Еуге (Јасмин): "Ова се причините поради кои го избран Нико за татко на моето дете"

Додека блеска во серијата "Solamente Vos", Еугенија Суарез (Јасмин) среќно ја доживува својата бременост и кажува зошто го избрала Николас Кабре за татко на нејзиното дете.
"Мојот сон отсекогаш беше да бидам мајка на отприлика 20 години за да можам многу да уживам и да споделуваме повеќе нешта заедно. Ова што ми се случува е еден благослов. Многу парови имаат проблеми со имањето дете или пак пробуваат на секакви начини за да успеат. Затоа, бременоста за мене е нешто најубаво што може да ми го даде животот", вели Еуге.
"Нико го гледам многу среќен. Внимателен е со се што се случува. На ист начин го доживуваме ова, како магичен момент за двајцата. Бременоста е нешто што одлучивме да го бараме, бидејќи бевме убедени дека тоа е огромна среќа што животот ни ја дава, и можноста да станеме родители", додава.
Еуге зборуваше и што и се допаѓа кај Нико: "Ми се допаѓа неговиот карактер, како работи... Многу му се восхитувам. За ништо не би го сменила. Тоа се причините поради кои одлучив дека тој ќе биде таткото на моето прво дете".

0 коментари: