РЕЧИСИ АНГЕЛИ - ОСТРОВОТ ЕУДАМОН (23 ДЕЛ)

РЕЧИСИ АНГЕЛИ - ОСТРОВОТ ЕУДАМОН - 23 ДЕЛ -

Сиело чекаше Николас да се одалечи од градината за да избега, но тоа не се случи, бидејќи ни во еден момент не замина од таму, всушност се случи обратното, остана таму со детето и со чудниот човек со растурена коса. Сиело беше во сериозни проблеми, но како што секогаш наоѓаше решение, во овој случај виде еден прекрасен фустан и една маска во камионот. Mожеби маскирана би можела да избега. Не се задржа многу на размислувањето, имаше инстикт и го следеше. Се слече и го облече фустанот. Потоа и маската. Се погледна во огледалото: фустанот беше како во сон. Ако некогаш ја имаше прочитано Пепелашка, веднаш ќе помислеше на некоја аналогија. Внимателно погледна надвор: еден човек со костум во беж боја и кадрава коса се доближи до плавушот и неговите придружници, ги поздрави сите со голема радост, премногу за Сиело, и ги одведе во внатрешноста на вилата. Тогаш помисли дека е вистинскиот момент да избега и полека излезе од камионот подготвена да си оди. Но одеднаш некој човек се појави од никаде и ја фати за рака. 
–Конечно,глупава! Каде беше до сега? -праша набрзина човекот со кадрици во кафеав костим. Таа занеме, сфати дека тој ја заменил со некој друг, но не можеше да каже ништо, затоа што на неколку метри оттаму сигурно е русокосиот кој мислеше дека таа е крадец. Заклучи дека најдобро е да не зборува ништо.
-Што се случува, будалетинке? Зошто не зборуваш? Ајде одиме, Николас веќе влезе во салонот и те чека!
И ја внесе во куќата. Сиело не мислеше како да излезе на крај со ситуацијата. Таа штотуку го дозна името на русокосиот: Николас! Пред да го запознае него, името Николас и беше секојдневно, но во тој момент и изгледаше единствено, прекрасно и совршено за него. Бартоломе ја однесе Сиело во куќата. Влегоа во кујната, и од таму по скалите. Одеа по темен пат и имаше застоена миризба на дрво и лак кое предизвикуваше стегање во градите. Сиело не се сеќаваше, но во овој
ходник таа ја прими веста за нејзината мајка, денот на кој заборави на сѐ. Беше вџашена, чувствуваше нешто чудно во градите. И додека одеа мораше да го издржи дрдорењето на тој непознат човек за некои препреки кои Сиело не ги разбираше, се додека не слушна едно претенциозно фанфари, реагираше и и рече: Мора да влеземе! Ова е твој момент, смотана. Не прави глупости!
Со неговата подлактица ја удри Сиело која, збунето му ја фати раката. Изборот да се пушти и да избега не беше сјаен, но оваа куќа беше лавиринт од кој не можеше да избега.

0 коментари: