Зошто Питер Ланзани го промени својот изглед?
Пред некој месец Питер Ланзани ги изненади сите со својот изглед на доделувањето на наградите Kids Choice Awards Argentina. Која е причината за промената на изгледот?
Најверојатно повеќето знаете. Питер го промени својот изглед поради неговата прва филмска улога и тоа во филмот "El Clan". Содржината е според вистинска приказна за кланот Пучио, а Питер ќе го глуми Алехандро Пучио.
Алехандро Пучио беше член во една од најопасните банди за киднапирање, а почина во 2008 година. "Не сум убиец, јас сум невин, никогаш не сум повредил никого" - е фразата која ја има повторено повеќе пати.
Во филмот глуми и познатиот актер Гиљермо Франчеља, татко на Николас Франчеља, кој глумеше во "Aliados".
0 коментари: