Showing posts with label Аугусто Шустер. Show all posts

Девојката на Аугусто Шустер гола на насловна ја најави нивната венчавка


Актерката Барби Велез има само 20 години и веќе ја планира својата венчавка со чилеанскиот актер Аугусто Шустер, кој го глумеше ликот на Исла Негри во Ангели. 

Младата актерка во сензуална фотосесија за списанието Gente, објави дека ќе се венча со актерот кој го запозна пред година ипол на снимањата на серијата Somos Familia.

"Ќе се венчам. Сакам да бидам среќна. Чувствувам дека Фабиан (нејзиниот очув) ми ја прати оваа љубов од небото", изјави таа и призна дека планира во скоро време да создаде свое семејство: "Сакам бебе да имам наскоро".

Тие се веќе месец и половина верени, односно се верија на 18 јуни, кога таа наполни 20 години. "Се веривме бидејќи сме вљубени", вели таа.


Аугусто Шустер ќе го имитира Питер Ланзани


На шестата гала од втората сезона на "Tu cara me suena", Аугусто Шустер, за нас познат како Исла Негри го имитираше кралот на попот, Мајкл Џексон и победи.

Мајкл Џексон му ја донесе првата победа во шоуто, а во следната емисија ќе има за задача да го имитира Питер Ланзани.


Дел од втората сезона е и Ангела Торес, која глумеше во "Solamente vos". Таа во шестата гала ја имитираше Мадона, а следната недела ќе ја имитира Аврил Лавињ.



Стефано (Леон) и Аугусто (Исла Негри) заедно во нова серија

Се зборуваше дека ќе биде дел од "Aliados", но вистината е дека Стефано де Грегорио (Леон) ќе биде во новата серија на Телефе, "Somos familia".
Се работи за семејна комедија, а главните ликови ги имаат Густаво Бермудез и Ана Марија Ороско.
Исто така, дел од серијата е и Аугусто Шустер (Исла Негри).

Стефано де Грегорио (Леон) ќе глуми во нова серија

Откако во 2010-та заврши со снимањата на "Ангели", Стефано де Грегорио (Леон) не снимаше ниту една серија, но сега се враќа на каналот Телефе.
Се зборуваше дека ќе биде дел од "Aliados", но сепак ќе биде дел од серијата "Somos familia" во која глуми Оливија Виџиани, девојката која беше против рушењето на ѕидот во "Ангели", како и Аугусто Шустер (Исла Негри).
Веста е потврдена од самиот Стефано на неговиот "Твитер" профил.

Интервју со момчето во кое се заљубија македоските тинејџерки


Како ги помина деновите снимајќи "Ангели"?
-Многу убаво беше, одлично искуство што многу ми послужи и знам дека и понатаму ќе ми служи.
Но на почетокот беше тешко да се навикнеш на нова екипа и работа?
-На почетокот беше тешко, бидејќи доаѓаш во група која веќе е оформена и која работи веќе подолго време заедно, работат во еден ритам, многу бргу и ти треба да се приклучиш на тој ритам, но сепак добро се однесуваа со мене.