Најблиските на Ромина Јан пишуваа за неа на Твитер
5 септември не е обичен датум во семејството Жанкелевич. Тоа е денот кога е родена Ромина Јан, која оваа година би наполнила 40 години.
За неколку недели ќе се наполнат 4 години од нејзиното прерано заминување, а нејзиното семејство го оддржува сеќавањето кон неа. Најблиските пишуваа за неа и на Твитер. Прочитајте неколку твитови...
Крис Морена, нејзината мајка:
"Живее РО, секогаш среќна... ќерка... Да се сретнеме повторно!"
Томас Жанкелевич, нејзиниот брат:
"Среќен роденден, сестричке. Имај ден исполнет со насмевки. Те прегрнувам со душата, те сакам."
На неговата порака одговори Густаво Жанкелевич, нивниот татко
"Денес ќе споделиме еден семеен ден, сеќавајќи се со многу ЉУБОВ на РОМИНА, која ја САКАМ секој ден ПОВЕЌЕ."Во нејзина чест е именувано и најголемото студио на Ideas del Sur, во кое се снима емисијата на Марсело Тинели, кој напиша:
"Среќен роденден, Роми. Прекрасна жена. Бескрајна љубов за тебе. Густаво, Крис, Томас. Ве обожавам."

0 коментари: