Лали против Питер? Родителите на Мартина вмешани во скандалот за наводната анорексија на нивната ќерка


Изминатава недела, аргентински сајт пишуваше за можните здравствени проблеми на Мартина Стоесел, девојката на Питер Ланзани

Набргу, Алехандро, таткото на Мартина, го обвини сајтот за медиумски "bullying" против неговата ќерка. Питер се обиде да ја смири ситуацијата преку Твитер и напиша: 

Помогнете ми да направиме #НеНаМедиумскиотBullying да биде топ тренд. Ќе ми помогнете?

Тука се вмеша и Лали Еспосито, бившата на Питер, која го праша што всушност претставува медиумскиот "bullying", термин создаден од таткото на Мартина. Таа напиша: 

Што е медиумскиот "bullying"? За жал постои малтретирањето! Но што нарекуваш медиумско малтретирање?

Подоцна, Питер се збогува од Твитер:

Многу лоша енергија и неправди! Чао, Твитер.

Како бензин на оганот беа и твитовите на таткото на Мартина, кој го избришал својот Твитер профил. На еден обожавател на Лали му напишал:

Знаеш како е Лали наопаку? ЛИЛА, бидејќи е речиси како Виолета, мислејќи на виолетовата боја која на шпански е "lila" и името на серијата на Мартина - "Violetta".

Сепак, најлошиот дел отиде кај Маријана, мајката на Мартина. Некоја следачка и објавила колаж со објави од самата Маријана против познатите, меѓу кои има и за Крис Морена:

Почнавме пак со моќите и глупостите, не се менуваш, Крис, напишала таа минатата година на премиерата на Aliados, a подоцна додала:

Сојузникот на Крис Морена е Боб Марли!


0 коментари: