Утре започнува "Од двете страни на ѕидот"
Од утре (понеделник), на нашата фејсбук страница ќе започне приказната "Од двете страни на ѕидот" со ликови од Ангели.
Информации за приказната:
- Имињата на ликовите во приказната се како во новелата на Вале.
Пример: Маријанела Маријана, Тијаго Педро, Јасмин Еугенија... - Дејството се одвива во Средниот век.
- Ѕидот одделува две посебни групи, односно две посебни кралства.
- На чело на кралството надвор од Ѕидот е Бартоломео Алехо, а на кралството опколено со ѕидот е Луз Мерцедес.
- Приказната ќе ја објавуваме од понеделник до петок.
- За време на викендите ќе поставуваме прашања во врска со приказната, а најсреќните ќе добијат мандалаи.
Ликови:
- Надвор од Ѕидот:
Бартоломео Алехо, на чело на кралството надвор од Ѕидот.
Хустина Хулија, десна рака на Кралот
Симон Пабло, постариот син на Бартоломео, наследник на кралството
Тијаго Педро, помладиот син на Бартоломео
Тачо Николас и Начо Агустин, сиромашни браќа, деца на пекар
Мелоди Марија, ќерка на слугинка на Кралот, девојка на Тачо Николас
Тео Бенхамин и Есперанза Химена, сопруг и сопруга, сопственици на кафеана - Позади Ѕидот:
Луз Мерцедес, на чело на кралството позади Ѕидот.
Маријанела Маријана, единствена ќерка на Кралицата и нејзина наследничка
Јасмин Еугенија, ќерка на починатата сестра на Луз Мерцедес
Лука Викторио, син на витез, верен со Јасмин Еугенија
Леон Стефано и Естефанија Кандела, брат и сестра, деца на Кралот што владеел пред Луз Мерцедес
Кристобал Томи, командант на војската
Содржина:
Легендите велат дека Ѕидот бил изграден за да луѓето се заштитат од Дивјаците, кои лутале наоколу барајќи жртви. Сепак, денешното кралство на Бартоломео Алехо во тој период било сиромашно и не можеле да си дозволат градба на Ѕид. Затоа, соседното кралство издигнало ѕид помеѓу нив...
Денес, Дивјаците ги нема, а жителите се надеваат дека живеат во Нова Ера...

0 коментари: