Yahoo Аргентина: Крис Морена започна со снимањето на нејзината очекувана серија
Yahoo Argentina известува дека Крис Морена започнала со снимањата на серијата "Aliados". Во продолжение е текстот што го објавиле.
Буенос Аирес, 27 февруари. Оддалечена од телевизијата од смртта на нејзината ќерка, Крис Морена зема време за да биде со своето семејство и сега се враќа со "Aliados", тинејџерска серија.
Успешната продуцентка, виновна за успехот на "Rebelde Way" и "Casi Angeles" ќе се врати да создава серии од жанрот романтика со авантура и фантастика.
Иако не се знаат многу детали за содржината, се знае дека Питер Ланзани (Тијаго) и Пабло Мартинез (Симон) ќе ги завземат главните улоги.
Заедно со нив ќе бидат Мелоди Кваик, Оливија Виџиано, Ориана Сабаини и голем тим на актери што произлегоа од кастинзи.
"Се враќам на каналот со желба, со оригинален проект, за тинејџрери, што за мене е најважното. Ќе започнат и емитувањата на промо спотови на телевизија", рече Крис за списанието "Paparazzi".
0 коментари: