Кои се главните ликови во "Aliados"?

Веќе пишувавме дека Росио Игарзабал (Вале) нема да биде дел од серијата, поради снимањето на "Dulce amor", како и нејзината желба за музичко остварување оваа година. Па, бидејќи таа неможе да ја игра една од главните улоги, на нејзино место можно е да биде Ориана Сабатини. Сепак, Крис Морена размислува и за Оливија Виџиано (Супер Торпе) и Валентина Зенере (Алаи). Оливија исто така има планови за оваа година, како што е нејзиниот прв албум.

Има многу девојки и од кастингот, меѓу кои најголема шанса има Мелоди Кваик, за која се зборува дека веќе е дел од серијата.
Од момците, веќе знаеме дека има неколку екс-актери од "Ангели" потврдени за серијата. Тоа се Питер Ланзани (Тијаго), Агустин Сиера (Начо), Пабло Мартинез (Симон) и Стефано де Грегорио (Леон). Пишувавме дека Стефано има клучна улога во приказната, но не е дел од седумте главни ликови, а бидејќи од тие седум, четири се момци, тоа би биле Питер, Агустин и Пабло, а четвртиот најверојатно Макси Еспиндола.
Од страна на Крис Морена избран е и Сантијаго Маратеа. За улогите на возрасните ликови се планираат Хулија Калво (Хустина) и Мерцедес Фунес (министерката).




0 коментари: