Николас Риера (Тачо) и Рочи Игарзабал (Вале) заедно во нова серија

Неразделиви, заљубени колеги. Вака изгледаат Николас Риера (Тачо) и Росио Игарзабал (Вале) во театар, на доделувањето на наградите "Martin Fierro" или пак на излегување со пријатели. 

Актерите кои љубовта од серијата "Dulce amor" ја префрлија во приватниот живот повторно ќе работат заедно. Според информациите кои се шират, двајцата ќе бидат дел од "Taxi, historia de un amor imposible". Се работи за урбана љубовна приказна, во светот на таксистите со интрига и мистерии.
Серијата ќе се емитува во попладневниот термин на Телефе, а партнер на Рочи во серијата ќе биде Габриел Корадо.

Нико и Рочи, кои се заедно и во приватниот живот, беа дел од "Ангели", а во 2012-та година беа пар во хитот "Dulce amor".

0 коментари: