Showing posts with label Лали Еспосито. Show all posts

Лали Еспосито откри скриен талент


Една од најпопуларните тин идоли во Аргентина освен што пее, танцува и глуми, има и друго хоби. Дознајте кое!

На Лали не и фали ништо: убава, талентирана, забавна и ги сака најмалите. Затоа, после напорните снимања на серијата "Esperanza Mia", со тапани ги забавуваше нејзиниот внук и неговите пријатели. 

На роденденот на Санти, нејзиниот внук, Лали го покажа својот талент на тапани, што направи најмалечките да заиграат. Погледнете го видеото...

A video posted by Lali (@laliespositoo) on

Каква улога ќе има Лали Еспосито во новата серија?


Музикалната телекомедија во која главните улоги ќе ги имаат Лали Еспосито и Маријано Мартинез следната година, веќе има име: Esperanza mia.

Лали Еспосито ќе ја добие својата прва главна улога во серија на каналот El Trece. Се очекува снимањата да започнат што поскоро, а премиерата би можела да биде некаде во март 2015. Лали ќе глуми калуѓерка, додека Маријано Мартинез, актерот кој оваа година глумеше заедно со Еугенија Суарез, ќе биде оној кој ќе ја освои.

Лали: Ми бараат да одам во држави, за кои не ни знам каде се наоѓаат


Лали Еспосито беше во емисијата на Сузана Гименез, каде најпрвин ја пееше "A bailar" пред нејзините обожаватели, а потоа во муабет со Сузана, зборуваше за нејзиниот успех.

Најпрвин зборуваше за нејзината прва телевизиска улога:
Глумев момче бидејќи како малечка не бев толку женствена, вели таа во смеа.

За првиот кастинг:
Избегав со сестра ми, која имаше 15 години, бидеќи мајка ми не сакаше да ме одведе. Видовме редица од момчиња и девојчиња и ги следевме. Влегов и ме прашаа од каде доаѓам, а јас реков: "Од дома", а потоа ме прашаа: "Не, од која агенција?". По грешка отидов на кастинг на Крис Морена и после недела дена ме побараа.

И за крај, зборуваше за големиот успех кој го доживеа со својата солистичка кариера: Оваа година завршуваме во Шпанија, во театарот Гоја во Мадрид, а исто така ќе одиме и во Рим. Бараат да одам во држави, за кои не ни знам каде се наоѓаат.

Лали Еспосито: Бенха никогаш не ми купил цвеќе


Со само 23 години, но цела деценија работа и искуство, Лали Еспосито успеа да се претвори во една од најдобрите уметници во Аргентина. Освен успехот на професионален план, има и успешен приватен живот. Веќе четири години е во врска со Бенхамин Амадео, со кого се запознаа на снимањата на "Ангели". 

"Бенха е душа. Но, никој од нас не е традиционално романтичен. На пример, никогаш не ми подарил цвеќе. Ниту пак ми донел подароци кога патува, а и јас сум иста. Многу сме опуштени. Не прави типични работи. Може да се случи некој ден да го посетам, а тој готви за двајцата. Друг пат, му побарувам да ми купи нешто што ми недостасува на пат кон мене и ми го донесува и омиленото чоколадо." - вели Лали.

ФОТО ГАЛЕРИЈА: Бесплатниот концерт на Лали во Ла Плата (19/09/2014)


...

Питер и Лали доживеале незгоден момент



Поранешниот пар се нашле во кафуле во Палермо и се чувствувале незгодно поради средбата.

Питер Ланзани и Лали Еспосито доживеале незгоден момент во Палермо. Според извори на Arde Tele!, двајцата актери отишле во кафуле и случајно се сретнале, иако некои од присутните знаеле дека двајцата ќе одат. Двајцата се обиделе да се избегнуваат цела ноќ, а избегнувале и разговор. 

Питер е моментално во врска со Мартина Стоесел, а Лали веќе неколку години е заедно со Бенхамин Амадео.

ФОТО ГАЛЕРИЈА: Концертот на Лали Еспосито во Ла Плата

...

Лали Еспосито отиде на одмор


Актерката и пејачка, Лали Еспосито ги спакува куферите и замина на одмор. Преку Инстаграм сподели фотографии од нејзиниото релаксирано патување, а ја покажа и својата убавина.

Откако беше дел од настанот "Un sol para los chicos", Лали го напушти Буенос Аирес со дел од нејзиното семејство (без своето момче, Бенхамин Амадео, кој работи), за да се одмори и да ужива на заслужениот одмор.

Сепак, се уште не е познато каде отпатувала.

Лали Еспосито одговараше на прашања од обожавателите


Во понеделникот, Лали Еспосито во живо на страницата на каналот El Trece одговараше на прашања поставувани од обожавателите преку Интернет. Еве неколку нејзини изјави.

Да бидеш на сцената е нешто најубаво на светот.
Фреди Меркјури направи да сакам да бидам пејачка.
Следната година ќе се посветам на глумата.
Бенхамин е најдобар, публиката се уште го открива целосно како уметник.
Оваа година се посветив на музиката, на албумот и на концертите. За следната година имам понуда за глума од каналот El Trece со Гонзало Ередија.

Лали со сензуален и провокативен изглед ја славеше победата на Аргентина


Во средата, на 9 јули, откако Аргентина ја победи Холандија на пенали и обезбеди место во финалето на Светското првенство во фудбал, Лали Еспосито оддржа концерт во театарот "Opera" и ја подигна температурата со провокативен изглед.

Лали ја прослави победата со фустанче со знамето на Аргентина.



Лали против Питер? Родителите на Мартина вмешани во скандалот за наводната анорексија на нивната ќерка


Изминатава недела, аргентински сајт пишуваше за можните здравствени проблеми на Мартина Стоесел, девојката на Питер Ланзани. 

Набргу, Алехандро, таткото на Мартина, го обвини сајтот за медиумски "bullying" против неговата ќерка. Питер се обиде да ја смири ситуацијата преку Твитер и напиша: 

Помогнете ми да направиме #НеНаМедиумскиотBullying да биде топ тренд. Ќе ми помогнете?

Тука се вмеша и Лали Еспосито, бившата на Питер, која го праша што всушност претставува медиумскиот "bullying", термин создаден од таткото на Мартина. Таа напиша: 

Што е медиумскиот "bullying"? За жал постои малтретирањето! Но што нарекуваш медиумско малтретирање?

Подоцна, Питер се збогува од Твитер:

Многу лоша енергија и неправди! Чао, Твитер.

Како бензин на оганот беа и твитовите на таткото на Мартина, кој го избришал својот Твитер профил. На еден обожавател на Лали му напишал:

Знаеш како е Лали наопаку? ЛИЛА, бидејќи е речиси како Виолета, мислејќи на виолетовата боја која на шпански е "lila" и името на серијата на Мартина - "Violetta".

Сепак, најлошиот дел отиде кај Маријана, мајката на Мартина. Некоја следачка и објавила колаж со објави од самата Маријана против познатите, меѓу кои има и за Крис Морена:

Почнавме пак со моќите и глупостите, не се менуваш, Крис, напишала таа минатата година на премиерата на Aliados, a подоцна додала:

Сојузникот на Крис Морена е Боб Марли!


Лали Еспосито ги негираше гласините дека ќе стане водителка


Минатата недела медиумите пишуваа за новата понуда на Лали Еспосито, односно за водителка на еколошка емисија. Но самата таа ги негираше гласините преку Твитер:

Нема да бидам водителка, пријатели! Доволно работа имам со глумата и пеењето, хаха. 

Со оваа објава таа негираше дека ќе стане водителка, но подготвува изненадување за обожавателите.

Лали Еспосито ќе стане водителка


Откако минатата недела го оддржа својот прв солистички концерт, Лали Еспосито е подготвена за нови предизвици. 

Имено, таа ќе биде водителка на "Quiero mi mundo", eмисија која ќе ја подига свеста на најмладите за зачувување на животната средина. 

Проектот ќе биде реализиран од страна на Greenpeace, а ќе може да се гледа на каналот Quiero Musica.


Водителка ја праша Лали дали е љубоморна на Питер


Кога ќе направиме некоја грешка, најважно е со смеа да го надминеме незгодниот момент. Така направија Лали Еспосито и Вероника Лозано, познати по својот смисол за хумор.

Лали гостуваше во емисијата “AM”, каде ја пречекаа водителите Лео Монтеро и Веро Лозано. Интервјуто течеше одлично, сè до моментот кога водителката ја праша Лали за нејзиното момче, но го помеша со Питер Ланзани, нејзиното поранешно момче.

“Љубоморна си на него? На пример, ако треба да бакне некоја во Aliados?”, ја праша Веро. Но Бенџамин Амадео, момчето на Лали не глуми во серијата на Крис Морена, туку Питер. Лали на тоа праша: “Во Aliados?”,  а водителката изјави дека ги помешала. Лали, пак, рече дека ги помешала бидејќи излегувала со Питер порано.


И Вие можете да го купите албумот на Лали


Аргентинскиот сајт Teens Store може да ви овозможи да го имате новиот албум на Лали во свои раце!

Сајтот продава производи од сериите на Крис Морена, а од денес се продава и првиот албум на Лали Еспосито.

Цената е 26,85 долари, односно околу 1200 денари со вклучена цена за испорака. Можете да платите со кредитна картичка на Visa и Master Card, а можете да го порачате на овој линк.

На сајтот се продаваат и производи од Ангели, како и парфемот на Лали кој чини околу 2300 денари.

Важно: Од сајтот можеби ќе ве контактираат по е-маил, па затоа е потребно да знаете шпански јазик. Исто така, страницата Ангели Македонија не е во никаква врска со горенаведениот сајт и не сме одговорни доколу настане проблем при испорачката.



Погледнете го спотот за „Asesina“ на Лали Еспосито


Откако минатата година ја започна својата солистичка кариера и го објави спотот за првиот сингл, Лали вчера го објави и вториот спот.

Се работи за спот за песната "Asesina", една од песниот од нејзиниот прв солистички албум. Погледнете го!




Влезниците за првиот концерт на Лали продадени, додаден уште еден дополнителен!


Откако минатата година ја започна својата солистичка кариера, Лали Еспосито дефинитивно е најпопуларната пејачка помеѓу помладата публика. 

Оваа година ќе го оддржи својот прв солистички концерт, кој ќе се оддржи на 19 април во театарот Опера, а бидејќи сите влезници беа продадени, Лали ќе оддржи дополнителн концерт на 20 април.

Од друга страна, на 21 март ќе излезе нејзиниот прв солистички албум.


Лали Еспосито со одлука која ќе го смени правецот на нејзината кариера


Лали Еспосито откри дека е подготвена на некое време да го остави актерството и сета енергија да ја посвети на нејзиниотдруг голем сон.

На 21 март, Лали ќе го издаде нејзиниот прв солистички албум и затоа одлучи да не прафати никаква актерска понуда за првата половина од годината.

После цела година снимајќи ја серијата "Solamente vos", таа сака да се посвети само на музиката. Призна дека добила повеќе понуди, меѓу кои и една за филм, но не ја прифатила.

Интересно е што на 21 март 2007 започна со емитување серијата "Aнгели" во Аргентина. Дали намерно или случајно е одбран истиот датум за издавање на првиот албум, одлучете сами.


Гласајте за Лали Еспосито за „Најдобар латино изведувач“


Лали Еспосито минатата година започна солистичка кариера и веќе започна да ги освојува првите награди!

Таа е номинирана во категоријата "Најдобар латино изведувач" на Латино-Американските "Nickelodeon" награди и е единствената номинирана аргентинка во категоријата.

За неа можете да гласате на овој линк.


Не пропуштајте го вклучувањето во живо на Лали Еспосито


Лали Еспосито на Твитер најави вклучување во живо, каде ќе каже голема вест.

Таа закажа интернет средба со своите обожаватели на 27 февруари, следниот четврток, со почеток од 18 часот, по аргентинско време, а кај нас започнува од 22 часот.

Еве што напиша таа:
"Четврток, 27 февруари, вклучување во живо од 18 часот, со новости што нема да поверувате! (како јас) Се гледаме таму!"

Линкот за гледање во живо ќе биде објавен на нашата фејсбук страница.