Лали Еспосито одговараше на прашања од обожавателите


Во понеделникот, Лали Еспосито во живо на страницата на каналот El Trece одговараше на прашања поставувани од обожавателите преку Интернет. Еве неколку нејзини изјави.

Да бидеш на сцената е нешто најубаво на светот.
Фреди Меркјури направи да сакам да бидам пејачка.
Следната година ќе се посветам на глумата.
Бенхамин е најдобар, публиката се уште го открива целосно како уметник.
Оваа година се посветив на музиката, на албумот и на концертите. За следната година имам понуда за глума од каналот El Trece со Гонзало Ередија.

0 коментари: