Showing posts with label Питер Ланзани. Show all posts

Зошто Питер Ланзани го промени својот изглед?


Пред некој месец Питер Ланзани ги изненади сите со својот изглед на доделувањето на наградите Kids Choice Awards Argentina. Која е причината за промената на изгледот?

Најверојатно повеќето знаете. Питер го промени својот изглед поради неговата прва филмска улога и тоа во филмот "El Clan". Содржината е според вистинска приказна за кланот Пучио, а Питер ќе го глуми Алехандро Пучио.

Алехандро Пучио беше член во една од најопасните банди за киднапирање, а почина во 2008 година. "Не сум убиец, јас сум невин, никогаш не сум повредил никого" - е фразата која ја има повторено повеќе пати.

Во филмот глуми и познатиот актер Гиљермо Франчеља, татко на Николас Франчеља, кој глумеше во "Aliados".


Питер Ланзани ќе се разголи во театар


По завршувањето на Ангели, Питер Ланзани беше дел од повеќе серии во кои глумеше ликови доста поразлични од ликот на Тијаго. Се соголуваше во "La Dueña", "Sres. Papis" и "Aliados", а догодина и во театарска претстава. 

Питер бил воодушевен од контроверзната претставата "Equus" во која се зборува за млад човек фанатик на коњите. Неговата улога бара од него целосно разголување, а истата улога ја имаше и Даниел Редклиф пред неколку години во Бродвеј.

Питер и Лали доживеале незгоден момент



Поранешниот пар се нашле во кафуле во Палермо и се чувствувале незгодно поради средбата.

Питер Ланзани и Лали Еспосито доживеале незгоден момент во Палермо. Според извори на Arde Tele!, двајцата актери отишле во кафуле и случајно се сретнале, иако некои од присутните знаеле дека двајцата ќе одат. Двајцата се обиделе да се избегнуваат цела ноќ, а избегнувале и разговор. 

Питер е моментално во врска со Мартина Стоесел, а Лали веќе неколку години е заедно со Бенхамин Амадео.

Мартина подготви изненадување за роденденот на Питер


Мартина Стоесел, девојката на Питер Ланзани организираше нешто специјално за 24-от роденден на своето момче. План кој бара посебно планирање, но за среќа излезе одлично. 

Со помошта на Ванеса Пелизери, Мартина подготви забава изненадување за роденденот. Ниту еден од пријателите на парот не сакаше да ја пропушти забавата, на која имаше музика, храна, пијало и секако, голема торта за славеникот. 

Погледнете видео од изненадувањето.


Сузана Хименез ги сака Питер и Мартина во својата емисија


Популарната аргентинска водителка Сузана Хименез оваа среда ќе се врати на малите екрани со новата сезона, а за во иднина размислува да го покани најпопулариот тинејџерски пар, Питер Ланзани и Мартина Стоесел.

Последен пат беа во емисијата раздвоени во 2012 година. Питер беше со Крис Морена и Оријана Сабатини презентирајќи ја серијата Aliados, а Мартина имаше интервју.


Питер Ланзани се врати на Твитер


Откако се случи скандалот со "медиумското малтретирање" на Мартина Стоесел, Питер Ланзани во мај го напушти својот Твитер профил. 

Цели два месеци Питер не објавуваше воопшто на социјалната мрежа, се до оваа недела, кога објави дека актерите од Aliados се подготвуваат за мјузиклот во театарот Гран Рекс.


Питер Ланзани ќе глуми во серија на Телефе


Питер Ланзани е прилично зафатен овој период. 

Учествуваше во "Sras y sres del musical", се подготвува за мјузиклот на "Aliados" и ќе се приклучи во серија на каналот Телефе. 

Наиме, ќе се приклучи во серијата "Sres Papis", каде ќе го глуми момчето на Лаура Новоа. Извори велат дека веќе бил во студијата и се подготвувал. 

Исто како и Пабло Мартинез, и Питер ќе биде истовремено во две серии на Телефе.


Аугусто Шустер ќе го имитира Питер Ланзани


На шестата гала од втората сезона на "Tu cara me suena", Аугусто Шустер, за нас познат како Исла Негри го имитираше кралот на попот, Мајкл Џексон и победи.

Мајкл Џексон му ја донесе првата победа во шоуто, а во следната емисија ќе има за задача да го имитира Питер Ланзани.


Дел од втората сезона е и Ангела Торес, која глумеше во "Solamente vos". Таа во шестата гала ја имитираше Мадона, а следната недела ќе ја имитира Аврил Лавињ.



Лали против Питер? Родителите на Мартина вмешани во скандалот за наводната анорексија на нивната ќерка


Изминатава недела, аргентински сајт пишуваше за можните здравствени проблеми на Мартина Стоесел, девојката на Питер Ланзани. 

Набргу, Алехандро, таткото на Мартина, го обвини сајтот за медиумски "bullying" против неговата ќерка. Питер се обиде да ја смири ситуацијата преку Твитер и напиша: 

Помогнете ми да направиме #НеНаМедиумскиотBullying да биде топ тренд. Ќе ми помогнете?

Тука се вмеша и Лали Еспосито, бившата на Питер, која го праша што всушност претставува медиумскиот "bullying", термин создаден од таткото на Мартина. Таа напиша: 

Што е медиумскиот "bullying"? За жал постои малтретирањето! Но што нарекуваш медиумско малтретирање?

Подоцна, Питер се збогува од Твитер:

Многу лоша енергија и неправди! Чао, Твитер.

Како бензин на оганот беа и твитовите на таткото на Мартина, кој го избришал својот Твитер профил. На еден обожавател на Лали му напишал:

Знаеш како е Лали наопаку? ЛИЛА, бидејќи е речиси како Виолета, мислејќи на виолетовата боја која на шпански е "lila" и името на серијата на Мартина - "Violetta".

Сепак, најлошиот дел отиде кај Маријана, мајката на Мартина. Некоја следачка и објавила колаж со објави од самата Маријана против познатите, меѓу кои има и за Крис Морена:

Почнавме пак со моќите и глупостите, не се менуваш, Крис, напишала таа минатата година на премиерата на Aliados, a подоцна додала:

Сојузникот на Крис Морена е Боб Марли!


Питер Ланзани стави крај на озборувањата дека раскинал со Мартина


Последнава недела се ширеа озборувања дека Питер Ланзани и Мартина Стоесел раскинале. Самиот актер преку Твитер стави крај на озборувањата.

Поради огромниот интерес на обожавателите, новинарот Ангел де Брито го праша Питер преку Твитер дали раскинале, а тој одговори:

Не. Многу сме среќни!


Мини интервју со Питер Ланзани


Што можеш да кажеш за новата сезона од Aliados? 
-Има нови љубовни триаголници, нови ликови. Ќе има многу пукање, акција и љубов, од сè по нешто.

Може сега да се каже дека си херој во супер акција? 
-(се смее) Ех, што знам јас... Би било добро, хаха. Веруваме многу во проектот, во производот. Веруваме во пораката која ја дава, секоја епизода има своја порака.

Ти се допадна ли новиот изглед на Мартина Стоесел? 
-Не се фарбаше. Сепак, и да се офарбаше црвено или зелено, сеедно ми е. Не ме интересира. Сигурно ќе и стои убаво. 


Водителка ја праша Лали дали е љубоморна на Питер


Кога ќе направиме некоја грешка, најважно е со смеа да го надминеме незгодниот момент. Така направија Лали Еспосито и Вероника Лозано, познати по својот смисол за хумор.

Лали гостуваше во емисијата “AM”, каде ја пречекаа водителите Лео Монтеро и Веро Лозано. Интервјуто течеше одлично, сè до моментот кога водителката ја праша Лали за нејзиното момче, но го помеша со Питер Ланзани, нејзиното поранешно момче.

“Љубоморна си на него? На пример, ако треба да бакне некоја во Aliados?”, ја праша Веро. Но Бенџамин Амадео, момчето на Лали не глуми во серијата на Крис Морена, туку Питер. Лали на тоа праша: “Во Aliados?”,  а водителката изјави дека ги помешала. Лали, пак, рече дека ги помешала бидејќи излегувала со Питер порано.


Питер Ланзани: „Би било лудост да се оженам за Мартина“


Питер Ланзани зборуваше насамо со весникот Cronica за врската со Мартина Стоесел, која овој месец полни 17 години. Во продолжение прочитајте дел од интервјуто...

Во врска си со Мартина Стоесел. Споделувате иста професија, тоа е добро или лошо? -Има нешто кои се во твоја полза и кои не се. Најважно е дека си поминувам многу добро со Мартина и среќн сум. Тоа ми е важно. 

Имате време да поминувате заедно? -Да, секако. 

Некои планови за венчавка? -Не, никако. Ни луд. Се уште не размислувам за венчавка, а и треба да се има во обзир дека Мартина има 16 години.

Питер Ланзани со нови предизвици


Питер Ланзани е дел од седум претстави на "Fuerza Bruta", а се е подготвено и целосно да се приклучи на овој спектакл.

Кога ми се јавија, без двоумење прифатив. Барам нови предизвици. Пробувам нови нешта, нови искуства, вели Питер за Baires Directo.

Првото појавување на Питер во претставата беше во четвртокот, а ќе гледачите ќе можат да го гледаат до утре.

Во публиката беа неговиот пријател Начо Виале, колегите од Aliados: Оријана Сабатини, Макси Еспиндола, Мариел Перкоси, Џени Мартинез, како и неговата девојка Мартина Стоесел.


Питер ја сака повеќе Мартина, отколку што ја сакаше Лали


Питер Ланзани гостуваше во онлајн емисијата "Fans World" каде беше интервјуиран. Тој зборуваше за своите лични сништа и професионалните планови. Но она што најмногу ги заинтересира обожавателите е кога тој ја призна својата љубов кон Мартина Стоесел. 

Мислам дека никогаш не сум бил заљубен како сега. Многу се восхитувам на личноста со која сум. Талентирана е, ангел е. Ја чувам. Никогаш не сум бил толку заљубен и толку среќен. изјави Питер за неговата девојка Мартина.

Оваа изјава предизвика бурни реакции кај обожавателите на Лалитер (Питер и Лали), кои и покрај тоа што нивните идоли си имаат свои партнери, тие и понатаму ги обожаваат.

А какви планови имаше Питер за Валентајн? Тој рече дека ќе одат на вечера и дека е романтичен, но не премногу.

Питер Ланзани (Тијаго) и Бенџамин Амадео (Тео) заедно во шоу на Телефе?

Се привршува листата на повикани познати личности за новото шоу на Телефе "Tu cara me suena", чии подготвки веќе започнаа за да биде се подготвена за премиерата која би требало да биде пред крајот на месецот.
Учесници во ова шоу ќе бидат познатите личности, кои биле популарни во последното тримесечје во телевизиските медиуми и кои ќе имитираат познати национални и интернационални пејачи и познати лица.
Повеќете од учесниците сеуште не потпишале договор, а за влез во шоуто се шпекулираат Качо Кастања, Мориа Касан, Питер Ланзани (Тијаго), Бенџамин Амадео (Тео), Џеј Мамон и други.
Извори велат дека на подготовките се истакнале Кармен Барбиери, Лаура Ескивиел и Бенџа Амадео.
Телефе го сака шоуто да започне за две или три недели, а ќе се емитува во прајм-тајмот на каналот, најверојатно секој понеделник, а како водител ќе се појави Марли.

Заврши гласањето: ова се номираните на "Kids Choice Awards Argentina 2013"

Заврши гласањето со кое обожаватели од целиот свет можеа да избираат кои ќе бидат номинираните за наградите "Kids Choice Awards Argentina 2013", кои ќе се оддржат на 18 октомври. Преку веб-страницата или пак преку Твитер, обожавателите гласаа за актери од "Solamente vos" и "Aliados", меѓу другите. Во продолжени е целосната листа со номинираните.




ОМИЛЕН ТВ СЕРИЈА: Aliados, Solamente Vos, Grachi и Violetta. 
ОМИЛЕН ТВ AКТЕР: Андрес Меркадо (Grachi), Емилијано Флорес (La CQ), Хорхе Бланко (Violetta) и Питер Ланзани (Aliados)
ОМИЛЕН ТВ АКТЕРКА: Сол Родригез (Grachi), Маријана Еспосито (Solamente Vos), Лодовика Комељо (Violetta), Мартина Стоесел (Violetta)
OMИЛЕН СПОРЕДЕН АКТЕР: Пече (11:11), Мекс Уртизбереа (Graduados), Самуел до Насимиенто (Violetta) и Бенџамин Рохас (Solamente Vos).
НЕГАТИВЕЦ: Данило Карера-Аксел (Grachi), Марија Габриела де Фарија-Миа (Grachi), Мариел Перкоси-Маја (Aliados) и Мерцедес Ламбре-Лудмила (Violetta).
OTКРИТИЕ: Ангела Торес (Solamente Vos), Николас Франчеља (Aliados), Чавиани Понсе де Леон (Violetta) и Оријана Сабатини (Aliados).
ИНТЕРНАЦИОНАЛНА ТВ СЕРИЈА: "Austin & Ally", "Big Time Rush", "Buena Suerte Charlie" и "Victorious".
ОМИЛЕНА АНИМИРАНА СЕРИЈА: "Phineas y Ferb", "Bob Esponja", "Los Simpson" и "Tortugas Ninja".
ОМИЛЕН ФИЛМ: "Rápidos y Furiosos 6", "Oz El Poderoso", "Amanecer",  и "Teen Angels 3D".
ОМИЛЕН АНИМИРАН ФИЛМ: "Valiente", "Mi Villano Favorito 2", "Metegol", и "Monsters University".
ОМИЛЕН ЛАТИНО ИЗВЕДУВАЧ ИЛИ ГРУПА: Airbag, Eme 15, Isabella Castillo, и Restart.
ОМИЛЕНА ЛАТИНО ПЕСНА: "Pensando en ti" (Axel), "Corre" (Jesse & Joy), "Ciudad mágica" (Tan Biónica), и "Yo te esperaré" (Cali y El Dandee).
ОМИЛЕНА ИНТЕРНАЦИОНАЛНА ПЕСНА: "Gangnam Style" (PSY), "We Are Never Ever Getting Back Together" (Taylor Swift), "Beauty and a Beat" (Justin Bieber Feat Nicki Minaj), и "One Way or Another" (One Direction).
ОМИЛЕНА РАДИО ПРОГРАМА: "El despertador" (Radio Disney); "Todos tus éxitos" (Radio Disney), "Comunidad TKM" (Radio TKM); и "Mundo TKM" (Radio TKM).
СПОРТИСТ НА ГОДИНАТА: Lionel Messi, Sergio Agüero, Juan Martín del Potro, и Emmanuel Ginóbili.
ОМИЛЕНА ПОЗНАТА ЛИЧНОСТ НА ТВИТЕР: Роџер Гонзалес, Лали Еспосито, Луисана Лопилато и Еуге Суарез.
ОМИЛЕНА АПЛИКАЦИЈА: Candy Crush, La mudanza de Bob Esponja, Mundo Gaturro: Odisea de mascotas, и Temple Run.

Денес е роденден на Питер Ланзани (Тијаго) и Рочи Игарзабал (Вале)

Денес, 24 август роденден слават Питер Ланзани (Тијаго) и Росио Игарзабал (Вале).
Питер полни 23 години, а Рочи 24. Роденденот честитајте им го на нивните Твитер профили:
Твитерот на Рочи
Tвитерот на Питер

Питер Ланзани (Тијаго) во реклама за "Samsung"

Започнаа гласањата за 'Kids Choice Awards Argentina 2013'

Денес, 29 јули започна гласањето за овогодинешното доделување на наградите 'Kids Choice Awards Argentina'.
На листата на номинирани се најде 'Aliados', како и eкс-актери од 'Ангели'.
Моментално, може да се гласа преку 'Твитер' со пишување на соодветниот хаштаг или 'retweet' на веќе објавен твит со хаштаг. Најверојатно, од утре ќе може да се гласа и на страницата.