Водителка ја праша Лали дали е љубоморна на Питер


Кога ќе направиме некоја грешка, најважно е со смеа да го надминеме незгодниот момент. Така направија Лали Еспосито и Вероника Лозано, познати по својот смисол за хумор.

Лали гостуваше во емисијата “AM”, каде ја пречекаа водителите Лео Монтеро и Веро Лозано. Интервјуто течеше одлично, сè до моментот кога водителката ја праша Лали за нејзиното момче, но го помеша со Питер Ланзани, нејзиното поранешно момче.

“Љубоморна си на него? На пример, ако треба да бакне некоја во Aliados?”, ја праша Веро. Но Бенџамин Амадео, момчето на Лали не глуми во серијата на Крис Морена, туку Питер. Лали на тоа праша: “Во Aliados?”,  а водителката изјави дека ги помешала. Лали, пак, рече дека ги помешала бидејќи излегувала со Питер порано.


0 коментари: