Интервју со Еуге Суарез (Јасмин) на македонски јазик
Си замислуваше ли дека Николас Кабре ќе биде таткото на твоето прво дете?
-Не, кога започнавме со врската се обидував да одиме полека, не дека велев: "Веднаш сакам дете, сакам да се венчаме". Ми се допаѓа неговиот карактер, го сакам и му се восхитувам. Не го менувам за ништо на светот и ништо не би променила кај него.
Како го извести Адријан Суар за бременоста неколку недели пред да почнат снимањата на "Solamente vos"?
-Бев доста смирена, бидејќи ликот што го глумам е најстарата ќерка, бунтовничката, и ако треба да ја променат приказната, нема да има проблем.
Mногу променија во приказната за да се совпадне?
-Сеуште не променија ништо, сеуште снимам со лесна облека и ништо не се случува. Но да, во некој момент ќе треба да ја променат приказната. Но не беше некој притисок за да му кажам, реков: "Адри, имаш една секунда?" и му кажав. Не ми изгледа правилно да потпишам договор и потоа да му кажам.
Повторно си со Лали Еспосито (Мар) во серијата, како беше?
-Многу добро се сложуваме работејќи. Имавме разлики, но веќе сме повозрасни, а тоа беа детски нешта. Ја сакам многу и ја познавам уште кога бевме 10 години.
Како е да се започне серија во твојата состојба, со бременоста?
-Многу добро се чувствувам. Засега сум смирена, освен што ми се спие повеќе. Но многу сум среќна. Немам некои непријатности, се чувствувам добро за среќа.
Како се гледаш како мајка?
-Секогаш се гледав како мајка, за мене тоа е нешто многу природно, бидејќи е нешто што го сакав уште како многу малечка.
Што би сакале да имате?
-Повеќе сакаме девојче, но сеуште не се знае.
Имате смислено имиња?
-Имаме многу, но ништо не е решено. Многу имиња ни се допаѓаат и исто така има уште многу месеци да одлучиме.

![]() |
РЕГИСТРИРАЈ СЕ |
0 коментари: