Што ќе гледаме утре во "Ангели"?

АНГЕЛИ 4
епизода 109: Заробени во еден момент
премиера: 24 мај 2013
Сите ја пречекуваат Паз, еуфорични, таа успева да ги спречи војниците на Џеј да влезат и им вели на дечките дека е време за враќање дома.
Во Еудамон, Паз се подготвува да го помине порталот во потрага по дечките и се збогува со возрасната Есперанза, која ја моли да ги однесе дечките дома. Паз, од другата страна на часовникот, ги гледа Тијаго и професорот кои се на таванот, влегува Мар, излегува професорот трчајќи. Есперанза и Паз ја гледаат Мар, знаат дека Бруно веќе е во неа и Паз ќе патува за да го заштити. Проектили паѓаат во "НЕ" и тогаш доаѓа Паз, сретнувајќи ги Тијаго и Мар.
Местото е бомбардирано, снемува струја, сите трчаат уплашени, но ништо не се случува, заштитени се. Паз ја посетува Луз во ќелијата и ја ослободува, гушкајќи ја и ја води кај останатите. Професорот ги одвојува оние што ќе се вратат дома и оние што ќе останат, за да зборуваат со Паз. Само Тео останува.
Сите слушаат. Паз зборува што значеше патувањето во времето, здобиените знаења и им вели дека пред да тргнат треба да направат два важни чекори. За да го исполнат првиот, секој се упатува кон некое место, сам, и треба да помине врата, зад која ќе има некој, некој кому треба да му простат или да побараат прошка. Така, Симон се среќава со Октавио, неговиот брат. Тијаго со Барто. Валерија со Симон. Мелоди со нејзината мајка. Лука со Франка. Начо со неговиот татко. Тефи со г-ѓата Вака. Љека со Луз. Луз со Тина. Рама со неговата мајка. Тео со Луз. Тачо со неговиот брат Мели. Јасмин со нејзиниот вујко Хосеми. Кика со Есперанза од иднината. И Мар со самата себеси.
Паз зборува за Камило и дека треба да се прости на Лобо за неговата смрт. Откако сите простија или побараа прошка, трогнати се собираат и пристигнува Сиело и им кажува како ќе биде патувањето, велејќи им дека клучевите што ги пронајдоја ќе активираат механизам во часовникот кој ќе ги врати дома.

0 коментари: