Showing posts with label Ангели 4. Show all posts

Патувањето во иднината кое веќе заврши

После четири сезони заврши циклусот на Крис Морена во кој вметна силни елементи на фантазија.

Дефинитивен крај за сага која за време на четирите сезони и 579-те епизоди не престана да емитува фантазија, како и мешавина на сонови и етика, со што Крис Морена започна нов масивен феномен.

Исто како и крајот на третата сезона, оваа ја заврши со реченица на Ганди: "Човекот го добива она за што е заслужен".

Крајот го означи враќањето во своето време, како и паралелниот живот на Симон и Валерија во 2068 година и на возрасните Паз, Хоуп и Луз во 2031 година.

Големото финале на "Ангели"

После четири успешни сезони заврши "Ангели", големиот успех на Крис Морена. Крај исполнет со емоции и долгоочекуваното враќање на старите ликови: Нико, Сиело, Малвина, Хустина, Каридада, Луз, Могли, Кристобал, Монито, Алели и Паз и Хоуп од 2 години. 

Се заврши во свој ред, освен патувањето на Симон и Вале, кои се жртвуваа за своите пријатели и останаа заедно и среќни да живеат во 2068 и така Симон нема да се претвори во Џеј. Во меѓувреме, останатите се вратија во 2010, а Паз, Хоуп, Луз, Кристобал, Алели и други останаа во 2031.  Во 2010, "Тин Енџелс" тргнаа на турнеја а крајот го означи Тик-Так, синот на Тијаго и Мар кој стави знак прашалник на "КРАЈ".

Според анкетата на страницата, крајот им се допадна и на повеќето од македонските фанови. 

Утре е последната епизода од "Ангели"

Вико (Лука): "Крајот нема да биде изненадувачки, туку емотивен"

Интервју со Викторио д'Алесандро (Лука) за крајот на Ангели...

Мислиш дека крајот ќе ги задоволи гледачите што ја следеа серијата низ четирите сезони? 
-Крајот ќе биде многу емотивен, и мислам дека има врска со она што беше прикажано годинава, и што беше неочекувано. На пример, дека еден лик харизматичен како Симон ќе заврши како негативец, и други изненадувања кои излегоа. И крајот ќе го одбележи враќањето на многу ликови кои публиката ги виде низ серијата и ќе биде многу емотивно, незнам дали ќе биде изненадувачки, но сепак,  емотивно.

Што ќе гледаме во претпоследната епизода од "Ангели"?

АНГЕЛИ 4
епизода 112: Отпор, прв дел
премиера: 29 мај 2013

Мар излегува од НЕ, допрена од сеќавањата, гледа наоколу и се сеќава на моментите доживеани на истите места. Во тој момент, Тијаго се враќа, валкан и повреден. Влегуваат во НЕ и Тијаго почнува да им раскажува на сите што се случило во иднината со Симон. Тие пристигнале таму знаејќи дека Џеј ги следи, па затоа, Тијаго со помошта на професорот, направиле план да го измамат Џеј, користејќи исто оружје со кое Тијаго го манипулирал Симон за да го нападне. Џеј мислејќи дека Симон  е мртов си заминува, а Симон се унифицира во иднината, така да никогаш нема да се врати во 2010 и никогаш нема да се претвори во Џеј.

Вистината за Тијаго и Симон ќе ја откриеме утре

Во утрешната епизода, Тијаго ќе им раскажува на дечките што навистина се случило.

Тијаго ќе им раскаже дека сето тоа било план против Џеј, почнувајќи со шепкањето на Тијаго, кој му ја кажа годината на професорот во која ќе го однесе Симон. Бидејќи знаеле дека Џеј ќе ги следи. Во визијата на Јасмин, Тијаго го убива Симон и така треба да се случи.

Што ќе гледаме утре во "Ангели"?

АНГЕЛИ 4
епизода 111: Пакт
премиера: 28 мај 2013

Симон и Тијаго се во иднината, светот е уништен. Во скривницата, сите се подготвени за враќање дома. Зборуваат, се сеќаваат... позближени од секогаш. Љека се збогува од Алаи и Палома. Мар се грижи што сеуште не се разбуди, но се радува поради нејзината бременост. Започнува последната операција пред враќањето дома, со цел окупирање на системо во НЕ. Паз зборува со Вале за Симон, таа и дава клуч.

Утре професорот ќе се збогува

Во утрешната епизода, професорот ќе се
збогува, бидејќи веќе долго време остана
во тоа време.
Не пропуштајте ја утрешната епизода!

Што ќе гледаме во следната епизода од "Ангели"?

АНГЕЛИ 4
епизода 110: Алелуја
премиера: 27 мај 2013

Паз им кажува на сите дека е време за враќање. Тијаго и Симон знаат дека треба да тргнат. Сите земаат неколку предмети, фотографии кои ќе ги земат со себе на патувањето. "Алелуја за тој рај во кој живееме, и за кој вреди да се жртвуваш", вели Симон во off фразите... бременоста на Мар, таа неможе да верува. Таа и Тијаго се договараат да не кажуваат никому, но Мар испраќа знаци пред другите, но никој не разбира, па Мар завршува кажувајќи за бременоста.
Круг на пријатели и пријателки. Момците зборуваат за новата ситуација на Тијаго, да биде татко. Девојките, истотака со Мар. Во кругот на пријателки исто така е и Паз.


Паз се враќа да ги спаси дечките и да ги врати дома

Долгоочекуваната епизода утре ќе се емитува кај нас. Враќањето на Паз, ликот што го глумеше Емилија Атиас во третат сезона и на почетокот од четвртата.

Паз ќе дојде да ги спаси сите, се враќа од Еудамон преку часовникот за да ги спаси од бомбите на Џеј. На овој начин го заштитува часовникот и избегнува нова штета на Џеј. Исто така, доаѓа да им пренсе порака дека е време за враќање дома.

Предуслов за враќање дома е да простат или да побараат прошка од оние од кои е потребно. Епизода што не смее да се пропушти и во која повеќе мистерии ќе бидат откриени!

Што ќе гледаме утре во "Ангели"?

АНГЕЛИ 4
епизода 109: Заробени во еден момент
премиера: 24 мај 2013
Сите ја пречекуваат Паз, еуфорични, таа успева да ги спречи војниците на Џеј да влезат и им вели на дечките дека е време за враќање дома.
Во Еудамон, Паз се подготвува да го помине порталот во потрага по дечките и се збогува со возрасната Есперанза, која ја моли да ги однесе дечките дома. Паз, од другата страна на часовникот, ги гледа Тијаго и професорот кои се на таванот, влегува Мар, излегува професорот трчајќи. Есперанза и Паз ја гледаат Мар, знаат дека Бруно веќе е во неа и Паз ќе патува за да го заштити. Проектили паѓаат во "НЕ" и тогаш доаѓа Паз, сретнувајќи ги Тијаго и Мар.

Се враќаат нашите омилени ликови од првите две сезони

Утрешната епизода ќе биде една од најдобрите сезонава,
поради појавувањето на некои од ликовите кои
ги немаме видено дури од втората сезона.
Не пропуштајте!

Дојде време да го запознаеме синот на Тијаго и Мар

Во утрешната епизода ќе гледаме сцени
од 2018 година, каде ќе го видиме Бруно
Бедожа Агуеро, синот на Тијаго и Мар.
Не пропуштајте ја утрешната епизода!

Утре ќе ја дознаеме вистината за крштевката на Бруно Бедожа Агуеро

Утрешната епизода се вика "Објаснувањето" и ќе 
дознаеме зошто во третата сезона видовме покана
за крштевка на Бруно Бедожа Агуеро, чии 
родители ги пишуваше Тијаго и Јасмин.
Не пропуштајте ја утрешната епизода!

Бомби паѓаат врз "НЕ"

Дечките го фарбаат "НЕ" во "Мандалај", додека Џеј
се заканува на Тијаго и професорот, пуштајќи
бомби во веќе обновеното "НЕ".
Не пропуштајте ја утрешната епизода!

Џеј патува низ времето за да ја промени иднината

Џеј патува низ времето со намера да ја промени иднината, 
патува постојано, но завршува со истото: Есперанза е спасена 
од Тефи и Лука, а ѕидот е срушен. Затоа и насловот
на епизодата е "Она што неможе да се смени".

Крајот на "Ангели" го носи враќањето на Паз и уште многу!

Она што не сакаме да се случи е близу. Серијата што ни даде радост, тага, мистерија, љубов и најразлични ликови ги емитува своите последни епизоди. Но не е крај само на четвртата сезона, туку на целата серија, чиј почеток беше во 2007-та година, кога како главни ликови се појавија Сиело Магико и Николас Бауер.
Остануваат осум епизоди до крајот, а веќе почнаа да се разрешуваат мистериите, а во следните епизоди ќе гледаме:
-Паз се враќа со порака за надеж
-Објаснување што се случило со Камило
-Ќе дознаеме кои ќе останат во 2031, а кои ќе се вратат
-Мар ќе се разбуди
-Одлуката на Симон и иднината на Џеј
-Крајната мисија на дечките
-Сиело и Нико објаснуваат нешта што не сме ги разбрале
-и повторно ќе ги видиме ликовите што ги обожававме од претходните сезони!

Што ќе гледаме во следната епизода од "Ангели"?

АНГЕЛИ 4
епизода 105: Време за враќање дома
премиера: 20 мај 2013

Часовникот почнува да работи. Професорот му кажува на Тијаго дека е време за враќање дома. Во 2010 година, Каридад ја прашува Сиело за враќањето на дечките, таа и вели да има трпение. Во тој период, дечките продолжуваат со своите животи, игнорирајќи дека еден дел од нив патувал и сеуште се наоѓа во иднината.
Професорот јавува на Тачо и Лука дека Џеј ја има Хоуп, треба да ја спасат, без останатите да дознаат.

Што ќе гледаме утре во "Ангели"?

АНГЕЛИ 4
епизода 104: Тула
премиера: 17 мај 2013

Тачо и Јасмин на јахтата прославуваат што таа се сети, ужива што си го врати идентитетот. Тијаго разговара со професорот. Тачо разговара со Мелоди во врска со Јасмин. Лука сака да се смири со Тефи. Симон кажува на сите како ќе се претвори во Џеј и бара помош да му помогнат да издржи. Сака нова иднина, нова судбина за неговиот живот. Сите заедно прават кампања покрај ѕидот за негово рушење, Џеј го гледа тоа и кажува на професорот да престанат, во спротива ќе потече крв. Професорот верува во Симон и останатите, но тогаш Џеј му покажува дека има моќ, заканувајќи се со Хоуп.

Уште еден лик ќе се разбуди

Откако некои од дечките се разбудија, дојде редот на
уште една жртва на "ресетирањето", а тоа е Рама,
кој откако ќе ја бакне Кика, ќе се сети на своето минато.
Не пропуштајте ја утрешната епизода!