Еуге: "Ви благодарам 'CARAS' за насловот што никогаш не го реков"
Еугенија Суарез вели дека насловот во списаниeто "Caras" e извртен.
Откако Еуге стана во врска со Николас Кабре, се најде под окото на олујата. Некои велат дека "уништува домови". Други, велат дека во љубовта вреди сѐ и затоа Еуге немала никаква врска со раскинувањето на Еугенија Тобал и Кабре.
Вчера, на насловната на списанието "Caras" се најде Еуге со текст: "
Никогаш не би ја жалела Тобал ". Обожавателите бурно реагираа, па таа се изјави на Твитер: "Не жалам никого. Тоа беше единственото што го реков." Потоа додаде: "Сѐ извадоа од контекст!"
"Отидоа по ѓаволите. Ви благодарам CARAS за тој наслов што никогаш не го реков".

0 коментари: