Опис на ликовите од "Aliados"
"Aliados" во јуни започнува на Телефе и Фокс, а веќе можеме да ги запознаеме ликовите. Некои од нив се луѓе од планетата Земја, додека други се пратеници на светлината. Во продолжение, запознајте се со луѓето од Земјата...
Питер Ланзани (Тијаго) како Нао Гарсија Итурбе
Ноа е 19-годишно момче, син на сопственик на фабрика за тутун. Сензуален, привлечен, тинејџерски казанова, несвесен на штетата на неговите дела и зборови, што може да биде предизвикана на оние што го опкружуваат.
Не се обврзува со ништо и никого. За него, врските се минувачки, a животот е голема компанија во која тој е главниот директор. Тој не работи, прави другите да работат за него. Знае како сите, особено девојките да му кажат 'да'.
Тој е волк во јагнешка кожа, што не ја губи иронијата, ниту неговата заведувачка симпатија.
Оријана Сабатини како Азул Медина
Стана популарна откако победи на телевизиски конкурс за млади таленти. Од тогаш, манипулацијата е нејзиното секојдневно оружје за контрола. И се допаѓа да биде носителка на леснотијата, потрошувачката и несериозноста. Зад нејзиното лице се наоѓа кревка жена, самоуништувачка со психолошки проблеми.
Таа е една од моментално најпопуларните поп пејачки, милиони тинејџери ја следат и се восхитуваат на сликата што таа им ја продава.
Лажна е, знае да го каже она што другиот сака да го слушне, само за да сите зборуваат добро за неа. Нема граници, она што го сака го постигнува, она што не може - го елиминира. Ако некој не и се допаѓа, го оддалечува, а ако нешто и се допаѓа, го привлекува и го купува.
Мариел Перкоси како Маја Пинедо
Маја живее во куќа со нејзината омразена мајка. Професионалка е кога треба да се наштетува и крши. Перверзна и интелигентна, има разурнувачки карактер, особено кон некого кога сака да му наштети.
Закачањето е нејзиниот "омилен спорт". И се допаѓа да наредува на своите врснички за да ги напаѓаат вербално и физички оние, кои таа наредува, додека самата ги снима тепачките и подоцна ги објавува на блог, каде што собраните видеа ги претставува како трофеи од војна.
Знае како да ги постигне своите цели и да нема проблеми за злоупотребите. Со закачањето бара да се чувствува моќна и со контрола над другите.
Агустин Бернаскони како Мануелито Рамирез
Мануел е син на несреќни родители. Мајка му го штити и ги пренесува своите стравови.
Тој е несигурен секој пат кога ќе ги помине границите на својата соба, единственото место каде што се чувствува заштитен. Зборува со низок тон и му е тешко да се изјасни како многу луѓе го гледаат. Во интимноста на својата соба, Мануел е прекрасен пејач, затвореник на своите стравови и фобии.
Со години е жртва на училишно закачање и на сопствената тишина. Секогаш е тажен и бидејќи не го прифаќаат каков што е, размислува дека животот не вреди.
Хоакин Очоа како Валентин
Валентин има 12 години и никогаш не слушнал некој да му рече "те сакам". Бил напуштен од својата мајка во дом за сираци кога бил бебе. Израснал во место каде што искористувањата и бесот биле секојдневие. Го тераат да работи и по секоја цена треба да собере пари на улица.
Тој е современ роб, жртва на себичноста на општеството, кого кога ќе го погледнат целиот нечист и гладен, се прават како да не постои.
Валентина чувствува омраза и бес, знае дека светот го удира по улица. Нема надеж, само желба да удира и да вика.
Хулијан Серано како Франко Алфаро
Франко е маргинално момче, без образование, без работа, без семејство, без сегашноста, без љубов. Улицата е неговата школа. Преживувањето е единствениот слоган кој го мобилизира, знае дека само силните можат да опстанат да дишат во дивиот свет во кој живее.
Насилен е, зависник од конфликти. Му се допаѓа се што нема. Среќен е само кога танцува и кога краде.
Франко е суров и директен, не се плаши да го каже она што го чувствува, иако тоа може да му предизвика проблеми или кавги.
0 коментари: