Враќањето на Крис Морена

Крис Морена, креаторката на Ангели повторно се враќа во медиумите со нова тинејџерска телевизиска комедија.
Се работи за серијата "Aliados", која ќе се емитува на каналот Телефе, која ќе исто така ќе го има истиот автор како и Ангели -  Леандро Калдеро, кој сега ја пишува серијата "Sos mi hombre".
Започнат е и кастинг за млади луѓе кој гласи:


"Знам дека пееш и танцуваш многу добро. Знам дека ти се допаѓа да глумиш и дека твојот ангел и симпатија се посебни. Знам дека имаш помеѓу 12 и 22 години и дека сакаш да го откријам тоа што го можеш.
Знам дека не знаш каде да одиш, ни која врата да ја отвориш.
Знам многу за тебе... но него знам твоето име.
Ќе те побарам.
Сакам да те запознаам, да те слушнам и да те видам.
Каде си?
Подготвен си да ми ја покажеш твојата светлина?"

0 коментари: