"QITAPENAS" СЕ СНИМА ОД ПОЧЕТОК

Како што беше најавено,Телефе ја ангажираа Адриана Лорензон за да може повторно да започне снимањето на "Qitapenas".Самиот Томас Јанкелвич,од кого потекнува идејата,ја соедини екипата на чело со Мигел Анхел Родригез,Силвија Кутика,Наталија Лобо,Жан Пјер Ноер,Марија Консепсион Цезар,Бенхамин Амадео,неговата сопруга Софија Река и други актери и искрено им кажа дека не оди се како што треба.Тогаш тој реши да почне се од почеток,да остави се што е добро,да ги остави мјузиклите и и ја предаде идејата на Лорензон.Писателката била многу среќна и благодарна затоа што имаат доверба во неа.Ќе работи на овој проект како што работи на своите книги.Освен споменатите актери и актерки би требало да има уште две до три нови улоги.

0 коментари: