Showing posts with label Николас Кабре. Show all posts

Еуге Суарез: „Никогаш не би рекла дека не успеав“


За прв пат, Еугенија Суарез зборува во интервју за разделувањето со Николас Кабре и изјави дека никогаш не би рекла дека не успеала.

"Никогаш не би рекла дека не успеав, бидејќи оваа љубов ми го даде најубавото нешто што го имам: мојата ќерка Руфина", вели Еуге за списанието "Hola".

После шест месеци од раѓањето на нејзината прва ќерка, таа е разделена од Кабре и само ја одгледува Руфина. На 10 март започнува со снимањата на серијата "Ruta de amor", каде ќе има љубовна врска со Маријано Мартинез.

Момчето на Еуге: Руфина е нешто најубаво. Од нејзиното пристигнување, сѐ се промени

Од раѓањето на неговата прва ќерка, актерот е доста трогнат од новата улога која му останува за цел живот. 
Ме убива од љубов, признава Николас Кабре.

Руфина е нешто најубаво. Сѐ се промени. Кога човек ќе престане да гледа во стомакот сфаќа дека е друг приоритет и нештата почнуваат да се гледаат од друга точка.
Сѐ што порано беше "веднаш" премина на осмо место. Oва е нешто ново што го разоткривам секој ден, но не само фактот да се биде татко, туку и моите родители кои сега се баба и дедо, моите браќа кои се чичовци и мојата девојка која сега е мајка.

Фотографии од Еуге (Јасмин) напуштајќи ја болницата

На 18 јули Еугенија Суарез (Јасмин) на свет ја донесе Руфина, нејзината прва ќерка.За време на пораѓањето нејзиното момче Николас Кабре постојано бил покрај неа, а Еуге дозволила новинарите да фотографираат, но само на излезот од болницата.

Еуге Суарез (Јасмин), никогаш посреќна

На 18 јули се роди ќерката на Еугенија Суарез (Јасмин) и нејзиното момче Николас Кабре, која го носи името Руфина. 
Еуге ги доживува најсреќните моменти од својот живот, а среќата ја изрази и на 'Твитер'.

Еуге Суарез (Јасмин) престана со снимањата на "Solamente vos"

Ликот кој го глуми Еуге Суарез (Јасмин) во "Solamente vos" завршува, а таа ќе се подготви за детето кое го чекаат со Николас Кабре.

Еуге ужива во последните месеци од бременоста, а во јуни пристигнува нејзиното прво дете. Дека бременоста ја доживуваат одлично, доказ е посетата на куќата на Нико во Пилар, каде што отидоа заедно со пријатели и со Аполо, нејзиното куче.

Еуге (Јасмин): "За ништо на светот не би заменила да останам дома со мојата љубов"

Еугенија Суарез (Јасмин) и нејзиното момче Николас Кабре минуваат низ осмиот месец од бременоста.

Иако знаеме дека е девојче, сеуште не е познато името кое ќе го стават. Всушност, името веќе е избрано, но нема да го кажуваат се до раѓањето. "За ништо на светот не би заменила да останам дома со мојата љубов", вели таа, која одмара дома, уживајќи во нејзината омилена програма "Animales sueltos".

Еуге Суарез (Јасмин) со своето момче беа на лекар

Еугенија Суарез (Јасмин) и нејзиното момче Николас Кабре беа во дијагностички институт на општа проверка и на вакцина, типична за бремени жени.

Еуге Суарез (Јасмин) повторно ќе глуми со своето момче

Николас Кабре, момчето на Еугенија Суарез (Јасмин) ќе има кратка улога во серијата "Solamente vos", каде што глуми неговата девојка.

Да потсетиме, дека тие работеа заедно во серијата "Los Unicos", каде што се запознаа и вљубиа. Според информациите, Нико ќе глуми фан на "Colosales", музичката група што ги спои Хуан (Адријан Суар) и Феликс (Хуан Минухин) во тинејџерството, а можеме да очекуваме и средба помеѓу Нико и Еуге.

Ексклузивна фотографија одЕуге (Јасмин) во петтиот месец од бременоста


Ултрасонографија од бебето на Еуге Суарез (Јасмин)


Еуге (Јасмин): "Секогаш сакав големо семејство"

Додека минува низ петтиот месец од бременоста, актерката од "Solamente vos" даде мало интервју за "Intrusos", во кое изјави дека веќе имаат избрано име, но сеуште не го кажуваат.

Еугенија Суарез (Јасмин) во интервјуто изјави дека венчавката не е нејзин најголем приоритет: "Секогаш сакав да создадам убаво и големо семејство".

"Постојано ме чува, многу е заштитнички настроен", вели Еуге за нејзиното момче Николас Кабре.

Еуге (Јасмин): "Чекаме девојче"

Еугенија Суарез (Јасмин) и Николас Кабре на насловната на "Paparazzi":
"Чекаме девојче!"



Еуге (Јасмин) и Николас Кабре во Мајами

Еуге (Јасмин) го откри можниот датум за раѓањето на бебето

Еугенија Суарез (Јасмин) откри кој е можниот датум за раѓањето на нејзиното бебе.
"Од првиот пат кога бевме заедно, не се одделувавме. Запознав со Нико во март, април. Во мај почнавме заедно да живееме. Она што отсекогаш го знаев е дека сакам да бидам млада мајка", вели Еуге.
Но сепак, призна дека венчавката не е најголем приоритет. "Не ме многу интересира. Не оди со мојот карактер. Да влезам во црква во бело, ќе се онесвестам од срам. Нико сака да се жени, но не сеуште. Но тој наскоро се разведува. Мене ми е сеедно. Не ми треба прстен."

"Можниот датум за раѓањето е 25 јуни. Сакам девојче, а и Нико исто така!".

Еуге (Јасмин) и Нико Кабре: Заљубени го чекаат раѓањето на нивното дете

Списанието "Hola!" ги сретна Николас Кабре и Еугенија Суарез (Јасмин)  шетајќи низ Буенос Аирес, пред нивното патување во Мајами, каде што се на мини одмор.

Списанието  го најде Николас како ја бара Еуге во "Pol-Ka", каде што таа снима, и заедно се упатиле во здравствена установа. Причината за посетата не се само лековите кои треба да се дадат за време на бременоста, туку и медицинскиот план за патување, на неколку дена во Мајами.

Еуге (Јасмин) и Нико Кабре на викенд во Мајами

Еуге Суарез (Јасмин) и Николас Кабре, нејзиното момче отпатуваа на викенд во Мајами, каде го прославија роденденот на Нико кој беше на 6-ти февруари.
Освен тоа, причина за одморот е и бременоста, па викендот им дојде како мал "меден месец" пред пораѓањето.
Еуге вели дека нема никакви проблеми со бременоста, освен што малку повеќе и се спие.

Еуге (Јасмин): "Ова се причините поради кои го избран Нико за татко на моето дете"

Додека блеска во серијата "Solamente Vos", Еугенија Суарез (Јасмин) среќно ја доживува својата бременост и кажува зошто го избрала Николас Кабре за татко на нејзиното дете.
"Мојот сон отсекогаш беше да бидам мајка на отприлика 20 години за да можам многу да уживам и да споделуваме повеќе нешта заедно. Ова што ми се случува е еден благослов. Многу парови имаат проблеми со имањето дете или пак пробуваат на секакви начини за да успеат. Затоа, бременоста за мене е нешто најубаво што може да ми го даде животот", вели Еуге.
"Нико го гледам многу среќен. Внимателен е со се што се случува. На ист начин го доживуваме ова, како магичен момент за двајцата. Бременоста е нешто што одлучивме да го бараме, бидејќи бевме убедени дека тоа е огромна среќа што животот ни ја дава, и можноста да станеме родители", додава.
Еуге зборуваше и што и се допаѓа кај Нико: "Ми се допаѓа неговиот карактер, како работи... Многу му се восхитувам. За ништо не би го сменила. Тоа се причините поради кои одлучив дека тој ќе биде таткото на моето прво дете".

Се знае полот на бебето на Еугенија Суарез (Јасмин)

"Николас сака да биде девојче", рече Еугенија Суарез (Јасмин) однеодамна за нејзината бременост со актерот Николас Кабре.
Еуге е бремена веќе четири месеци и откако ја потврди вести, го запостави својот "Твитер" профил и не објавува толку многу статуси и фотографии.
Според RatingCero.com, сонот на Кабре се остварил и во јули на светот ќе пристигне нивната прва ќерка.
Со ова, парот ќе треба да ги исфрли сите машки имиња кои ги планирале и да се одлучат за името на девојчето кое е на пат.

Еугенија Суарез (Јасмин) зборува за бременоста

Еугенија Суарез (Јасмин) иако сеуште не го знае полот на своето бебе, со своето момче Николас Кабре се надеваат дека ќе биде девојче.
"Нико е повнимателен, знае дека сум трапава и ми помага. Од малечка сакав да бидам млада мајка, не е дека немам врска што работам. Сакав да бидам млада мајка за да имам многу деца.", вели Еуге. А во врска со венчавка изјави: "Легалноста за мене е ништо, ништо не менува".

ПОТВРДЕНО: Еуге Суарез (Јасмин) и Николас Кабре очекуваат дете

И по огромниот број озборувања, 20-годишната Еугенија Суарез (Јасмин) официјално потврди на "Твитер" дека со нејзиното 32-годишно момче очекуваат бебе.