Showing posts with label Ромина Јан. Show all posts

Најблиските на Ромина Јан пишуваа за неа на Твитер


5 септември не е обичен датум во семејството Жанкелевич. Тоа е денот кога е родена Ромина Јан, која оваа година би наполнила 40 години. 

За неколку недели ќе се наполнат 4 години од нејзиното прерано заминување, а нејзиното семејство го оддржува сеќавањето кон неа. Најблиските пишуваа за неа и на Твитер. Прочитајте неколку твитови...

Крис Морена, нејзината мајка:
"Живее РО, секогаш среќна... ќерка... Да се сретнеме повторно!"

Томас Жанкелевич, нејзиниот брат:
"Среќен роденден, сестричке. Имај ден исполнет со насмевки. Те прегрнувам со душата, те сакам."

На неговата порака одговори Густаво Жанкелевич, нивниот татко
"Денес ќе споделиме еден семеен ден, сеќавајќи се со многу ЉУБОВ на РОМИНА, која ја САКАМ секој ден ПОВЕЌЕ."

Во нејзина чест е именувано и најголемото студио на Ideas del Sur, во кое се снима емисијата на Марсело Тинели, кој напиша:
"Среќен роденден, Роми. Прекрасна жена. Бескрајна љубов за тебе. Густаво, Крис, Томас. Ве обожавам."

Логото на "Aliados" е дело на Ромина

Логото на "Aliados" е дело на Ромина

Во понеделникот, Крис Морена, Питер Ланзани (Ноа) и Ориана Сабатини (Азул) гостуваа кај Сузана Гименез и Крис ја откри вистината за логото на "Aliados".

Во "Aliados" ќе има бар посветен на Ромина Јан

"Aliados" ќе има голем детал во својата приказна кој е посветен на актерката Ромина Јан (Ариел).

Барот "ViveRO" ќе биде едно специјално место, вид на зимска градина, во кој ќе се среќаваат ликовите од серијата. Сценографијата е сместена во центарот на каналот Телефе, точно во градината што припаѓаше на аргентинската верзија на "Големиот брат".

ДЕНЕС СЕ ПОЛНАТ ДВЕ ГОДИНИ ОД СМРТТА НА РОМИНА ЈАН


На 28 септември 2010-та година почина Ромина Јан, харизматичната
млада актерка и ќерка на Крис Морена и Густаво Јанкелевич, која ја запознавме како
Ариел во третата сезона на Ангели.

Денес, се полнат две години од нејзината смрт.

38 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА РОМИНА ЈАН

На месец дена од две годишнината од нејзината прерана смрт, се полнат цели 38 години од раѓањето на Ромина Јан, ќерката на Крис Морена.
Ја познаваме како Ариел во третата сезона на "Ангели".