Еуге Суарез си заминува од Camino al amor и ќе се пресели во Шпанија?


Озборувањата за заминувањето во Шпанија не се нови, но нови информации само ги потврдуваат гласините. Еугенија Суарез моментално е во врска со шпанскиот пејач Давид Бисбал, а изминативе 40 дена, таа три пати ја напуштила Аргентина.

Вистината е дека таа ќе ја напушти серијата "Camino al amor", во која има една од главните улоги. Причината за напуштањето е договорот, кој трае шест месеци. Нејзиниот лик е во љубовна врска со ликот на Маријано Мартинез, кој исто така има 6-месечен договор. Пред да ја напуштата серијата, нивните ликови ќе се венчаат.

Сепак, ако одлучи да се пресели во Шпанија, најверојатно би заминала со нејзината ќерка Руфина, бидејќи Николас Кабре, таткото, потпишал дозвола да си замине со неа.

Слична ситуација беше со Химена Барон (Хоуп), која се пресели во Италија, од каде што потекнува нејзиното момче, фудбалерот Дани Освалдо.

0 коментари: