Showing posts with label Јасмин. Show all posts

Уште една актерка од „Ангели“ ќе биде дел од серијата „Ruta de amor“


Веќе наредниот месец треба да започнат снимањата на новата серија на Телефе, насловена како "Ruta de amor", со докажаното дуо Себастијан Естеванез и Карина Зампини во главните улоги.

Дел од актерската екипа е Еугенија Суарез, но и Мерцедес Фунес, која го глумеше ликот на Луз во "Ангели". Нејзиниот лик ќе биде во љубовен триаголник со Хуан Дартес и Сол Естеванез.

Дел од актерската екипа се и Маријано Мартинез, Лито Круз, Кристијан Санчо и други.

Еуге (Јасмин): "Кога бев малечка ме прашуваа што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш, а јас им велев 'мајка'"

Еугенија Суарез (Јасмин) се врати на снимањата на серијата "Solamente Vos", кога пред неколку месеци прекина поради бременоста.
Почувствував дека ме пречекуваат како да сум се вратила од војна, а јас им велев дека сум се породила.
Ми недостасуваа многу и имав желба повторно да снимам нешто. Ми се допадна.
Зборување и за новата етапа од нејзиниот живот: улогата на мајка.
Ми се допаѓа и мајчинството ми изгледа многу природно, бидејќи е нешто што отсекогаш сум го сакала. Кога бев малечка ме прашуваа што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш, а јас им велев 'мајка'. Мојот приоритет е да имам деца и да ги одгледам најдобро што можам. За мене работата не е мојот живот, туку дел од животот.
Еуге зборуваше и за можноста нејзината ќерка да одбере да стане актерка...
Јас започнав многу малечка, така да би ми било тешко да и кажам не. Но ќе биде она што таа сака, ќе и дадам слобода и ќе и ги дадам решенијата за да го прави она што го сака.

Еуге Суарез (Јасмин) признава: "Не можам да престанам да ја бакнувам Руфина"

Месец дена по породувањето, Еугенија Суарез (Јасмин) на "Твитер" напиша дека не може да престане да ја бакнува својата ќерка, Руфина.
Мислам дека ако Руфина зборуваше ќе ме испратеше по ѓаволите бидејќи сум досадна. Не можам да престанам да ја бакнувам.

Фотографии од Еуге (Јасмин) напуштајќи ја болницата

На 18 јули Еугенија Суарез (Јасмин) на свет ја донесе Руфина, нејзината прва ќерка.За време на пораѓањето нејзиното момче Николас Кабре постојано бил покрај неа, а Еуге дозволила новинарите да фотографираат, но само на излезот од болницата.

Еуге Суарез (Јасмин), никогаш посреќна

На 18 јули се роди ќерката на Еугенија Суарез (Јасмин) и нејзиното момче Николас Кабре, која го носи името Руфина. 
Еуге ги доживува најсреќните моменти од својот живот, а среќата ја изрази и на 'Твитер'.

Еугенија Суарез (Јасмин) за "Sweet Lady"

Еугенија Суарез (Јасмин) за "Sweet Lady"

Eугенија Суарез (Јасмин) направи фотосесија за новата колекција за долна облека на "Sweet Lady". Погледнете дел од фотографиите..

ФОТО: Бремената Еуге (Јасмин) во списанието "Caras"


Како изгледаат Канде (Тефи) и Еуге (Јасмин) денес?


Превод на писмото со кое Еуге (Јасмин) се збогуваше од "Тин Енџелс"



Ви се допаѓа ли новиот изглед на Еуге Суарез (Јасмин)?

ФОТО: Венчавката на Еугенија Суарез (Јасмин) во "Solamente vos"


Утре ќе ја дознаеме вистината за крштевката на Бруно Бедожа Агуеро

Утрешната епизода се вика "Објаснувањето" и ќе 
дознаеме зошто во третата сезона видовме покана
за крштевка на Бруно Бедожа Агуеро, чии 
родители ги пишуваше Тијаго и Јасмин.
Не пропуштајте ја утрешната епизода!

Еуге Суарез (Јасмин) престана со снимањата на "Solamente vos"

Ликот кој го глуми Еуге Суарез (Јасмин) во "Solamente vos" завршува, а таа ќе се подготви за детето кое го чекаат со Николас Кабре.

Еуге ужива во последните месеци од бременоста, а во јуни пристигнува нејзиното прво дете. Дека бременоста ја доживуваат одлично, доказ е посетата на куќата на Нико во Пилар, каде што отидоа заедно со пријатели и со Аполо, нејзиното куче.

Визиите на Јасмин започнуваат да се исполнуваат

Јасмин во една од визиите ги виде Тео и Тачо
преправени во жени, а тоа ќе биде во утрешната
епизода, кога тие ќе се маскираат за да не
ги препознаат војниците.

Како изгледа Еугенија Суарез (Јасмин) денес?


Еуге (Јасмин): "За ништо на светот не би заменила да останам дома со мојата љубов"

Еугенија Суарез (Јасмин) и нејзиното момче Николас Кабре минуваат низ осмиот месец од бременоста.

Иако знаеме дека е девојче, сеуште не е познато името кое ќе го стават. Всушност, името веќе е избрано, но нема да го кажуваат се до раѓањето. "За ништо на светот не би заменила да останам дома со мојата љубов", вели таа, која одмара дома, уживајќи во нејзината омилена програма "Animales sueltos".

Еугенија Суарез (Јасмин) го покажа стомачето два месеца пред раѓањето


Еуге Суарез (Јасмин) изјави дека бебето е девојче, име веќе подготвиле, но
нема да го кажат се до раѓањето. Серијатa "Solamente vos" ќе ја снима уште
месец дена.

Се враќаат визиите на Јасмин

Иако Луз ги блокираше визиите на Јасмин, тие се враќаат.

Јасмин повторно ја има својот дар, а тоа ќе го видиме во утрешната епизода. Џони ќе покажува фотографии на Тачо и Јасмин од нивното минато, и тогаш ќе и се врати моќта.

Се враќаат Црвениот ангел и Зеленкапа!

Утре во "Ангели" Тачо и Јасмин ќе се маскираат
во Црвениот ангел и Зеленкапа.

Тијаго и Хоуп ќе се сретнат Тачо и Јасмин од 40 години

Тијаго ќе го види Тачо од 40 години, а Хоуп Јасмин.
Не пропуштајте ја утрешната епизода!