СИ БЕШЕ ЕДНАШ - ЕПИЗОДА 4: ЦЕНАТА НА ГОЛД

ЕПИЗОДА 4: ЦЕНАТА НА ГОЛД 


Во државата Мејн постои град...
Ема: Сакам соба.
Газдарицата: Добредојдовте во Сторибрук.
Каде секој лик од приказните кои ги знаете е заробен меѓу два света...
Ема: Злобната Кралица ги пратила овде ликовите од бајките?
Хенри: И сега не се сеќаваат кои се.
Жртви на моќна клетва.
Злобната Кралица: Наскоро се што сакате ќе би биде одземено.
Само еден ја знае вистината, и само еден може да ја прекине клетвата.
Хенри: Тоа е твојата судбина. Ти ќе ги вратиш среќните краеви.
Г-дин Голд: Уживајте во престојот.

ЕПИЗОДА 4: ЦЕНАТА НА ГОЛД 

Три богати девојки се качуваат во кочија и тргнуваат, додека сиромашната Пепелашка ги гледа и плаче... Долетува самовила...
Самовилата: Не очајувај, драга. Ти ќе бидеш на тој бал.
Пепелашка: Која си ти?
Самовилата: Јас сум твојата кума од бајките, и тука сум да ти го променам животот, Пепелашка.
Пепелашка: Но... мојата маќеа ми рече дека неможам да одам. Таа ми забрани да одам.
Самовилата: Твојата маќеа го нема ова. (покажува волшепно стапче)Ова стапче има моќ да те одведе на балот, до твојот принц, и... (самовилата експлодира и ја снемува, а стапчето паѓа на земја)
Пепелашка: Што? Што направи?
Рампелстилцкен: (го зема стапчето) Гледај сега. Го добив она што го сакав. Нема потреба да се плашиш.
Пепелашка: Нема потреба? Само што ја уби мојата кума од бајките. Таа сакаше да ми помогне.
Рампелстилцкен: Навистина сакаше? Дали знаеш што е ова?
Пепелашка: Чиста магија.
Рампелстилцкен: Чисто зло. Верувај ми. Ти направив услуга. Секоја магија чини. Врати се на твојот живот и заблагодари се на твојата среќна ѕвезда што уште имаш нешто, каде можеш да се вратиш.
Пепелашка: Мојот живот... тој е очаен.
Рампелстилцкен: Тогаш промени го. Не можеш да се носиш со ова. (си оди)
Пепелашка: Чекај. Те молам почекај. Можам тоа да го поднесам. Те молам. Ќе направам с
ѐ да си одам одовде. Сѐ.
Рампелстилцкен: Сѐ?
Пепелашка: Дали знаеш да го користиш тоа стапче, господине... 
Рампелстилцкен: Рампелстилцкен. И, да, секако дека знам.
Пепелашка: Тогаш помогни ми.
Рампелстилцкен: Па, ако го направам тоа, и ти навистина ги издржиш, ух... последиците, тогаш ќе ми должиш услуга.
Пепелашка: Кажи што. Што сакаш?
Рампелстилцкен: Нешто драгоцено.
Пепелашка: Но јас немам ништо.
Рампелстилцкен: Ох, но ќе имаш. Со ова ќе станеш побогата отколку што можеш да замислиш.
Пепелашка: Не ми е гајле за богатството. Ќе ти дадам с
ѐ што ќе посакаш. Само извади ме одовде.
Рампелстилцкен: Сега разговараме.
Пепелашка: Па, како работи тоа?
Рампелстилцкен: Не плаши се. Моите потреби се мали, и с
ѐ што треба да направиш е да се потпишеш на долната линија. (вади лист) Се договоривме?
Пепелашка: Да. Да. Благодарам. (се потпишува и Рампелстилцкен ја претвора во убавица)
Рампелстилцкен: Еве.
Пепелашка: (гледа кон чевлите) Стаклени?
Рампелстилцкен: На секоја приказна и се потребни незаборавни детали. Да видиме како ти стојат. Добро помини си,  но внимавај на часот.
---
Хенри и Ема шетаат низ Сторибрук...
Хенри: Дали си сигурна дека можеме да бидеме заедно надвор?
Ема: Ако твојата мајка има проблем да те јас водам до школскиот автобус, би сакала да поразговараме.
Хенри: Ти си храбра. Ќе ти треба тоа за операцијата Кобра. Кога веќе зборуваме, да ли мислиш дека ни треба име на кодот?
Ема: Зарем “Кобра” не е името на нашиот код?
Хенри: Тоа е мисија. Мислев на нас. Треба некако да те викам.
Ема: Па, не знам... можеш едноставно да ме викаш “Ема”, за сега.
Хенри: Во ред, па, тогаш се гледаме, Ема. (влегува во автобусот. Доаѓа полиција пред Ема)
Ема: Што значи сирената?
Грем: Многу е тешко да го привлечам твоето внимание.
Ема: Во ред, па, ја имаш. Дали повторно ме апсиш?
Грем: Ти се заблагодарувам... за твојата помош на оној пациент во кома. Сите ти должиме благодарност.
Ема: Па, што добивам... пофалба? Клуч од градот?
Грем: Што мислиш на работа? Би можел да те ставам за заменик.
Ема: Ти благодарам, но јас имам работа.
Грем: Како личност за кауција? Такви нема многу тука.
Ема: Нема ни многу шерифување.
Грем: Еве ти прилика да видиш одблизу. А имаш и здравствено. Размисли и остани некое време.

Во кафулето “Кај баба”.Келнерката (Руби) носи порачка на Ема...
Ема: Благодарам.
Влегува Реџина...
Реџина: Каква ти беше прошетката со Хенри? Така е. Јас знам с
ѐ... Но опушти се, не ми смета.
Ема: Не ви смета?
Реџина: Не, затоа што ти веќе не си ми грижа, г-це Свон. Пази, истражив која си ти и она што го најдов е многу вознемирувачки. Се сведува на бројот седум.
Ема: Седум?
Реџина: Бројот на твоите адреси во последната деценија. Озбилно, што ти се толку допадна во Талахасија?
Ема: Ако се прашувате, најдов сместување во градот.
Реџина: Знам. Кај Бленчард. Колку долго ти трае закупот? Ох, па ти го немаш. Ја сфаќаш мојата поента? За да нешто расне, г-це Свон, мора да има корења, а ти ги немаш. Луѓето не се менуваат. Само се заваруваат себеси дека можат.
Ема: Не ме познавате.
Реџина: Грешиш. И с
ѐ што ти барам е да, додека продолжуваш со својот лутачки живот да мислиш на Хенри и што е најдобро за него, па да размислиш за брзо раскинување, бидејќи и онака ќе се случи. Уживај во какаото.
Ема станува и ја растура шољата врз себе.
Ема: Ах!
Руби: Бљак.
Ема: Имате ли перална која можам да ја искористам?
Руби: Аха.
Кај пералната...
Девојка: Не, не, не!
Ема: Добро си?
Девојката: Чаршавите се... розеви.
Ема: Дали проба со избелувач?
Девојката го покажува својот стомак.
Ема: Ох.
Девојката: Синоќа осетив контракции и докторот ми рече да го очекувам пораѓањето било кога.
Ема: Тоа е... одлично?
Девојката: Само... кога... кога бебето ќе дојде... Никој не мисли дека јас тоа го можам. Никој не мисли дека јас можам нешто. Можеби се во право.
Ема: Кој ги шиша.
Девојката: Молам?
Ема: Кој ги шиша. Колку години имаш?
Девојката: Деветнаесет.
Ема: Јас имав осумнаесет.
Девојката: Кога... кога се породи?
Ема: Да. Знам како ти е. Сите сакат да ти велат што можеш и што неможеш, особено за детето, но на крајот, што и да одлучиш да направиш... или да се откажеш... изборот е твој.
Девојката: Не е баш како што мислиш.
Ема: Никогаш не е. Луѓето цел живот ќе ти велат која си ти. Возврати им со: “Не, ова сум јас.” Сакаш луѓето да те гледаат поинаку? Натерај ги. Сакаш нешто да се промени? Мораш тоа да го промениш сама, бидејќи на овој свет не постојат куми самовили.
---
Девојката успева да провали во дуќанот на г-дин Голд. Таа се обидува да отвори сеф...
Г-дин Голд: Ешли. Што правиш?
Ешли: Го менувам својот живот. (го прска со спреј и тој паѓа на земја)
---
Реџина: Знам да не мислиш така, но јас навистина не уживам во состаноците на одборот во саботите. Понекогаш се неизбежни. Туку... ги знаеш правилата?
Хенри: “Да” за домашната работа. “Не” за телевизијата. И да останам внатре.
Реџина: Добро момче. Под никакви околности не смееш да ја напуштиш куќата.
Хенри: Мислиш, да не ја видам мајка ми?
Реџина: Таа не ти е мајка. Таа е жена на поминување. Направи како што ти реков, инаку ќе има последици. Се враќам точно во пет.
---
Ема: Мило ми е што ми стигнаа нештата. (Доаѓа Мери Маргарет) Благодарам.
Мери Маргарет: Тоа ли се твоите работи?
Ема: Како тоа мислиш?
Мери Маргарет: Дали остана во магацинот?
Ема: Не, ова е сѐ. Не сум... сентиментална.
Мери Маргарет: Па, тоа сигурно го олеснува селувањето. (некој чука на вратата)
Г-дин Голд: Г-це Бленчард, дали г-ца Свон е тука? (доаѓа Ема) Здраво. Јас сум г-дин Голд. Се сретнавме на кратко кога дојдовте.
Ема: Се сеќавам.
Г-дин Голд: Добро. Имам предлог за Вас. Потребна ми е Вашата помош, барам некого.
Ема: Навистина?
Мери Маргарет: Јас одам да се истуширам.
Г-дин Голд: Имам фотографија. Се вика Ешли Бојд и ми зема нешто многу вредно.
Ема: Зошто не повикавте полиција?
Г-дин Голд: Бидејќи... таа е збунета и млада жена. Бремена е, сама и уплашена. Не сакам да и го уништам животот, само да ми го врати моето.
Ема: А што е тоа?
Г-дин Голд: Една од предностите што не сте полиција е дискрецијата. Да речеме дека е во прашање драгоценост и нека така остане.
Ема: Кога ја видовте последен пат?
Г-дин Голд: Синоќа. Така го добив ова. (покажува повреда) Тоа воопшто не личи на неа. Беше многу нервозна, и сакаше да го смени животот. Немам идеја што и е. Г-це Свон, Ве молам помогнете ми да ја најдам. Ми останува само полицијата, а никој не сака дете да се роди во затвор, нели?
Ема: Секако дека не.
Г-дин Голд: Значи, ќе ми помогнете?
Ема: Ќе и помогнам на неа.
Г-дин Голд: Договорено.
Влегува Хенри...
Хенри: Хеј, Ема, мислев...
Г-дин Голд: Здраво, Хенри. Како си?
Хенри: ОК.
Г-дин Голд: Убаво. Поздрави ја мајкати од мене и, среќно г-це Свон. (Г-дин Голд си оди)
Хенри: Знаеш ли кој е тоа?
Ема: Секако.
Хенри: Кој? Бидејќи јас сеуште се обидувам да сфатам.
Ема: Мислев на реалноста.
Хенри: Дали е тоа с
ѐ што донесе?
Ема: Хенри, што правиш овде?
Хенри: Мојата мајка повторно излезе до пет. Сакав да бидам со тебе.
Ема: Малечок, би сакала да можам, но имам обврски.

На улица...
Хенри: Те молам, дозволи ми да ти помогнам.
Ема: Не и не. Би можело да биде опасно.
Хенри: Бремената собарка е опасна?
Ема: Го нападна Голд.
Хенри: Моќно!
Ема: Тоа не е игра. Очајна е.
Хенри: Како знаеш?
Ема: Просто знам.
Хенри: Па, ајде да ја најдеме.
Ема: А не. Нема “ајде”. Не можеш со мене.
Хенри: Тогаш сам ќе ја барам.
Ема: Тогаш јас ќе те најдам и ќе те вратам.
Хенри: Тогаш нема да помогнеш на собарката.
Ема: Само се обидувам да бидам одговорна.
Хенри: А јас само се обидувам да бидам со тебе.
Ема: Е тоа навистина не е фер.
Хенри: Значи... собарка. Која е нејзината приказна?
---
Во дворецот на принцот, Пепелашка го гледа огнометот.
Принцот: Што не е во ред?
Пепелашка: С
ѐ е во ред. Додека растев секоја година го гледав огнометот од далеку. И знаев што значи. Нешто посебно се случуваше во палатата. Сега се за мене, за нашата венчавка.
На балот...
Принцот: Татко...
Пепелашка: (ја прегрнува Снежана) Толку ми е мило што дојдовте.

Таткото на Принцот: Моја драга Ела, оодушевени сме што стана член на нашето семејство. И се надевам дека семејството наскоро ќе стане побројно.
Шармантниот Принц (Џејмс): Честитки, Ела. Вие двајца ќе бидете многу среќни.
Пепелашка: Благодарам, Џејмс.
Снежана: Ела, драга.
Пепелашка: Ох.
Снежана: Извини. Ова е навистина ноќ за славење. Дали сфаќаш каква си ти инспирација за сите?
Пепелашка: Јас само се венчав.
Снежана: Само покажа дека секој може да го промени животот. Горда сум на тебе.
Рампелстилцкен: И јас на тебе.
Пепелашка: Што правиш ти тука?
Рампелстилцкен: Сакав да се уверам дека си среќна со својот дел од договорт... знаеш веќе, љубов, богатство, среќен крај. Дали доби сѐ што сакаше?
Пепелашка: Да. Што ти сакаш? Која е твојата цена? Мојот накит? Прстен?
Рампелстилцкен: Не, не, душо. Задржи ги твоите работи. Јас сакам нешто што сеуште го немаш, но нешто што знам дека доаѓа. Твоето првороденче.


По некое време...
Принцот: Што правиш?
Пепелашка: Мислев дека си на лов.
Принцот: Бев, но времето се поквари, па се вратив порано. Одиме некаде? Ти одиш некаде.
Пепелашка: Нешто се случи.
Принцот: Што?
Пепелашка: Бремена сум. Ела, тоа е прекрасно. Зошто си вознемирена? Тоа го сакавме.
Пепелашка: Има уште нешто... Кога се сретнавме на балот, не ме прати мојата кума самовила, туку
Рампелстилцкен. Направив спогодба со него, во замена за овој живот. Беше глупо. Не ја сфаќав цената на магијата, па му ветив нешто.
Принцот: Што му вети?
Принцот: Тој ме измами. Мислев дека ќе сака злато или накит.
Принцот: Што бара? Нашето бебе?
Пепелашка: Жал ми е. А сега с
ѐ ќе изгубам... мојот живот... тебе.
Принцот: Не. Не ми е гајле што рекол тој. Можеби магија не спои, но таа не ја направи оваа љубов.
Пепелашка: Но направив договор. Не можам да го прекршам. Тој е премногу моќен.
Принцот: Тогаш решението е едноставно, ќе направиме нова спогодба.
---
Ема: Мислиш дека момчето не е вмешано во исчезнувањето?
Руби: Тоа би значело дека има нешто со неа. А нема. Избега штом дозна дека е бремена. И од тогаш не разговарале. Тој е... (човек испушта автомобил од “пајак за автомобили”) Хеј, Били, биди внимателен. За малку ми го скрши волкот. Тој ми носи среќа.
Били: Извини Руби, гледаш, во ред е.
Ема: Руби, што е со нејзиното семејство?
Руби: Има маќеа и две полусестри, со кои не разговара.
Хенри: Чекај! Маќеа, полусестри, а таа е собарка.
Ема: Хенри, не сега.
Руби: Гледај, не знам што си слушнала, но не е вистина. Сите мислат дека не е спремна за дете, но таа се труди, оди во вечерна школа, се обидува да биде подобра и да го среди животот. Можеш ли тоа да го разбереш?
Ема: Мислам дека можам.
Руби: Тогаш е подобро да не се мешаш. Помина низ сешто.
Ема: И јас, Руби. Можам да и помогнам.
Руби: Тогаш пробај кај нејзиниот бивши.
Ема: Каде да го најдам?
Руби: Живее со татко му.
---
Шон: Повелете?
Ема: Вие сте Шон Херман?
Шон: Да, а која сте Вие?
Ема: Јас сум Ема Свон. Јас... Ја барам Ешли Бојд. Во невоља е. Помислив дека дошла кај Вас.
Таткото: Мојот син веќе нема ништо со таа девојка, во каква и да е невоља, жал ми е, но не можеме да помогнеме.
Ема: Поради Вас раскинаа?
Таткото: Секако, нема да дозволам на син ми да го уништи неговиот живот поради грешка.
Ема: Па просто му рековте да ја остави?
Таткото: А што би направиле? Да го израсне детето на задно седиште од автомобил?
Ема: Некои луѓе само тоа го имаат.
Таткото: Треба да ги жалеме. Нема да дозволам тоа да му се случи нему.
Шон: А а помогнеме во барањето?
Таткото: Шон, тоа е губење време.
Ема: Шон, ако сакаш да одиш, тргни. Немој други да донесуваат твои одлуки. Ако Ешли побегне со бебето, ќе биде навистина во невоља.
Шон: Бега со бебето?
Ема: Да.
Таткото: Шон, влези внатре. Веднаш. (Шон влегува) Верувајте ми, да знам каде е, би ви рекол. Не беше лесно да се склопи тој договор.
Ема: Каков договор?
Таткото: Не знаете? Ешли се согласи да го даде детето. Добро и е платено.
Ема: Го продаде бебето?
Таткото: Тоа звучи толку грубо. Најдов некого кој ќе даде дом на дететот.
Ема: А кој сте Вие да судите дали Ешли го може тоа?
Таткото: Погледнете ја. Таа е тинејџер. Никогаш не покажа ни малку одговорност. Како би воопшто знаела да биде мајка.
Ема: Можеби го менува животот.
Таткото: Сите го велат тоа. Јас најдов некој кој добро ќе и плати и ќе се погрижи да сите бидат задоволни.
Ема: Г-дин Голд.
Таткото: Зарем не сте затоа тука? Да му го однесете бебето?
---
Хенри: Не можеш да го измамиш Голд. Никој никогаш не прекинал договор со него.
Ема: Ќе бидам прва. Ако Ешли го сака тоа дете, треба да го има. Секој кој сака да биде мајка, тоа треба да му биде дозволено.
---
Ема: Зошто не ми рече дека го продала бебето?
Руби: Не мислев дека е важно.
Ема: Навистина? Затоа побегна?
Руби: Види, Ешли е моја пријателка. Не ми се допаѓа луѓето да ја осудуваат.
Ема: Руби, каде ти е автомобилот? Не ме прати кај Сеан за ја најдам. Ме прати таму за да и направиш предност.
Руби: Види, јас само се обидувам да и помогнам.
Ема: Да, и јас исто така. Ешли е во многу поголема невоља отколку што мислиш, Руби. Каде е таа? Немој да се соочи со него без мене.
Руби: Не можам да зборувам пред него. Тој е син на градоначалничката.
Хенри: Хеј, јас сум на твоја страна.
Ема: Хенри... морам да ја најдам оваа жена, а за да успеам, ти мораш да одиш дома, во ред? Затоа, те молам, озбилно ме слушај. Нема да каже ни збор додека си тука.
Хенри: Добро.
Ема: Благодарам.
Руби: Го напушти градот, рече дека можеби ќе оди во Бостон.
Ема: Кога отиде?
Руби: Пред половина час.
---
Ема се вози во својот автомобил, а од задното седиште излегува Хенри...
Хенри: Што ти рече?
Ема: Хенри, што по ѓаволите...? Одам во Бостон, не можеш со мене.
Хенри: Не можеш да одиш во Бостон. Таа не може да излезе. Лоши работи се случуваат на оној кој ќе проба.
Ема: Немам време да се расправаме за клетвата. Морам да те одведам дома.
Хенри: Мораме да ја спречиме пред да биде повредена. Губиме време. Ако ме одведеш дома, никогаш нема да ја стигнеш.
Ема: Хенри...
Хенри: И тогаш Голд ќе викне полиција и ќе ја однесат во затвор.
Ема: Заврзи се.
---
Пепелашка: Што бараме овде?
Принцот: Ни треба место да се чуваме.
Шармантниот Принц: Рампелстилцкен е најопасниот човек во сите кралства. Потребен е посебен затвор, па го преуредивме рудникот.
Пепелашка: Но како да го доведеме овде? Тој вечно на сите им бега.
Џуџето: Неговата снага и неговата слабост. Не може да одолее на договори, а знаеме кој му е следен на листата... Вие.
Шармантниот Принц: Сината птица на Снежана му однесе порака и тој прифати да се види со тебе. Ќе му кажеш дека докторот слушнал отчукување на две срца.
Принцот: Дека носиш близнаци.
Шармантниот Принц: Ако сака двајца, а сака, предложи му нов договор. Лутко. (џуџето Лутко дава кутија на Пепелашка)
Пепелашка: Перо? Не разбирам.
Лутко: Сината самовила го направи волшебно. Кој и да се потпише, ќе биде замрзнат.
Шармантниот Принц: Само треба да се потпише. Ќе направиш услуга на целата земја.
Пепелашка: Треба ли воопшто да користиме магија? Тоа ни предизвикуваше проблеми на почетокот. Можеби и оваа магија има своја цена.
Принцот: Тогаш јас ќе ја платам. Ќе направам с
ѐ што треба да ве спасам.
Шармантниот Принц: Да тргнеме.
Пристигнуваат кај затворот...
Лутко: Се надевам дека ви се допаѓа. Многу крв од џуџиња е пролиена поради ова.
Пепелашка: Сигурни сте да ова ќе работи?
Шармантниот Принц: Штом еднаш влезе, никогаш нема да излезе. Ќе бидеш сигурна.
Пепелашка: Во ред. Да го средиме.
---
Хенри: Ти реков. Тоа е нејзиниот автомобил.
Автомобилот на Ешли го наоѓаат на патот, празен.
Ема: Ешли?!
Ешли: Аххх! Моето бебе. Доаѓа.
Ја носат во болница...
Хенри: Дали навистина се пораѓа?
Ема: Да. Не грижи се. Болницата не е далеку.
Ешли: Не! Води ме во Бостон. Не можам да се вратам таму.
Ема: А не. Верувај ми, немаме четири часа.
Ешли: Не! Не можам да се вратам. Те молам. Ќе ми го земат бебето.
Ема: Нема да му дозволам, но, дали знаеш што бараш? Ако го задржиш детето, дали си навистина спремна?
Ешли: Да.
Ема: Сигурна си? Бидејќи јас не бев.
Ешли: Не?
Ема: Не. Ако сакаш да дадеш иднина на детето, тоа мора да биде некој што е подготвен. Целиот живот ќе ти се промени, а кога ќе донесеш одлука, нема бегање. Мораш да пораснеш и никогаш неможеш да одиш. Јасно?
Ешли: Да. Го сакам моето бебе.
---
Рампелстилцкен: Види, види. Веќе се приметува. Птица ми кажа дека сакаш да разговараме.
Пепелашка: Да. Сакам да го смениме договорот.
Рампелстилцкен: Јас тоа не го правам.
Пепелашка: Мислам дека ќе сакаш. Носам близнаци.
Рампелстилцкен: Навистина? Да погледнеме. А што сакаш ти? Да ги дадеш двете? Се прашувам зошто.
Пепелашка: Мојот сопруг... тој е... тешки времиња се. Кралството е сиромашно. Губиме пари. Растенијата се сушат. Не можеме да си помогнеме ни себе, ни на народот.
Рампелстилцкен: И сакаш да го смениш другото дете за... удобност?
Пепелашка: Секогаш можам да имам уште деца, но не можам да направам растенијата да растат на мртво тло. Во замена за нешто друго дете, ќе се погрижиш нашата земја повторно да биде плодна. (вади лист хартија со договорот) Мислам дека е фер.
Рампелстилцкен: Да, да. Ако ја зборуваш вистината.
Пепелашка: Ја кажувам, а ти треба само да се потпишеш.
Рампелстилцкен: Колку убаво перо! Од каде ти е?
Пепелашка: Од нашиот дворец.
Рампелстилцкен: Знаеш дека можеш да ме спречиш само со магија?
Пепелашка: Не се обидувам да те спречам.
Рампелстилцкен: Секако дека не, сите знаеме дека магијата има цена, и ако би ја употребила, на пример, да ме затвориш... само повеќе ќе ми должиш, а тоа не би го сакале, нели?
Пепелашка: Само потпиши го договорот.
Рампелстилцкен: Сигурно си среќна со новиот договор? Тогаш така нека биде. (Рампелстилцкен го зема перото да се потпише, и го опколува сина светлина)
Пепелашка: Томас!
Рампелстилцкен: Никој не крши договори со мене, драга. Никој. Каде и да си... биди сигурна, ќе го имам твоето дете.
---
Хенри: Знаеш, Ема, ти си поинаква.
Ема: Зошто?
Хенри: Само ти го можеш тоа.
Ема: Да ја прекинам клетвата? Знам. Постојано ми го велиш тоа.
Хенри: Не. Да си одиш. Само ти можеш да го напуштиш Сторибрук.
Ема: Ти отиде и ме најде во Бостон.
Хенри: Но се вратив. Имам десет години. Немав избор, но ако некој друг се обиде да излезе, лоши нешта ќе се случат.
Ема: Било кој освен... мене?
Хенри: Ти си спасителот. Можеш да правиш што сакаш. Можеш да одиш.
Медицинската сестра: Г-це Свон, бебето е здраво девојче од три килограми, а мајката е добра.
Г-дин Голд: Колку убави новости. Одлична работа, г-це Свон. Ви благодарам што ја донесовта мојата роба.
---
Пепелашка: Дали ние навистина победивме?
Томас: Да. Реков дека ќе победиме.
Пепелашка: Се плашев. Се плашев дека нема да успееме, дека ќе морам да се вратам на оној живот, тој... тој ужасен живот. Се плашев дека неповратно ќе те изгубам.
Томас: Додека сум жив нема да мораш да се вратиш на тој живот. А како е нашата мала Александра?
Пепелашка: Александра?
Томас: Не ти спомнав дека избрав име?
Пепелашка: Име? Повеќе звучи како затворска казна.
Томас: Епа, мене ми се допаѓа.
Пепелашка: Мажи. Ништо не знаете за...
Томас: Што се случува?
Пепелашка: Бебето. Нешто не е во ред.
Томас: Не може да биде, прерано е. Мора да е стрес. Возбуда.
Пепелашка: Ми се врти.
Томас: Седни. Ќе ти донесам вода.
Пепелашка: Добро. (Томас оди по вода. Подоцна, Пепелашка вика по него)Томас!  Добро е. Помина. (се слушаат шумови) Томас? Томас?! Што направи?
Шармантниот Принц: Што не е во ред?
Пепелашка: (кон
Рампелстилцкен) Што му направи на мојот Томас?
Рампелстилцкен: Не направив ништо. Ако не приметивте, зафатен сум.
Пепелашка: Нешто му се случи. Ти знаеш? Кажи ми.
Рампелстилцкен: Немам поим, драа, но те предупредив. Секоја магија доаѓа со цена. Изгледа дека некој само што плати.
Шармантниот Принц: Не слушај го. Ќе го најдеме Томас.
Рампелстилцкен: Нема. Додека долгот не се плати, додека не го добијам бебето, нема повторно да го видиш. Во овој или во било кој друг свет, Пепелашке. Тоа бебе ќе биде мое!
---
Г-дин Голд: Види, види. Мора да ми среќен ден. Сакате шоља, г-це Свон?
Ема: Бебето? Тоа е твојата роба? Зошто не ми рече?
Г-дин Голд: Бидејќи тогаш не беше важно да знаеш.
Ема: Навистина? Или мислеше дека ќе одбијам?
Г-дин Голд: Напротив. Мислев дека ќе има поголем ефект ако сама дознаеш. Кога го видов тешкиот живот на Ешли, си помислив дека ќе има смисла... барем за тебе. Мислам, ако некој може да ја разбере причината за давањето на детето, тоа би требало да си ти.
Ема: Нема да го добиеш тоа дете.
Г-дин Голд: Всушност, имаме договор, а моите договори се поштуваат. Ако не, ќе ја вмешам полицијата, и детето ќе заврше во системот, а тоа би било штета. Ти не уживаше во системот, не, Ема?
Ема: Тоа нема да се случи.
Г-дин Голд: Ми се допаѓа твојата самодоверба.  Сепак, треба само да пријавам. И покрај се, таа провали во мојот дуќан.
Ема: Да погодува? Да го украде договорот?
Г-дин Голд: Кој знае што барала.
Ема: Знаеш, нема такви пороти кои ќе пратат жена во затвор, само затоа што провалила, за да го зачува детето. Спремна сум да се кладам, за да договорот биде поништен. А ти? Да не напоменувам што с
ѐ би можело да се дознае за тебе, за време на процесот. Некако мислам дека не си обичен заложувач. Навистина сакаш тоа да го започнеш?
Г-дин Голд: Ми се допаѓате, г-це Свон. Не ми се плашиш, а тоа е дрскост или незнаење. Во секој случај, повеќе би сакал да си на моја страна.
Ема: Може да го задржи бебето?
Г-дин Голд: Не сеуште. Сепак имам договор со неа.
Ема: Исцепи го.
Г-дин Голд: Нема тоа да го направам. Гледаш,... спогодби, договори, тоа е темелот на цивилизираното друштво. Така да, сега е на тебе. Ако сакаш Ешли да го задржи детето, направи спогодба со мене.
Ема: Што сакаш?
Г-дин Голд: Сеуште не знам. Ќе ми должиш услуга.
Ема: Договорено.
---
Ема: Хеј. Како се вика?
Ешли: Александра.
Ема: Убаво.
Ешли: Ти благодарам што ме донесе тука.
Ема: Г-дин Голд беше надвор. Го средив тоа. Твоја е.
Ешли: Навистина? Што направи?
Ема: Направив договор.
Ешли: Ти благодарам. Ти благодарам.
Ема: Ех, еј, малечок. Веќе е пет часот. Мора да те однесам дома.
---
Реџина: Морам да одам. Хенри ме чека во пет. Но ќе се видиме... на следниот “состанок на одборот”. И, не заборавај, ги остави чорапите под креветот.
---
Ема: Тиква. Моето шифрирано име. Мислев во чест на Пепелашка... тиква. Имаш некое подобро?
Хенри: Аха.
Ема: Па?
Хенри: Не сум сигурен дали си подготвена. (излегува од автомобилот)
Ема: Хенри! Она што го рече во болницата. Дека можам да си одам.
Хенри: Да?
Ема: Се гледаме утре.
Хенри набрзина влегува во својот дом, а тогаш доаѓа и Реџина. Тој набрзина оди кон својата соба, и го испушта чевелот на скалите. Изморен легнува на креветот, правејќи се дека чита книга.
Реџина: Хенри? Хенри!!! Што ти реков? Немој да... ги оставаш твоите чевли на скалите. Некој би можел да се повреди.
---
Шон: Дали е тоа таа?
Ешли: Шон?
Шон: Толку ми е жал. Никогаш не требаше да те оставам.
Ешли: Се врати?
Шон: Се вратив. Еве. Донесов подарок (чевлички). Не знам дали големината е добра.
Ешли: Прекрасни се. (се бакнуваат)
---
Грем: Ало?
Ема: Грем? Ема е. Размислив. Можеби малку корени не би дошле лошо. Дали местото за заменик е слободно?
Грем: Апсолутно.
Ема: Тогаш прифаќам. Нема да и смета на Реџина?
Грем: Не ме интересира. Тоа е мое одделение. До понеделник. (Грем си ги зема чорапите од под кревет)
---


0 коментари: