Лали: Ми бараат да одам во држави, за кои не ни знам каде се наоѓаат
Лали Еспосито беше во емисијата на Сузана Гименез, каде најпрвин ја пееше "A bailar" пред нејзините обожаватели, а потоа во муабет со Сузана, зборуваше за нејзиниот успех.
Најпрвин зборуваше за нејзината прва телевизиска улога:
Глумев момче бидејќи како малечка не бев толку женствена, вели таа во смеа.
Глумев момче бидејќи како малечка не бев толку женствена, вели таа во смеа.
За првиот кастинг:
Избегав со сестра ми, која имаше 15 години, бидеќи мајка ми не сакаше да ме одведе. Видовме редица од момчиња и девојчиња и ги следевме. Влегов и ме прашаа од каде доаѓам, а јас реков: "Од дома", а потоа ме прашаа: "Не, од која агенција?". По грешка отидов на кастинг на Крис Морена и после недела дена ме побараа.
И за крај, зборуваше за големиот успех кој го доживеа со својата солистичка кариера: Оваа година завршуваме во Шпанија, во театарот Гоја во Мадрид, а исто така ќе одиме и во Рим. Бараат да одам во држави, за кои не ни знам каде се наоѓаат.
0 коментари: