Showing posts with label Тијаго. Show all posts

Питер Ланзани (Тијаго) и Бенџамин Амадео (Тео) заедно во шоу на Телефе?

Се привршува листата на повикани познати личности за новото шоу на Телефе "Tu cara me suena", чии подготвки веќе започнаа за да биде се подготвена за премиерата која би требало да биде пред крајот на месецот.
Учесници во ова шоу ќе бидат познатите личности, кои биле популарни во последното тримесечје во телевизиските медиуми и кои ќе имитираат познати национални и интернационални пејачи и познати лица.
Повеќете од учесниците сеуште не потпишале договор, а за влез во шоуто се шпекулираат Качо Кастања, Мориа Касан, Питер Ланзани (Тијаго), Бенџамин Амадео (Тео), Џеј Мамон и други.
Извори велат дека на подготовките се истакнале Кармен Барбиери, Лаура Ескивиел и Бенџа Амадео.
Телефе го сака шоуто да започне за две или три недели, а ќе се емитува во прајм-тајмот на каналот, најверојатно секој понеделник, а како водител ќе се појави Марли.

Денес е роденден на Питер Ланзани (Тијаго) и Рочи Игарзабал (Вале)

Денес, 24 август роденден слават Питер Ланзани (Тијаго) и Росио Игарзабал (Вале).
Питер полни 23 години, а Рочи 24. Роденденот честитајте им го на нивните Твитер профили:
Твитерот на Рочи
Tвитерот на Питер

Питер Ланзани (Тијаго) во реклама за "Samsung"

Уште 7 дена до премиерата на "Aliados"

За што Бенџамин Амадео (Тео) му честиташе на Питер (Тијаго)?

Бенџамин Амадео (Тео), момчето на Лали Еспосито (Мар) честиташе на Питер Ланзани (Тијаго) за театарската претстава "Camila" во која учествува тој.
Честитки на Питер Ланзани, Натали Перез и сите што се дел од "Camila"! Беспрекорно!

Интервју со Питер Ланзани (Тијаго): Ветив на Крис дека ќе бидам покрај неа

Интервју со Питер Ланзани (Тијаго) во кое зборува за 3D филмот на групата и новата серија "Aliados"...

Како беше да се учествува во филмот?
-Многу убаво, среќен сум. Филмот е неверојатен и веќе ја имав среќата да го гледам порано. Бидејќи морав да одам во театар поради 'Camila', ми дозволија да го гледам минатата сабота. Одлично излезе, дечките ќе станат емотивни бидејќи ги има шесте години што ги имавме со групата. Ова е шлаг на тортата по шест години од приказната.

Каква беше средбата со екс-членовите од групата? 
-Одлично, особено бидејќи одамна ги немам видено Рочи (Вале) и Нико (Тачо). Со Лали (Мар) се видовме пред некој ден, а со Гастон (Рама) се допишуваме бидејќи живее во САД. Денес ни пиша да ни посака среќа и рече дека би бил среќен да беше тука. Се чувствувам добро да бидам со нив, да ги гушнам, да муабетиме.

Твојот лик во "Aliados" се вика Ноа. Што има тој заедничко со тебе? 
-Немаме многу заеднички нешта, Ноа е многу поразличен од мене. Голем женкар е и негрижлив. Се надевам дека нема да бидам како него (се смее).

Како е да се работи со Крис Морена?
-Крис е најдобра, ја сакам. Таа е многу важна личност во мојот живот и пред некое време зборувавме и и ветив дека кога ќе се врати на ТВ, јас ќе бидам покрај неа. Па, еве ме. Проектот е многу интересен, Крис е гениј во својата работа, така да ќе биде спектакуларно.

Песни на Питер Ланзани (Тијаго) за театарската претстава "Camila"

Скенови од Питер Ланзани (Тијаго) во списанието "Noticias"

Лали (Мар) раскажува: еден член на "Тин Енџелс" скршил заб на концерт

Лали Еспосито (Мар) во интервју со "Famosos" зборуваше за премиерата на "Tин Енџелс" во кино салите и за средбата помеѓу екс-членовите.
Помеѓу сите тие извици на обожавателите, признава таа, никогаш не можеш да се навикнеш на таа еуфорија. За успехот на групата изјави: "Или наскоро или никогаш повеќе нема да доживееме нешто како ова. Чувствувам дека не изгубив ништо. Се случи кога требаше да се случи, како што требаше да се случи, со луѓето со кои требаше да се случи и ми се допадна и сега можам да тргнам по друг пат, можеби помирен. Ми се допаѓа промената".

Членовите на "Тин Енџелс" изненадија со своите изгледи

Лали Еспосито (Мар) пристигна на премиерата на 3D филмот во проѕирна облека. Нико Риера (Тачо) личеше на рус мексиканец со брада и мустаќи. Рочи Игарзабал (Вале) покажа малку повеќе од своето тело, додека Питер Ланзани (Тијаго) имаше доста смирен изглед.
Без присуството на Гастон Далмау (Рама), кој живее и студира во Њујорк, четирите екс-членови на "Тин Енџелс" беа на премиерата на нивниот 3D филм.

Питер (Тијаго): "Аliados" ќе и се допадне на публиката

Питер Ланзани (Тијаго) е возбуден за премиерата на новата серија на Крис Морена, "Aliados", која започнува на Телефе од 10 јуни. "Серијата е ново искуство и среќен сум", вели тој и додаде: "Сите го чекаа враќањето на Крис".
"Ново искуство и многу сум возбуден. Проектот и идејата за 'Aliados' се неверојатни. Крис е над се. Се ќе излезе добро. Ќе и се допадне на публиката".

Дојде време да го запознаеме синот на Тијаго и Мар

Во утрешната епизода ќе гледаме сцени
од 2018 година, каде ќе го видиме Бруно
Бедожа Агуеро, синот на Тијаго и Мар.
Не пропуштајте ја утрешната епизода!

Утре ќе ја дознаеме вистината за крштевката на Бруно Бедожа Агуеро

Утрешната епизода се вика "Објаснувањето" и ќе 
дознаеме зошто во третата сезона видовме покана
за крштевка на Бруно Бедожа Агуеро, чии 
родители ги пишуваше Тијаго и Јасмин.
Не пропуштајте ја утрешната епизода!

Промо фотографии од ликовите од "Aliados"


Скенови од Питер Ланзани (Тијаго) во списанието "Pop Star"

Фотографии од епизодите од "Aliados"

Опис на ликовите од "Aliados"

"Aliados" во јуни започнува на Телефе и Фокс, а веќе можеме да ги запознаеме ликовите. Некои од нив се луѓе од планетата Земја, додека други се пратеници на светлината. Во продолжение, запознајте се со луѓето од Земјата...

Како изгледа Питер Ланзани (Тијаго) денес?


Симон е решен да се самоубие, Тијаго сака да го спаси

Симон е решен да се самоубие за да не се претвори
во Џеј, додека Вале го моли да не го прави тоа.
Тијаго тргнува да го спаси, но Мар не му
дозволува, бидејќи е опасно и има војници.
Не пропуштајте ја следната епизода!

Скенови од Питер Ланзани (Тијаго) во списанието "Gente"