Еуге Суарез: „Никогаш не би рекла дека не успеав“
За прв пат, Еугенија Суарез зборува во интервју за разделувањето со Николас Кабре и изјави дека никогаш не би рекла дека не успеала.
"Никогаш не би рекла дека не успеав, бидејќи оваа љубов ми го даде најубавото нешто што го имам: мојата ќерка Руфина", вели Еуге за списанието "Hola".
После шест месеци од раѓањето на нејзината прва ќерка, таа е разделена од Кабре и само ја одгледува Руфина. На 10 март започнува со снимањата на серијата "Ruta de amor", каде ќе има љубовна врска со Маријано Мартинез.
0 коментари: