Девојката на Аугусто Шустер гола на насловна ја најави нивната венчавка
Актерката Барби Велез има само 20 години и веќе ја планира својата венчавка со чилеанскиот актер Аугусто Шустер, кој го глумеше ликот на Исла Негри во Ангели.
Младата актерка во сензуална фотосесија за списанието Gente, објави дека ќе се венча со актерот кој го запозна пред година ипол на снимањата на серијата Somos Familia.
"Ќе се венчам. Сакам да бидам среќна. Чувствувам дека Фабиан (нејзиниот очув) ми ја прати оваа љубов од небото", изјави таа и призна дека планира во скоро време да создаде свое семејство: "Сакам бебе да имам наскоро".
Тие се веќе месец и половина верени, односно се верија на 18 јуни, кога таа наполни 20 години. "Се веривме бидејќи сме вљубени", вели таа.

0 коментари: