Еуге (Јасмин): "Кога бев малечка ме прашуваа што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш, а јас им велев 'мајка'"
Еугенија Суарез (Јасмин) се врати на снимањата на серијата "Solamente Vos", кога пред неколку месеци прекина поради бременоста.
Почувствував дека ме пречекуваат како да сум се вратила од војна, а јас им велев дека сум се породила.
Ми недостасуваа многу и имав желба повторно да снимам нешто. Ми се допадна.
Зборување и за новата етапа од нејзиниот живот: улогата на мајка.
Ми се допаѓа и мајчинството ми изгледа многу природно, бидејќи е нешто што отсекогаш сум го сакала. Кога бев малечка ме прашуваа што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш, а јас им велев 'мајка'. Мојот приоритет е да имам деца и да ги одгледам најдобро што можам. За мене работата не е мојот живот, туку дел од животот.
Еуге зборуваше и за можноста нејзината ќерка да одбере да стане актерка...
Јас започнав многу малечка, така да би ми било тешко да и кажам не. Но ќе биде она што таа сака, ќе и дадам слобода и ќе и ги дадам решенијата за да го прави она што го сака.
0 коментари: