Showing posts with label Крис Морена. Show all posts

Креаторката на Ангели подготвува нова серија


Каналот Телефе, на кој се емитуваа четирите сезони на Ангели, како и двете сезони на Aliados ја подготвуваат својата програма за следната година. 

Една од најважните работи е враќањето на Крис Морена, креаторката на најпопуларните аргентински тинејџерски серии. Се работи за кратка серија од 60 епизоди, а снимањата треба да започнат во јануари 2016 година. Исто како и Aliados, станува збор за проект кој ги спојува телевизијата и интернетот. 

Се' уште нема потврдени актери, но според извори, биле повикувани актери и актерки од претходните серии на Крис Морена, меѓу кои Лали Еспосито, Емилија Атиас и Факундо Арана.

Кого би сакале да видите во новата серија?

Најблиските на Ромина Јан пишуваа за неа на Твитер


5 септември не е обичен датум во семејството Жанкелевич. Тоа е денот кога е родена Ромина Јан, која оваа година би наполнила 40 години. 

За неколку недели ќе се наполнат 4 години од нејзиното прерано заминување, а нејзиното семејство го оддржува сеќавањето кон неа. Најблиските пишуваа за неа и на Твитер. Прочитајте неколку твитови...

Крис Морена, нејзината мајка:
"Живее РО, секогаш среќна... ќерка... Да се сретнеме повторно!"

Томас Жанкелевич, нејзиниот брат:
"Среќен роденден, сестричке. Имај ден исполнет со насмевки. Те прегрнувам со душата, те сакам."

На неговата порака одговори Густаво Жанкелевич, нивниот татко
"Денес ќе споделиме еден семеен ден, сеќавајќи се со многу ЉУБОВ на РОМИНА, која ја САКАМ секој ден ПОВЕЌЕ."

Во нејзина чест е именувано и најголемото студио на Ideas del Sur, во кое се снима емисијата на Марсело Тинели, кој напиша:
"Среќен роденден, Роми. Прекрасна жена. Бескрајна љубов за тебе. Густаво, Крис, Томас. Ве обожавам."

Новата понуда на Крис Морена да биде поблиску до публиката

Жената која стои позади "Ангели" и "Aliados" не се задоволува што е присутна на веб и на телевизија, туку оди кон повеќе. Преку својот профил на Твитер, Крис Морена побара мислење од следачите за една нова понуда.



Дали на овие 285,785 што ме следат, би им се допаѓало идејата за една радио емисија, ептен законска, која ќе се вика "Aliados", секако, слушам мислења, - напиша на Твитер.
Заедно ќе го направиме!
Колку добра идеја, би била постојано во контакт со секој од вас, би била вашиот глас, вашата душа, вашата музика, вашата бунтовност, вашите сонови, желби! 
И со сите актери од "Aliados"!

Среќен роденден, Крис Морена!

Денес, 23 август е роденден на Крис Морена, личноста која "даде живот" на многу тинејџерски серии. Роденденот можете да и го честитате на нејзиниот Твитер профил.

Логото на "Aliados" е дело на Ромина

Логото на "Aliados" е дело на Ромина

Во понеделникот, Крис Морена, Питер Ланзани (Ноа) и Ориана Сабатини (Азул) гостуваа кај Сузана Гименез и Крис ја откри вистината за логото на "Aliados".

Ориана Сабатини (Азул) зборува за својот лик

Ориана Сабатини, која го глуми ликот на Азул во новата серија на Телефе, призна дека и е прв пат да работи нешто "формално" и дека e "многу важно" за неа да биде блиску до продуцентката. 

Познат датумот за премиера на "Aliados"

Крис Морена на својот "Tвитер" профил го откри датумот за премиера на долгоочекуваната серија "Aliados". Еве што напиша:
Конечно знам! Внимание! Среда, 26 јуни е денот "A". Во 21 часот започнува "Aliados" на Телефе. Знам дека ќе бидете со мене.

Крис Морена се приклучи на "Твитер"

Крис Морена се приклучи на социјалната мрежа
"Твитер" со цел да се доближи до своите обожаватели.
Нејзиниот профил е: @soycrismorena

Радио подготвува добредојде на Крис Морена на ТВ

Музичката програма "Sucio Pop" на радиото Rock 93.7 подготвува добредојде на Крис Морена на телевизија со нејзината нова серија "Aliados".

Идејата е да се направат популарни нејзините
песни од сериите како што се "Jugate conmigo",
"Chiquititas", "Rebelde Way" и "Casi Angeles", кои
ги следат повеќе генерации.

"Cris Pop" ќе биде онлајн програма со кавер-верзии на песни од Крис. Избраните песни ќе бидат дел од специјалната емисија, која ќе се емитува на 29 јуни и ќе бидат достапни секој да ги слушне и симне.

Со испраќање на сопствен кавер можат да учествуваат сите млади од Аргентина, но и од целиот свет!

Првото појавување на Крис Морена на ТВ после смртта на нејзината ќерка

ФОТО: Питер Ланзани (Тијаго) и Крис Морена на снимањата на "Aliados"


Yahoo Аргентина: Крис Морена започна со снимањето на нејзината очекувана серија

Yahoo Argentina известува дека Крис Морена започнала со снимањата на серијата "Aliados". Во продолжение е текстот што го објавиле.

Буенос Аирес, 27 февруари. Оддалечена од телевизијата од смртта на нејзината ќерка, Крис Морена зема време за да биде со своето семејство и сега се враќа со "Aliados", тинејџерска серија.
Успешната продуцентка, виновна за успехот на "Rebelde Way" и "Casi Angeles" ќе се врати да создава серии од жанрот романтика со авантура и фантастика.

Крис Морена неможела да ја убеди Лали (Мар) да биде дел од "Aliados"

Според информациите кои кружат на Интернет, Крис Морена се обидувала до последен момент да ја убеди Лали Еспосито (Мар) за нејзината нова серија, но на крајот не мало договор, па Лали одлучила да тргне по нов пат, односно во нова серија на каналот "El Trece".

Кои актери од "Ангели" и "Супер Торпе" ќе бидат дел од "Aliados"?

Низ социјалните мрежи се шират информации за главните јунаци во новата серија на Крис Морена, а повеќето од нив беа дел и од "Ангели".
За потврдени во серијата "Aliados" се сметаат Питер Ланзани (Тијаго) и Пабло Мартинез (Симон) од "Ангели", како и Оливија Виџиано од серијата "Супер Торпе". Бидејќи според содржината на серијата, шест личности се јавуваат во главните ликови, останатите тројца, според трачевите се Стефано де Грегорио (Љека/Леон), Рочи Игарзабал (Вале) и Агустин Сиера (Начо). Сепак, ништо не е потврдено, и малата е веројатноста овие шест личности да се главните јунаци, бидејќи Крис Морена сака да даде шанса на помладите, неоткриени актери, кои се пријавиле на кастингот.

Новата серија на Крис Морена е поврзана со четвртата сезона на Ангели?

Секако дека ќе има многу разлики, но идејата на Крис Морена е да продолжи со линијата која ја остави со четвртата сезона на "Ангели". Во продолжение прочитајте повеќе за содржината на новата серија на Крис, "Aliados".

Духовното патување на Крис Морена во Мендоза

Крис Морена на 21 декември или "крајот на светот" присуствуваше во масовна медитација во подножјето на еден рид на летната долгоденица.
На медитацијата по повод летната долгоденица, која се одржала во Мендоза присуствувале над 250 личности.

Алели од Ангели во новата серија на Крис Морена

Малечката Алели од Ангели или Гвадалупе Антон порасна, па спрема е да заплива во актерските води.
Таа била повикана од Крис Морена за новата серија "Aliados". Се зборува дека таа ќе има важна улога во овој проект.

Питер Ланзани (Тијаго) повторно ќе работи со Крис Морена

Питер Ланзани (Тијаго) добил понуда за работа од Кике Естеванез (креаторот на "Dulce Amor") за нова серија, но за време на преговорите го повикала Крис Морена и повеќе немало сомнеж што сака да работи по завршувањето на "La Dueña".
Тој ќе биде дел од "Aliados", серијата со која Крис се враќа на малите екрани и која ќе се емитува следната година.

Реклама за кастингот на Крис Морена со Бенџамин Рохас

ВИДЕО: Излегоа две реклами за кастингот на Крис Морена