не. Добро е. Двајцата го добивме тоа што го сакаме.
Шармантниот Принц: Па, каде и да одиш, биди внимателна. Ако ти треба нешто...
Снежана: Ќе ме најдеш.
Шармантниот Принц: Секогаш.
Снежана: Речиси да верувам во тоа.
Шармантниот Принц: Збогум, Снежана.
Снежана: Збогум, Шармантен Принцу.
Шармантниот Принц: Џејмс, ти реков.
Снежна: Нека. Сепак повеќе ми се допаѓа “Шармантен”. (се разделуваат)
---
Реџина: Се вика Дејвид Нолан, а таа е Кетрин. А радоста на нејзиното лице... Расположена сум да простувам. (кон Хенри) А за непослушноста подоцна ќе зборуваме. Знаеш што е непослушност? Значи дека си казнет.
Кетрин: Ви благодарам. Ви благодарам што го најдовте Дејвид.
Мери Маргарет: Ух, јас... не разбирам. Вие... не знаевте дека е во кома?
Кетрин: Пред неколку години имавме мали проблеми. Јас сум крив. Го знам тоа сега. Бев тешка. Реков да си оди, ако не му се допаѓам. И тој отиде, а јас не го попречив. Најголемата грешка.
Ема: Не го баравте?
Кетрин: Сето ова време мислев дека отишол. Сега знам зошто никогаш не се јави. Можам да го направам она што долго го чекам. Да му кажам дека ми е жал. Сега имаме втора прилика.
Мери Маргарет: Тоа е... прекрасно.
Докторот: Како чудо.
Кетрин: Добро е?
Докторот: Физички да, но сеќавањето е друго нешто. Ќе му треба време, ако некогаш се сети.
Мери Маргарет: Што го врати?
Докторот: Нема објаснување.
Ема: Станал и отишол да прошета/
Докторот: Се разбудил во делириум, и првиот инстинкт му бил да пронајде нешто.
Хенри: Некого.
Кетрин: Можам ли да го видам?
Докторот: Секако.
Реџина: Хенри, ајде да одиме.
Хенри: Чекај. Мојот ранец. (се враќа и шепнува на Мери Маргарет) Не верувајте им. Вас ве бараше.
Мери Маргарет: Хенри.
Хенри: Отиде до троловиот мост. Како на крајот на приказната.
Мери Маргарет: Хенри, отиде таму бидејќи тоа е последното нешто што му го прочитав.
Хенри: Не, туку затоа што припаѓате заедно.
Реџина: Хенри.
Ема: Госпоѓо градоначалничке?
Реџина: Почекај ме кај автомобилот. Г-це Свон, Ве пуштив на мир, не форсирајте.
Ема: Жал ми е, но нејзината приказна делува како ѓубре. Џон До е во кома, а никој тоа не го става во вести? Никој не го бара? Нешто овде не е во ред.
Реџина: Па, што ви друго има смисол? Зошто би г-ѓа Нолан лажела? Или мислите дека сум и дала клетва?
Ема: Мислам дека е многу чудно што сте му биле итен контакт сите овие години, а дури сега ја најдовте неа.
Реџина: Овој град е поголем отколку што мислите. Можно е и да се изгубите. Лошите нешта можат да се случат.
Ема: А вие ги решавате мистериите само кога ви тоа вам одговара?
Реџина: Благодарение на Вас. Таа трака, која ја најдовте. Тоа беше генијално. Ги прегледавме старите траки. Г-дин До зборувал во сон. Викал “Кетрин”. После тоа не беше тешко да се сложат деловите. А мислев дека Вие и
Мери Маргарет ќе бидете среќни. Вистинската љубов победи. Уживај во моментот, драга. Да не бевте вие две, би живееле потполно сами. Затоа ќе ти ја простам твојата постојана непристојност. Бидејќи сето ова ме... потсети на нешто важно... Колку сум благодарна што го имам Хенри. Бидејќи кога немате никој, па... тоа е најголемата можна клетва.
Во домот на Мери Маргарет. Некој чука на врата.
Мери Маргарет: Ема.
Ема: Извини што те вознемирувам волку доцна. Дали онаа соба е сеуште слободна?

0 коментари: