Showing posts with label Оливија Виџиано. Show all posts

Стефано де Грегорио (Леон) ќе глуми во нова серија

Откако во 2010-та заврши со снимањата на "Ангели", Стефано де Грегорио (Леон) не снимаше ниту една серија, но сега се враќа на каналот Телефе.
Се зборуваше дека ќе биде дел од "Aliados", но сепак ќе биде дел од серијата "Somos familia" во која глуми Оливија Виџиани, девојката која беше против рушењето на ѕидот во "Ангели", како и Аугусто Шустер (Исла Негри).
Веста е потврдена од самиот Стефано на неговиот "Твитер" профил.

ПОТВРДЕНО: Оливија Виџиано дел од "Aliados"

Андреа Инес Гонзалес, учесничка на работилниците на Крис Морена, потврди дека Оливија Виџиано веќе потпишала договор за да биде дел од "Aliados", новата серија на Крис.
Најпрвин, се сметаше дека е една од негативците од серијата, но потврдено е дека ќе биде дел од седумте главни ликови. Исто така, има можност да биде девојката на ликот на Пабло Мартинез (Симон), со кого заедно глумеа во "Super Torpe".