Showing posts with label Николас Васкез. Show all posts

Погледнете ја трансформацијата на Николас Васкез за неговиот нов филм


Актерот објави фотографија на својот Твитер профил и го привлече вниманието на неговите следбеници. 

Николас Васкез ги изненади своите обожаватели со фотографија од новиот лик кој ќе го глуми. Се работи за филмот "Kryptonita", направен според новелата на Лео Ојола.

Прва фотографија од #Faisan ликот кој ќе го глумам во филмот #Kryptonita на #NicanorLoreti #LinternaVerde - напиша тој.

Освен Green Lantern, во филмот се појавуваат и Флеш, Бетмен и Џокер.


Николас Васкез и Ангела Торес заедно во нова серија?


Каналот Телефе веќе подготвува нова серија за почетокот на 2015 година, а меѓу имињата кои можеби ќе бидат дел е Ангела Торес, која моментално е дел од шоуто "Tu cara me suena". 

Исто така, го сакаат Николас Васкез во овој проект. Сепак, се уште е рано, така да во иднина ќе има посигурни информации.


Гимена (Малвина) и Николас (Нико), неразделни и романтични во Мајами

Николас Васкез (Николас Бауер) и Гимена Акарди (Малвина) уживаат неколку заслужени дена одмор во Мајами. 
Двајцата актери беа на плажа, на шопинг и шетаа. Освен тоа, се сретнаа со братот на Адријан Суан, Пол, кој е нивни пријател и кој исто така е на патување во САД.

Повеќе фотографии

Започнаа гласањата за 'Kids Choice Awards Argentina 2013'

Денес, 29 јули започна гласањето за овогодинешното доделување на наградите 'Kids Choice Awards Argentina'.
На листата на номинирани се најде 'Aliados', како и eкс-актери од 'Ангели'.
Моментално, може да се гласа преку 'Твитер' со пишување на соодветниот хаштаг или 'retweet' на веќе објавен твит со хаштаг. Најверојатно, од утре ќе може да се гласа и на страницата.

Ви се допаѓа ли новиот изглед на Николас Васкез (Нико Бауер)?

Николас Васкез (Нико Бауер) ќе биде дел од нова серија на Pol-Ka, во која ќе глуми заедно со Николас Кабре, момчето на Еуге (Јасмин), а за потребите на серијата го промени изгледот.
Ова е негова втора серија по завршувањето на снимањата на 'Ангели', а изгледот го промени и за 'Los Unicos', кога ја обричи главата.

Николас Васкез (Нико) и Гимена Акарди (Малвина) го изгубија детето од три месеци

Николас Васкез (Нико Бауер) и Гимена Акарди (Малвина) го чекаа нивното прво дете, плод на нивната 5-годишна љубов веќе три месеци, но за жал, на 11 јуни Гиме го изгубила бебето.
Моментално, таа е во болница правејќи контроли. Физички е во добра состојба.
Веста ја потврди и Хуго Акарди, таткото на актерката.

Николас Васкез (Нико Бауер) денес слави роденден

Денес, Николас Васкез (Нико Бауер) полни 36 години.
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН!
Честитајте му го роденденот на неговиот 

ФОТО: Николас Васкез (Нико Бауер) со својот брат беа на натпреварот Аргентина-Колумбија


Како изгледа Николас Васкез (Нико Бауер) денес?


ВИДЕО: Екс-актери од "Ангели" повикуваат на помош за жртвите од поплавите

Николас Васкез (Нико Бауер) се приклучи на кампањата "Часот на планетата Земја"

Дел од кампањата "Ден на планетата Земја" се голем број држави меѓу кои и Аргентина и Македонија. Исклучете ги светилките за да ја зачуваме Земјата.
glaven-poster
ЧАСОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА

Николас Васкез (Нико Бауер) во реклама за чевли

ФОТО: Николас Васкез (Нико Бауер) во "Solamente vos"

Еуге (Јасмин) го прослави роденденот со пријатели и екс-колеги од "Ангели"

Еугенија Суарез (Јасмин) го прослави својот 21 роденден во петтиот месец од бременоста. На забавата присуствуваа повеќе актери од "Ангели"...

Кликнете на "Прочитај повеќе" за повеќе фотографии...

ФОТО: Николас Васкез (Нико Бауер) во "Solamente vos"


Лали (Мар) ќе се вљуби во Николас Васкез (Нико Бауер) во "Solamente vos"

Николас Васкез (Нико Бауер) ќе има специјална улога во "Solamente vos", каде што ќе има љубовни сцени помеѓу него и Лали Еспосито (Мар).

Николас Васкез започна со снимањата на серијата, во која ќе го глуми ликот на Факундо, ептен окачен морепловец. "Зборува 200 на час и кажува нешта без смисла", вели Нико за неговиот лик. "Доаѓа да се вмеша во улогата на главните ликови, но ќе има нешто и со Лали Еспосито (Мар)", продолжи. Всушност, Даниела, ликот на Лали ќе се вљуби во Факундо.

Бенџамин Рохас, новиот Николас Васкез (Нико Бауер)?

Како што знаеме, Бенџамин Рохас е едно од "децата на Крис", што излезе од една од нејзините телевизиски серии како што се "Chiquititas", "Alma pirata", "Erreway", "Floricienta", "Jake y Blake"...
За враќањето на Крис Морена се зборува дека не заборавила на Бенџамин, па според информациите на Интернет тој, и покрај неговиот млад изглед, ќе има улога на тутор на дечките, исто како што беше Николас Васкез со улогата на Нико Бауер во "Aнгели".
Веста сеуште не е потврдена.

Скенови од Нико Васкез (Бауер) и Гиме Акарди (Малвина) во списанието "Paparazzi"

Интимната исповест на Николас Васкез (Николас Бауер)

Николас Васкез (Нико Бауер) беше во емисијата "Dale la tarde" во која зборуваше за својата девојка Гимена Акарди (Малвина) и љубовта помеѓу нив: "Се восхитувам на Гиме. Ми го промени животот."
Веќе пет години се заедно, па во емисијата го прашаа за создавање семејство: "Имаме голема желба да станеме родители. Правиме се' што е возможно за да се случи тоа, но некогаш е тешко".
Иако ја негираше верзијата на едно списание кое вели дека оделе на лекување за да Гиме остане бремена, тој призна: "Тешко е да станеме родители".
"Немам сомнеж дека ќе станеме родители. Ќе се случи кога ќе треба да се случи. Треба да се чека, не одлучуваме ние, туку Тој", објасни Нико мислејќи на Господ.
За крај изјави: "Со љубов надминуваш се'".

Николас Васкез (Нико Бауер) ќе биде дел од "Solamente vos"

Николас Васкез (Нико Бауер) веќе снимаше неколку епизоди од новата серија "Solamente vos", чиј старт е закажан за 21 јануари.
"Месец и половина ќе бидам дел од серијата. Мојата историја ќе биде поврзана со главните актери. Чиста комедија. Среќен сум!", вели тој.