Кои актери од "Ангели" и "Супер Торпе" ќе бидат дел од "Aliados"?

Низ социјалните мрежи се шират информации за главните јунаци во новата серија на Крис Морена, а повеќето од нив беа дел и од "Ангели".
За потврдени во серијата "Aliados" се сметаат Питер Ланзани (Тијаго) и Пабло Мартинез (Симон) од "Ангели", како и Оливија Виџиано од серијата "Супер Торпе". Бидејќи според содржината на серијата, шест личности се јавуваат во главните ликови, останатите тројца, според трачевите се Стефано де Грегорио (Љека/Леон), Рочи Игарзабал (Вале) и Агустин Сиера (Начо). Сепак, ништо не е потврдено, и малата е веројатноста овие шест личности да се главните јунаци, бидејќи Крис Морена сака да даде шанса на помладите, неоткриени актери, кои се пријавиле на кастингот.

0 коментари: