Што ќе гледаме во претпоследната епизода од "Ангели"?

АНГЕЛИ 4
епизода 112: Отпор, прв дел
премиера: 29 мај 2013

Мар излегува од НЕ, допрена од сеќавањата, гледа наоколу и се сеќава на моментите доживеани на истите места. Во тој момент, Тијаго се враќа, валкан и повреден. Влегуваат во НЕ и Тијаго почнува да им раскажува на сите што се случило во иднината со Симон. Тие пристигнале таму знаејќи дека Џеј ги следи, па затоа, Тијаго со помошта на професорот, направиле план да го измамат Џеј, користејќи исто оружје со кое Тијаго го манипулирал Симон за да го нападне. Џеј мислејќи дека Симон  е мртов си заминува, а Симон се унифицира во иднината, така да никогаш нема да се врати во 2010 и никогаш нема да се претвори во Џеј.
Вале, пак, откако Паз и рече дека има моќ да пишува и тоа да се оствари, отпатува во иднината и таму останува со Симон. Во иднината, ги пронаоѓаат двата клучеви што недостигаа: едниот на Симон, а другиот на Вале, кои се жртвуваа за останатите.
Во НЕ, веќе ги имаат сите клучеви и време е да се вратат, иако веќе никогаш нема да ги видат Симон и Вале.
Започнува збогувањето помеѓу оние што си одат и оние што остануваат. Тео и Мелоди сеуште не знаат што ќе се случи со Амадо.
Тик-Так се обидува да ги расположи и танцуваат пеејќи, и веќе во следниот момент, ги нема.

0 коментари: