Уште една актерка од „Ангели“ ќе биде дел од серијата „Ruta de amor“
Веќе наредниот месец треба да започнат снимањата на новата серија на Телефе, насловена како "Ruta de amor", со докажаното дуо Себастијан Естеванез и Карина Зампини во главните улоги.
Дел од актерската екипа е Еугенија Суарез, но и Мерцедес Фунес, која го глумеше ликот на Луз во "Ангели". Нејзиниот лик ќе биде во љубовен триаголник со Хуан Дартес и Сол Естеванез.
Дел од актерската екипа се и Маријано Мартинез, Лито Круз, Кристијан Санчо и други.
0 коментари: