Showing posts with label Мар. Show all posts

Лали Еспосито (Мар) со телевизиска понуда за 2014 година

Оваа недела Лали Еспосито се претстави како солист, откако минатата година се распадна "Тин Енџелс", групата во која беше уште од 2007-та година.
Овој проект сум јас. Најаутентичното од мене. Ќе биде денс музика, и со елементи на хип-хоп.
Паралелно со солистичката кариера, Лали продолжува со снимањата на серијата "Solamente vos" и кажува дека има уште една телевизиска понуда за следната година.
"Solamente vos" продолжува до крајот на годината и ќе видите многу повеќе од Даниела (нејзиниот лик). За следната година имам понуда од "El Trece".

Спотот за "A bailar" на Лали направи рекорд

Успехот дојде со почетокот на солистичката кариера на Лали Еспосито (Мар), која на 2-ри септември го промовираше спотот за нејзиниот прв сингл "A bailar".
Песната беше прикачена на "YouTube" и за само два дена имаше над 100,000 прегледи.
Не можам да верувам!, изјави Лали полна со емоција.

Погледнете го спотот на Лали за "A bailar"

Следната недела ќе излезе спотот за „A bailar“, првата песна на Лали (Мар)

Следниот понеделник, на 2 септември, Лали Еспосито (Мар) и официјално ќе ја започне својата кариера како солистка и како "Лали". 
Имено, следата недела ќе биде претставен видео спотот за нејзината прва песна "A bailar", а интересно е што самата таа се грижи за маркетингот и доделува влезници на Твитер.

ФОТО: Вака изгледаше Лали (Мар) на венчавката на братот на Бенхамин Амадео (Тео)


Погледнете дел од спотот за првата песна на Лали Еспосито (Мар)

Лали Еспосито (Мар) ќе "добие" ново момче

Бенхамин Рохас ќе престане со снимањата на серијата "Solamente vos", а неколку дена потоа, во серијата ќе се вклучи Герман Трипа Трипел. 
Така, Лали Еспосито (Мар), која го игра ликот на Даниела ќе има ново момче во серијата. Ликот на Герман ќе се вика Роло, стар пријател на Адријан Суар (Хуан Кусто).

Слушнете ја први новата песна на Лали (Мар)

  Синоќа, после полноќ излезе за купување првата песна на Лали, која чини 6 долари. А ние, за нашите читатели, ја прикачивме за бесплатно слушање, со текст. За да ја слушнете, кликнете овде.





Вечерва ќе ја слушнеме првата песна на Лали (Мар)

После речиси цел месец чекање, дојде времето за првата песна на Лали Еспосито (Мар) дел од нејзиниот прв солистички албум.
Песната се вика "A bailar" а од 19 часот по аргентинско време, односно по полноќ кај нас, ќе можеме да ја симнеме од официјалната страница.
Само неколку часови о првиот сингл на Лали!

Лали со својата прва песна

  Остануваат уште четири дена до објавувањето на првата песна на Лали Еспосито како солист. Таа на својот последен твиткам одржан во месец јули, изјави дека ќе започне кариера како солист, а во моментот работи на видеоклипот за својата прва песна „A bailar“, а кариерата како хип-хоп пејачка ќе ја гради со псевдонимот Лали. 

.




Лали Еспосито (Мар) започнува солистичка кариера

"Се започна во октомври минатата година", започна Лали Еспосито (Мар), кое своето презиме го остава, за да се претвори во хип хоп и денс пејачка само со своето име. 
"Кога се збогувавме со 'Тин Енџелс' запознав три музичари со кои денес компонирам, а првото демо ќе излезе за еден месец и ќе се вика 'A bailar'". 
Постои и веб сајт на кој има дигитален часовник кој ги одбројува деновите до нејзината прва солистичка песна.

Интервју со Лали (Мар): Пишувам песни за мене

Интервју со Лали Епосито (Мар) во кое зборува за 3D филм на групата, за Крис Морена и за нејзината иднина како солист.
Што значи овој филм за тебе? 
-Чудно е она што ми се случува, бидејќи, секој од нас веќе го затвори овој циклус. Затоа, кога ми се јавија и кога ми кажаа дека ќе прават филм, се изненадив. Никогаш не замислував дека ќе има филм за групата. Потоа ми кажаа дека филмот е за оние што не можеле да не видат во живо. Тоа е идејата на филмот, но сеуште не сум го погледнала и не знам како излезе. 
Навистина сеуште не го погледна? 
-Не, воопшто! Со дечките сме лицето на филмот, но не изненади многу излегувањето на филмот, како и сите.
Со филмот дефинитивно се збогувате? 
-Незнам. За мене, збогувањето беше со последниот концерт во Кордоба, но потоа излезе ова. Не престанувам да се изненадувам.

Лали (Мар) раскажува: еден член на "Тин Енџелс" скршил заб на концерт

Лали Еспосито (Мар) во интервју со "Famosos" зборуваше за премиерата на "Tин Енџелс" во кино салите и за средбата помеѓу екс-членовите.
Помеѓу сите тие извици на обожавателите, признава таа, никогаш не можеш да се навикнеш на таа еуфорија. За успехот на групата изјави: "Или наскоро или никогаш повеќе нема да доживееме нешто како ова. Чувствувам дека не изгубив ништо. Се случи кога требаше да се случи, како што требаше да се случи, со луѓето со кои требаше да се случи и ми се допадна и сега можам да тргнам по друг пат, можеби помирен. Ми се допаѓа промената".

Членовите на "Тин Енџелс" изненадија со своите изгледи

Лали Еспосито (Мар) пристигна на премиерата на 3D филмот во проѕирна облека. Нико Риера (Тачо) личеше на рус мексиканец со брада и мустаќи. Рочи Игарзабал (Вале) покажа малку повеќе од своето тело, додека Питер Ланзани (Тијаго) имаше доста смирен изглед.
Без присуството на Гастон Далмау (Рама), кој живее и студира во Њујорк, четирите екс-членови на "Тин Енџелс" беа на премиерата на нивниот 3D филм.

Бенџа (Тео) и Лали (Мар): "Сакаме да живееме заедно"


Дојде време да го запознаеме синот на Тијаго и Мар

Во утрешната епизода ќе гледаме сцени
од 2018 година, каде ќе го видиме Бруно
Бедожа Агуеро, синот на Тијаго и Мар.
Не пропуштајте ја утрешната епизода!

Утре ќе ја дознаеме вистината за крштевката на Бруно Бедожа Агуеро

Утрешната епизода се вика "Објаснувањето" и ќе 
дознаеме зошто во третата сезона видовме покана
за крштевка на Бруно Бедожа Агуеро, чии 
родители ги пишуваше Тијаго и Јасмин.
Не пропуштајте ја утрешната епизода!

Последните објави на Гастон (Рама) и Лали (Мар) на "Твитер" за збогувањето на групата

ФОТО: Екс-актери од "Ангели" беа на шоуто на групата на "Младите бунтовници"

И Мар сака да се разбуди

Мар е бесна, бидејќи повеќето се разбудија, а
таа не, иако се обидувала со се и сешто.
Ќе се разбуди ли?