Питер ја сака повеќе Мартина, отколку што ја сакаше Лали
Питер Ланзани гостуваше во онлајн емисијата "Fans World" каде беше интервјуиран. Тој зборуваше за своите лични сништа и професионалните планови. Но она што најмногу ги заинтересира обожавателите е кога тој ја призна својата љубов кон Мартина Стоесел.
Мислам дека никогаш не сум бил заљубен како сега. Многу се восхитувам на личноста со која сум. Талентирана е, ангел е. Ја чувам. Никогаш не сум бил толку заљубен и толку среќен. изјави Питер за неговата девојка Мартина.
Оваа изјава предизвика бурни реакции кај обожавателите на Лалитер (Питер и Лали), кои и покрај тоа што нивните идоли си имаат свои партнери, тие и понатаму ги обожаваат.
А какви планови имаше Питер за Валентајн? Тој рече дека ќе одат на вечера и дека е романтичен, но не премногу.
0 коментари: