Showing posts with label Вале. Show all posts

Николас Риера (Тачо) и Рочи Игарзабал (Вале) заедно во нова серија

Неразделиви, заљубени колеги. Вака изгледаат Николас Риера (Тачо) и Росио Игарзабал (Вале) во театар, на доделувањето на наградите "Martin Fierro" или пак на излегување со пријатели. 

Актерите кои љубовта од серијата "Dulce amor" ја префрлија во приватниот живот повторно ќе работат заедно. Според информациите кои се шират, двајцата ќе бидат дел од "Taxi, historia de un amor imposible". Се работи за урбана љубовна приказна, во светот на таксистите со интрига и мистерии.
Серијата ќе се емитува во попладневниот термин на Телефе, а партнер на Рочи во серијата ќе биде Габриел Корадо.

Нико и Рочи, кои се заедно и во приватниот живот, беа дел од "Ангели", а во 2012-та година беа пар во хитот "Dulce amor".

Денес е роденден на Питер Ланзани (Тијаго) и Рочи Игарзабал (Вале)

Денес, 24 август роденден слават Питер Ланзани (Тијаго) и Росио Игарзабал (Вале).
Питер полни 23 години, а Рочи 24. Роденденот честитајте им го на нивните Твитер профили:
Твитерот на Рочи
Tвитерот на Питер

Екс-актери од "Ангели" го исполнија сонот на своја обожавателка

Во средата, Николас Риера (Тачо), Росио Игарзабал (Вале) и Белен Чаване (Нина) го исполнија сонот на едно девојче по име Хуани. 
Аргентинското седиште на организацијата "Make a wish" помогна во остварување  на сонот на големата обожавателка на "Ангели", која сакала да ги запознае актерите.

Николас Риера (Тачо) и Рочи Игарзабал (Вале) гостуваа во "La Pelu"

Членовите на "Тин Енџелс" изненадија со своите изгледи

Лали Еспосито (Мар) пристигна на премиерата на 3D филмот во проѕирна облека. Нико Риера (Тачо) личеше на рус мексиканец со брада и мустаќи. Рочи Игарзабал (Вале) покажа малку повеќе од своето тело, додека Питер Ланзани (Тијаго) имаше доста смирен изглед.
Без присуството на Гастон Далмау (Рама), кој живее и студира во Њујорк, четирите екс-членови на "Тин Енџелс" беа на премиерата на нивниот 3D филм.

Заврши "Dulce amor", серијата што ги освои гледачите во Аргентина

Во понеделникот, во живо во театарот Гран Рекс се оддржа мала забава по повод големото финале на серијата "Dulce amor".

Со над 300 епизоди, илјадници гледачи серијата заврши со спектакуларен настан во театарот Гран Рекс, каде што обожаватели на серијата го гледаа крајот на приказната. На црвениот тепих присуствуваа и Росио Игарзабал (Вале) и Николас Риера (Тачо), кои во серијата ги глумат ликовите на Бренда и Лукас.

Нико Риера (Тачо) и Рочи Игарзабал (Вале) повторно заедно во нова серија?

Не се разделуваат ниту една минута. Не се заедно, или барем така кажуваат и се големи пријатели. И како уметнички пар Николас Риера (Тачо) и Росио Игарзабал (Вале) ќе продолжатзаедно. Телефе подготвува проект кој ќе ги спои, но сеуште е во процес на подготовка.

Рочи (Вале) и Канде (Тефи) со маички за 3D филмот на "Тин Енџелс"


Ви се допаѓа ли новиот изглед на Рочи Игарзабал (Вале)?


Нико (Тачо) и Рочи (Вале) заедно на одмор во Уругвај

Рочи Игарзабал (Вале) во фотосесија за марката за чевли "Nazaria"


Бекстејџ фотографии од Рочи Игарзабал (Вале) за "Nazaria"

"Dulce amor" има датум за крај

Една од најдолгите серии во последно време во Аргентина, а истовремено и една од најгледаните наскоро завршува.

"Dulce amor", хитот на Кике Естеванез својот крај го закажа за 29 април, а последната епизода ќе се емитува во театарот Гран Рекс, што беше случај и со "La dueña" и "Graduados".

Во серијата од екс-актерите од "Ангели" глумат Николас Риера (Тачо) и Росио Игарзабал (Вале) со ликовите на Лукас и Бренда.

ФОТО: Фановите подготвија изненадување за Нико (Тачо) и Рочи (Вале)


Како изгледа Росио Игарзабал (Вале) денес?


ФОТО: Нико (Тачо) и Рочи (Вале) заедно шетаат низ улиците на Сан Телмо

Рочи (Вале) го освои второто место на најомиленa актерка од "Dulce amor"

Ciudad.com спроведе анкета во која посетителите ја избираат најомилената актерка од хит-серијата "Dulce amor".

Како што се очекуваше, првото место го зазеде Карина Зампини, главната актерка во серијата со околу 4.000 гласови, додека второто место припадна на Росио Игарзабал (Вале) со 2.000 гласови.

"Рочи Игарзбал, актерката што дебитираше на ТВ во 2008 со 'Ангели' и која ја освои публиката кога ја замени Еугенија Суарез во 'Tин Енџелс' со 17% го зазеде второто место", пишува на Ciudad.com

Кликнете на "Прочитај повеќе" за целосните резултати...

Зошто Росио Игарзабал (Вале) нема да биде дел од "Aliados"?

Росио Игарзабал (Вале) одлучи да не биде дел во новата серија на Крис Морена.
Причината е нејзината комплицирана агенда. Од една страна, нејзиниот лик на Бренда во "Dulce Amor". Исто така, се плаши како актерка да не "изгоре", поради напуштање еден лик, и започнување нов во толку краток период.
Оваа година сака да се посвети и на музиката, како и да одмори.

Рочи Игарзабал (Вале) нема да биде дел од "Aliados"

И покрај сите озборувања дека Росио Игарзабал (Вале) веќе е дел од новата серија на Крис Морена, наречена "Aliados" вистината е дека Рочи нема да биде дел од истата.
Рочи рекла "не" на понудата на Крис Морена, за да продолжи со серијата "Dulce Amor", која најверојатно ќе трае до февруари.

Интервју со Николас Риера (Тачо) и Росио Игарзабал (Вале) на македонски јазик

Романтичните сцени во "Dulce Amor" изгледаат многу реални, како да не глумите во секоја од нив...
Николас Риера (Тачо): Имаме неверојатна доверба. Бакнежот за нас не е никаква пречка. Има сцени во кои можеби нема бакнежи и додаваме, бидејќи сметаме дека е подобро. Се познаваме и имаме доверба за тоа. Ако изгледа вистински, или дека има нешто повеќе, тоа е подобро.
Росио Игарзабал (Рочи): Нежност, прегратка, се' правиме со довербата која што ја имаме.