Еуге Суарез го бранеше своето поранешно момче


Еугенија Суарез побарала неколку слободни денови од снимањата на серијата "Camino al amor" за да отпатува во Шпанија, татковината на нејзиното момче, Давид Бисбал.

Медиумите почнаа да шират вести дека Николас Кабре, поранешното момче на Еуге и татко на нивната ќерка, не дозволувал Руфина да ја напушти Аргентина. Сепак, Еуге застана во негова одбрана. Таа на Твитер напиша:
Ве молам престанете да измислувате! Со Николас сме во многу добар однос. Тој е одличен татко. Благодарам.

Медиумите исто така пишуваат дека таа ќе помине 8 дена во Шпанија, каде ќе ја запознае 4-годишната ќерка на Давид, а ќе се врати на 17 август.

0 коментари: