Каква улога ќе има Лали Еспосито во новата серија?
Музикалната телекомедија во која главните улоги ќе ги имаат Лали Еспосито и Маријано Мартинез следната година, веќе има име: Esperanza mia.
Лали Еспосито ќе ја добие својата прва главна улога во серија на каналот El Trece. Се очекува снимањата да започнат што поскоро, а премиерата би можела да биде некаде во март 2015. Лали ќе глуми калуѓерка, додека Маријано Мартинез, актерот кој оваа година глумеше заедно со Еугенија Суарез, ќе биде оној кој ќе ја освои.
0 коментари: