Вико (Лука): "Крајот нема да биде изненадувачки, туку емотивен"
Интервју со Викторио д'Алесандро (Лука) за крајот на Ангели...
Мислиш дека крајот ќе ги задоволи гледачите што ја следеа серијата низ четирите сезони?
-Крајот ќе биде многу емотивен, и мислам дека има врска со она што беше прикажано годинава, и што беше неочекувано. На пример, дека еден лик харизматичен како Симон ќе заврши како негативец, и други изненадувања кои излегоа. И крајот ќе го одбележи враќањето на многу ликови кои публиката ги виде низ серијата и ќе биде многу емотивно, незнам дали ќе биде изненадувачки, но сепак, емотивно.
На што се должи постојаноста на серијата?
-Мислам дека опстана низ годините бидејќи имаме актери со многу талент, и тука се и луѓето; луѓето успеаа да се идентификуваат со ликовите, со приказните и со она што се случуваше на секого. Серијата успеа да испрати пораки и за екологијата, пријателството и љубовта, и затоа опстана низ годините, со истите актери.
Кој аспект на серијата (сценарио, естетика, глума) сметаш дека беше од клучно значење за успехот?
-Мислам дека е организацијата на продуцијата, сценариото и глумата.
Што значеше за тебе да го глумиш Лука Франчини?
-Лука беше лик со кој пораснав како актер и ме направи познат помеѓу луѓето и научив многу. Беше добар лик, бидејќи почна како негативец, па потоа се менуваше.
0 коментари: