Showing posts with label новости. Show all posts

Креаторката на Ангели подготвува нова серија


Каналот Телефе, на кој се емитуваа четирите сезони на Ангели, како и двете сезони на Aliados ја подготвуваат својата програма за следната година. 

Една од најважните работи е враќањето на Крис Морена, креаторката на најпопуларните аргентински тинејџерски серии. Се работи за кратка серија од 60 епизоди, а снимањата треба да започнат во јануари 2016 година. Исто како и Aliados, станува збор за проект кој ги спојува телевизијата и интернетот. 

Се' уште нема потврдени актери, но според извори, биле повикувани актери и актерки од претходните серии на Крис Морена, меѓу кои Лали Еспосито, Емилија Атиас и Факундо Арана.

Кого би сакале да видите во новата серија?

Еуге Суарез со неочекувана вест за свој иден проект


Еуге Суарез ја искористи премиерата на нејзиниот филм "Abzurdah" за да објави неочекувана новост. Новост за нешто на кое работела веќе некое време. 

Иако е зафатена со обврските како мајка и работи по цел, успева да издвои време и за своја линија за облека. Не откри многу детали, но призна дека дизајнерката Наталија Антолин го забележала вкусот на Еуге и заедно ќе ја претстават линијата "China by Antolin".

Благодарам на Наталија Антолин што ја разбира секоја моја идеја и ја претвора во фустан. Наскоро #ChinaByAntolin. - напиша Еуге на Инстаграм.

Погледнете ја трансформацијата на Николас Васкез за неговиот нов филм


Актерот објави фотографија на својот Твитер профил и го привлече вниманието на неговите следбеници. 

Николас Васкез ги изненади своите обожаватели со фотографија од новиот лик кој ќе го глуми. Се работи за филмот "Kryptonita", направен според новелата на Лео Ојола.

Прва фотографија од #Faisan ликот кој ќе го глумам во филмот #Kryptonita на #NicanorLoreti #LinternaVerde - напиша тој.

Освен Green Lantern, во филмот се појавуваат и Флеш, Бетмен и Џокер.


Лали Еспосито откри скриен талент


Една од најпопуларните тин идоли во Аргентина освен што пее, танцува и глуми, има и друго хоби. Дознајте кое!

На Лали не и фали ништо: убава, талентирана, забавна и ги сака најмалите. Затоа, после напорните снимања на серијата "Esperanza Mia", со тапани ги забавуваше нејзиниот внук и неговите пријатели. 

На роденденот на Санти, нејзиниот внук, Лали го покажа својот талент на тапани, што направи најмалечките да заиграат. Погледнете го видеото...

A video posted by Lali (@laliespositoo) on

Почина Хуан Карлос Галван, Хаспер од Ангели


Вчера, актерот Хуан Карлос Галван почина на 83 години, изјавија од аргентинското здружение на актери. 

Се прослави со многу филмови, серии и театарски претстави во текот на својата кариера од 64 години. Го познаваме како Хаспер од Ангели, градинарот од куќата Инчаусти. Се појави само во првата сезона, а неговиот лик беше убиен од Бартоломе.

Во продолжение погледнете видео од Хаспер во Ангели...



Николас Риера зборуваше за Тин Енџелс, Лали Еспосито и Мартина Стоесел


Николас Риера гостуваше во емисијата "Cocine" и зборуваше за озборувањата за можно враќање на Тин Енџелс, неговата поранешна колешка Лали Еспосито, како и Мартина Стоесел.

"Не знам дали Тин Енџелс ќе се вратат" - рече тој и зборуваше за периодот кога беше дел од Ангели.

Кога го прашаа кого би избрал: Лали Еспосито или Мартина Стоесел, тој рече: "За што?", а подоцна: "Повеќе ја познавам Лали". Следното прашање беше со која од нив би излегол на вечера, а рече дека со ниедна.

Прочитајте го интервју со Нико Риера и Рочи Игарзабал овде.


Интервју со Рочи и Нико


Кога го снимаа филмот "El deafio", Росио Игарзабал и Николас Риера беа во врска, вљубени и работеа заедно. Сега, кога дојде време за промоција на филмот, тие веќе не се заедно. Веќе четири месеци не се виделе, ниту разговарале. Овој понеделник се сретнаа во пицерија во Белграно.

Колку време помина во Мексико? 
Рочи: Отидов на 26 септември и се вратив оваа сабота. Речиси четири месеци.

Што се случи? 
Рочи: Секогаш имав желба да патувам и никогаш не го направив тоа како што треба. Имав слободно време и си реков "сега е време".

Зошто прифативте да снимате филм заедно? 
Нико: Бидејќи работиме добро заедно. Од сите серии во кои учествувавме, бевме пар само во Dulce amor. Не во Ангели и Taxxi. 

Кога ве повикаа и ви рекоа дека сте идеалниот пар, Барби и Кен... не се двоумевте?
Нико: Не ни рекоа така, да беше така, можеби немаше да прифатиме. Ни го пратија сценариото, беа заинтересирани за она што го правиме... Двајцата сакавме да снимаме филм. Зар ќе одбиевме? 
Росио: Веќе работевме заедно како пар и знаевме дека постојат хемијата, професионалноста и уживањето.

Дали помисливте што би се случило ако се разделите, како што се случи? 
Нико: Мислам дека нашата генерација веќе не оди по она "за цел живот". Се изгуби "засекогаш". Mожеби не целосно, бидејќи има луѓе кои се венчаваат, но знаат дека може да се заврши. Гледате ли дека многумина прават предбрачни договори? Ако мислат дека е за цел живот, зошто потпишуваат? Јас кога сум во врска, тоа е бидејќи сум добро тогаш, во тој момент. Кога веќе не оди, не оди.


Кога ги прекинавте врските меѓу вас? 
Рочи: Кога заминав на патување. 
Нико: Ме остави. 
Рочи: Не! Имавме заедничко согласување. Јас сакав да патувам, а тој сакаше јас да го живеам искуството со главата и срцето таму, целосно. Донесовме добра одлука за да двајцата можеме да го препознаеме она што го сакаме.

Како се чувствувавте кога го видовте филмот? 
Рочи: Јас не го гледав. 
Нико: Почувствував дека се гледа точно она што го продава постерот. Те води на летна љубов, на таа клима... Оној момент кога се враќаш од одмор и си вљубен, бидејќи си запознал некого.

Она што се случува во филмот е многу идилично. Дали вашите животи се така совршени? 
Рочи: Секој си имаше свои процеси, немаше кавги помеѓу нас. 
Нико: Такви работи ни се случија со други врски, не меѓусебно.

Зошто никогаш не признавте дека сте во врска? 
Нико: Бидејќи е добро да ја зачуваме приватноста. 
Рочи: Не се фокусиравме на тоа. 
Нико: Ако признаеш, интервјуата стануваат за твојот живот, а не за работата.

Ти недостасуваше? 
Нико: Да. 

Ќе се смирите? 
Рочи: Не. Не знам, многу е тешко да се зборува за такви работи. 

Изгледа не сте зборувале меѓусебе. 
Нико: Не, штотуку се видовме. Не сме зборувале четири месеци. 

Не се допишувавте? 
Нико: Ништо.
Рочи: Многу малку. "Здраво, како си, каков е денот и чао". Сега треба да имаме муабет три дена.


Работеше во Мексико? 
Рочи: Работев со една музичка група, но многу опуштено. Немав никаква работа како овде, затоа сега сакам да се вратам да видам што можам да направам во тој поглед. Заминав со пријателка и таму секој тргна по свој пат. 

Зошто си замина среде успешна кариера? 
Рочи: Чувствував дека има нешто што не е како што сакам. На професионално ниво и искуство.

Ти го немаше тој проект, сакаше да останеш? 
Нико: Да. Останав тука, учев со Хулио Чавез и создававме група. Не ми беше животниот проект да заминам на патување. 

Имаш девојка? 
Нико: Не. 

А ти? Имаш момче Мексиканец? 
Рочи: Не, не. Мексиканците полудуваат со Аргентинките. Затоа на жените им е полесно таму да најдат работа, без разлика што е. Мажите во Мексико одат каде што има убави девојки. Ако сакаш да ти се зголеми самодовербата, одиш да шеташ на главната улица и зјапаат во тебе постојано. Добро е. Но, да имам момче Мексиканец би било многу комплицирано. Сакам да се вратам, но не поради тоа, имам проекти. Нема да останам во Аргентина. 

Заврши љубовта меѓу вас?
Рочи: Не, никако. 
Нико: Заврши се друго, освен љубовта. 
Рочи: Секогаш ќе бидеме тука за другиот. Не сме од оние парови кои раскинуваат и никогаш повеќе не сакаат да се видат. Љубовта се уште е тука. Секогаш ќе биде.






Томас Јанкелевич зборуваше за иднината на Ангели


Директорот на каналот Телефе на кој се емитуваше Aнгели четири години, конечно зборуваше за озборувањата за враќање на серијата. 

Томас Јанкевелич, синот на Крис Морена, исто така еден од главните луѓе во Телефе изјави:
Ангели беше завршена етапа и беше многу убаво додека траеше, како продукт, а и гледаноста беше добра. Мислам дека ако се отвори можност за реприза на серијата, тоа не би било сега, најверојатно во иднина, но има уште многу за тоа.

Во 2013 година, каналот ја репризираше серијата Rebelde Way, но поради слабата гледаност, беше прекината.

Со ова, она што веќе беше јасно е официјално: серијата нема да има нова сезона.

Кандела Ветрано, убавица не толку тин: ги покажа новите гради на плажа

Актерката била на операција пред да започне со снимањата на серијата "Noche y Dia", а нејзиниот нов изглед е прекрасен.

Пред да започне со нов телевизиски проект, Кандела Ветрано се одлучи на естетска операција. Се работи за зголемување на градите, а со новиот изглед прошета деновиве по аргентинските плажи. 

Актерката ги искористила слободните денови за да отпатува во Карило со пријателите, а фотографијата од новиот изглед објавена на нејзиниот Инстаграм профил, собра повеќе од 18.000 допаѓања.

Извор: Ciudad

Кој актер од Ангели ќе води своја стенд-ап комедија?


Агустин Сиера, роден на 23 септември 1990, создаде успешна телевизиска кариера со улоги во "Chiquititas", "Rebelde Way", "Floricienta" и "Casi Angeles". 

Со само 24 години, тој ќе започне своја сопствена стенд-ап комедија, а ќе кажува смешни анегдоти од неговиот живот како тинејџер. Проектот се уште го подготвува, а истиот ќе го организира цела 2015 година.

Каква улога ќе има Лали Еспосито во новата серија?


Музикалната телекомедија во која главните улоги ќе ги имаат Лали Еспосито и Маријано Мартинез следната година, веќе има име: Esperanza mia.

Лали Еспосито ќе ја добие својата прва главна улога во серија на каналот El Trece. Се очекува снимањата да започнат што поскоро, а премиерата би можела да биде некаде во март 2015. Лали ќе глуми калуѓерка, додека Маријано Мартинез, актерот кој оваа година глумеше заедно со Еугенија Суарез, ќе биде оној кој ќе ја освои.

ЕКСКЛУЗИВНО: Која актерка од Ангели ќе биде дел од „Твоето лице звучи познато“?



Откако синоќа заврши втората сезона на аргентинската верзија на шоуто "Tвоето лице звучи познато", таму насловено како "Tu cara me suena", веднаш излегоа информации за учесниците во следната сезона.

Младата Ангела Торес ја однесе титулата на победничка во втората сезона, а утринава, во емисијата АМ потврдија дека Емилија Атиас ќе биде дел од третата сезона, која ќе започне во 2015 година.

Во досегашните сезони, учество зеде Аугусто Шустер (Исла Негри), а во само една емисија гостуваше Еугенија Суарез, како и актерите од Aliados.

Зошто Питер Ланзани го промени својот изглед?


Пред некој месец Питер Ланзани ги изненади сите со својот изглед на доделувањето на наградите Kids Choice Awards Argentina. Која е причината за промената на изгледот?

Најверојатно повеќето знаете. Питер го промени својот изглед поради неговата прва филмска улога и тоа во филмот "El Clan". Содржината е според вистинска приказна за кланот Пучио, а Питер ќе го глуми Алехандро Пучио.

Алехандро Пучио беше член во една од најопасните банди за киднапирање, а почина во 2008 година. "Не сум убиец, јас сум невин, никогаш не сум повредил никого" - е фразата која ја има повторено повеќе пати.

Во филмот глуми и познатиот актер Гиљермо Франчеља, татко на Николас Франчеља, кој глумеше во "Aliados".


Питер Ланзани ќе се разголи во театар


По завршувањето на Ангели, Питер Ланзани беше дел од повеќе серии во кои глумеше ликови доста поразлични од ликот на Тијаго. Се соголуваше во "La Dueña", "Sres. Papis" и "Aliados", а догодина и во театарска претстава. 

Питер бил воодушевен од контроверзната претставата "Equus" во која се зборува за млад човек фанатик на коњите. Неговата улога бара од него целосно разголување, а истата улога ја имаше и Даниел Редклиф пред неколку години во Бродвеј.

Еуге Суарез и нејзината промена на изгледот


Плавуша, бринета, со темна или светла коса, сè ѝ стои одлично. Сопственичката на едно од најубавите лица од уметничкиот амбиент, Еугенија Суарез (22) се осмели да си игра со бојата на косата и да испроба различни тонови. 

На почетокот на годината, се приклучи во серијата "Camino al amor" со долга светло кафеава коса и со руси прамени. Со истиот изглед го освои Давид Бисбал, со кого сега се заедно. 

Но, со завршувањето на серијата, нејзиниот изглед повторно се менуваше. Сега е повторно со темна боја на косата, нијанса слична на онаа кога беше бремена.

Нико и Рочи се разделија


По завршувањето на "Ангели", Николас Риера и Росио Игарзабал започнаа љубовна врска, а глумеа заедно и во неколку серии. 

Врската се оддржуваше, но сега се разделија. Рочи се преселила на неколку месеци во Мексико, каде живее со своите пријателки. Од друга страна, пак, Нико вежба кросфит, а очекува и нови телевизиски понуди. Смета дека неговото место во светот е во Буенос Аирес. Барем, засега.

ФОТО ГАЛЕРИЈА: Бесплатниот концерт на Лали во Ла Плата (19/09/2014)


...

Еуге Суарез си заминува од Camino al amor и ќе се пресели во Шпанија?


Озборувањата за заминувањето во Шпанија не се нови, но нови информации само ги потврдуваат гласините. Еугенија Суарез моментално е во врска со шпанскиот пејач Давид Бисбал, а изминативе 40 дена, таа три пати ја напуштила Аргентина.

Вистината е дека таа ќе ја напушти серијата "Camino al amor", во која има една од главните улоги. Причината за напуштањето е договорот, кој трае шест месеци. Нејзиниот лик е во љубовна врска со ликот на Маријано Мартинез, кој исто така има 6-месечен договор. Пред да ја напуштата серијата, нивните ликови ќе се венчаат.

Сепак, ако одлучи да се пресели во Шпанија, најверојатно би заминала со нејзината ќерка Руфина, бидејќи Николас Кабре, таткото, потпишал дозвола да си замине со неа.

Слична ситуација беше со Химена Барон (Хоуп), која се пресели во Италија, од каде што потекнува нејзиното момче, фудбалерот Дани Освалдо.

Питер и Лали доживеале незгоден момент



Поранешниот пар се нашле во кафуле во Палермо и се чувствувале незгодно поради средбата.

Питер Ланзани и Лали Еспосито доживеале незгоден момент во Палермо. Според извори на Arde Tele!, двајцата актери отишле во кафуле и случајно се сретнале, иако некои од присутните знаеле дека двајцата ќе одат. Двајцата се обиделе да се избегнуваат цела ноќ, а избегнувале и разговор. 

Питер е моментално во врска со Мартина Стоесел, а Лали веќе неколку години е заедно со Бенхамин Амадео.

ФОТО ГАЛЕРИЈА: Концертот на Лали Еспосито во Ла Плата

...