Showing posts with label Мерцедес Фунес. Show all posts

Уште една актерка од „Ангели“ ќе биде дел од серијата „Ruta de amor“


Веќе наредниот месец треба да започнат снимањата на новата серија на Телефе, насловена како "Ruta de amor", со докажаното дуо Себастијан Естеванез и Карина Зампини во главните улоги.

Дел од актерската екипа е Еугенија Суарез, но и Мерцедес Фунес, која го глумеше ликот на Луз во "Ангели". Нејзиниот лик ќе биде во љубовен триаголник со Хуан Дартес и Сол Естеванез.

Дел од актерската екипа се и Маријано Мартинез, Лито Круз, Кристијан Санчо и други.

Ова се имињата на ликовите од "Aliados"

Мини интервју со негативката од "Ангели" - Мерцедес Фунес (Луз)

Негативката од "Ангели", Мерцедес Фунес која го глуми ликот на Луз е родена во Росарио и е ќерка на политичар.

Во серијата играш негативка, лесно беше?
-Да глумам негативка ми е многу лесно.

Како е да се работи со Крис Морена?
-Ми се допаѓа да работам со луѓе што бара повеќе. Единствениот начин нешто да има разлика е навистина да се трудиш и да не импровизираш.

Имаш некаков политички интерес?
Не, не разбирам ништо. Не знаеш колку ми е жал што го немам татко ми, бидејќи не знам кој е кој. Разговараме во друштво за политика, со Фернандо, моето момче, но конкретно за личности.

Кои се главните ликови во "Aliados"?

Веќе пишувавме дека Росио Игарзабал (Вале) нема да биде дел од серијата, поради снимањето на "Dulce amor", како и нејзината желба за музичко остварување оваа година. Па, бидејќи таа неможе да ја игра една од главните улоги, на нејзино место можно е да биде Ориана Сабатини. Сепак, Крис Морена размислува и за Оливија Виџиано (Супер Торпе) и Валентина Зенере (Алаи). Оливија исто така има планови за оваа година, како што е нејзиниот прв албум.