Што ќе гледаме во следната епизода од "Ангели"?

АНГЕЛИ 4
епизода 105: Време за враќање дома
премиера: 20 мај 2013

Часовникот почнува да работи. Професорот му кажува на Тијаго дека е време за враќање дома. Во 2010 година, Каридад ја прашува Сиело за враќањето на дечките, таа и вели да има трпение. Во тој период, дечките продолжуваат со своите животи, игнорирајќи дека еден дел од нив патувал и сеуште се наоѓа во иднината.
Професорот јавува на Тачо и Лука дека Џеј ја има Хоуп, треба да ја спасат, без останатите да дознаат.
Од друга страна, Нина и Кристобал чекаат Џеј да отиде кај Роус. Професорот, Тачо и Лука одат натаму со цел да најдат траги до Џеј.
Тијаго почнува да ги известува сите дека е време за враќање дома, треба да се збогуваат и да ги завршат недовршените работи. Настанува паника, Мелоди и Тео се плашат за Амадо, Кика и Рама треба да се разделат, бидејќи Рама треба да се врати во своето време, односно во 2010 година, а Кика во иднината. Леон, тажен се јавува на Алаи. Тефи и Начо даваат совети на Нердито.
Во меѓувреме, Луз размислува како да се сруши ѕидот, размислува за судење. Мар се обидува да се разбуди и се преправа дека се разбудила, зборувајќи за своето минато, од она што го има прочитано во книгата што Тијаго ја пронајде. Симон се јавува на Џеј, велејќи му дека ќе се врати во своето време. Се збогува. Тефи ја гледа Палома и заклучува дека таа е ќерка на неа и на Лука. Му се јавува, но тој е зафатен поради потрагата по Хоуп, Тефи мисли дека тој ја изневерува.

0 коментари: